Најглупави на светот

Виц-блиц

Буле му вели на еден полицаец:

-Чичко, чичко, јас можам да докажам дека вие, полицајците, сте најглупавите луѓе на светот.

-Ма бегај, детиште низаедно, немој да те казнам за навреда!

-Ама, навистина тоа можам да го докажам.

-Ај докажи!

-Колку кифли си изел утрово на празен стомак?

-Кај ти текна тоа?…Не знам…Не паметам…Веројатно три-четири.

-Ете, гледаш дека си глупав? Си изел само една на празен стомак, а останатите дошле на таа прва кифла.

-Види вистина, мајката!- се замислува полицаецот и оди кај шефот да му се пожали.

-Шефе, ние полицајците сме навистина најглупави луѓе на светот.

-Внимавај што зборуваш, јас знам за себе, ама за тебе…

-Но шефе, можам да докажам.

-Ај докажи!

-Шефе, колку кифли си изел утрово на празен стомак?

-Па…ова…Пет-шест…Не знам…

-Тууу, да речеше три-четири сега ќе те заебев.

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.