Народна поезија

Во македонските митолошки песни често се среќаваат самовили, змејови, ламји, русалки и други суштества. Тие често имаат човечки облик.

Песна за немирниот дух на една самовила:

Самовила оро вила

Самовила оро вила,
оро вила на планина.
Свекрва е викум викат:
– Самовило, снао мила
пушчи оро дојди дома,
от` ти плачит м`шко дете!
– А, свекрво, мајко мила!
Ќе ти пушча овца с млеко,
да нацицат м`шко дете:
ќе ти пушча тивка роса,
да иск`пит м`шко дете;
ќе ти пушча тивки ветер,
да заљељат м`шко дете.

VOX POPULI-ГЛАСОТ НА НАРОДОТ

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.