Многу тишини

Внатрешни содржини

Насобрав многу тишини
во сал еден
самотен и пустошен миг.

Потоа ги кренав на рамо
а тие претепшки пустите
за долго патешествие
во беспаќе без цел.

Едвај стасав до сенка
во подножје на камена
планина
која ќе ме одмори.

Не знам како
мигум заборавив
на сал едниот миг
самотен и пустошен
па во првиот по него
тишините се симнаа
одеднаш од моето рамо
и се растрчаа безглаво
на сите страни на свет
без жива душа.

ВНАТРЕШНИ СОДРЖИНИ, Пустелија, поетска студија, 9

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.