На нудистичка плажа

Виц-блиц

Буле со родителите првпат е на нудистичка плажа. По 30 минути играње в песок доаѓа кај татко му и го прашува:

-Тато, зошто некои чичковци ја имаат онаа работа поголема, а некои помала?

-Па, синко мајчин и таткин, оние што ја имаат таа работа над просекот се поглупави, а оние што ја имаат помала се попаметни.

Буле оди пак да си игра во песокта. По 30 минути еве го пак кај татко му и му вели:

-Тато, тато, некој чичко разговара со мама и е сѐ поглупав и поглупав!

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.