Momentum XXXVI
Секој седнал кај што има јадења
што ги посакува
Глас 3
Нормално е само јадењата.
Глас 4
Пред секој наш чин или акција не смееме да дозволиме да нѐ мачат глад и жед. Заради расположба пред сѐ.
Глас 7
Толку време минавме откога почнавме со конзерви, а ќе завршиме, како што стана вообичаено, со првото доаѓање на сонот. И секогаш така, со јадења на почетокот и пред крајот.
Глас 9
Конзервите беа нешто друго. Сети се на јажето.
Глас 6
И овде јадењата се друго. Спокоен говор.
Глас 2
Прво лицата.
Месо за свечености
Прво добро да го насониш,
па да го насолиш
во сите заби;
да не ги расипе од време
и да расте.
Како што го делиме
со сенки,
мислам и коските,
како што го јадеме полека
на здравје и задоволство.