МУДРОСТА НА НАРОДОТ

Народен зборовник

Упорност-Истрајност

Македонски народни пословици и изреки

Можеш ако мислиш дека можеш.

Секогаш е прерано да се откажеш.

Ти во искушение, јас истраен.

Голема мака на голем чоек.

Прва изгора упорита.

Се преумори од истрајност ко да си сработил најтешка твоја работа.

Минатото постојано го богатиш со своја сегашнина.

Си ја арчиш снагата до премалување, та ја одмораш, та продолжуваш да ја арчиш за арнина.

Во Бога е сиот твој живот, заедно со него ко човек зависен од светот што го менува самиот и му го менуваат други.

Упорно менуваш менувајќи се.

Бог ја благослови истрајноста кога не е лесно. А ништо во животот не е лесно.

Не можеш да растеш ако не вежбаш.

Од бедата ни сила ни истрајност. Сал те учи да бидеш сиромашен.

Во борба меѓу силни и слаби, глупави и паметни секогаш победуваат силни и паметни.

Упорноста за величење, за сожал неразумноста.

Пословици и изреки од народи на светот

Планина ќе помести само оној што на почетокот поместувал каменчиња. (Кинеска)

Не прашувам колку си скокнал, туку колку скокаш. (Кинеска)

Ако го брусиме доволно долго, парчето железо ќе стане игла. (Кинеска)

Парите растат на дрвото на упорноста. (Јапонска)

Да се сака значи да се може. (Француска)

Кај што недостасува сила, ја надоместуваме со волја. (Италијанска)

Не полагај темели, ако не си во состојба да изградиш цела куќа. (Руска)

Ништо не може да ја замени упорноста. Ниту талентот, ниту генијалноста, ниту образованието. Упорноста и одлучноста се моќ. (Германска)

Она што се смета за тврдоглавост кога целта е лоша, се толкува како упорност кога е добра. (Романска)

Како некој стар копач на злато, мораш да се помириш со тоа дека треба да ископаш многу песок од кој потоа трпеливо ќе измиеш неколку мали парченца злато. (Индиска)

Големи нешта во светот направиле или постигнале луѓе кога се чинело дека нема никаква надеж. (Турска)

Нe можете да победите човек кој никогаш не се откажува. (Романска)

Ако ви оди премногу лесно, погледајте подобро, можеби ви оди надолу. (Холандска)

Упорноста е добродетел над сите други добродетелства кои вродуваат со плод! (Српска)

Биди упорен и успехот ќе дојде. (Арапска)

Латински изреки

Од еден удар дрво не паѓа. (Non uno iuctu arbor cadit.)

Прочитај и за ... >>  Бериќатверс'н

Не се соборува секое дрво со прв удар.

Ако не одиш докрај, зошто воопшто одиш?

Непрестаната работа, а не силата и интелигенцијата, е клуч за отклучување на нашите можности.

Брзо ќе го скинете лакот ако биде постојано оптегнат. (Cito rumpes arcum, semper si tensum habueris.)

Во постојаниот труд е надежта. (In konstanti labore spes.)

Домисла, гесло, мисла водилка

Инсистирајте да ви се даде и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори. Зашто секој што инсистира да му се даде, прима; и кој бара, наоѓа; и кој чука, ќе му се отвори.
Библија

VOX POPULI-Мудроста на народот

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.