33. Снагата
Уште не давам никому
сеедно жив или мртов
да ми ја премали снагата
дури сум среде пустелија
на врелина.
Само да одморам мисла
за што допрва ќе биде
во ново патешествие
по мое ново раѓање,
па ќе продолжам
кон друга плодна земја
на која ќе ѝ ја подарам
сета своја љубов.
Мислата ми е дека
веќе нема никој
ни крај мене ни по мене,
а пред мене којзнае
од кога,
што е одамна ист
како сега,
како во минато време
со таена,
со сè уште неодгатлива
сегашнина.
Имам уште снага
за заод, за ôд, за доод.