МЕНИ НА ИГРИ ЗБОРОВНИ, поезија/припеви, 4-6

Потребно време за читање: < 1 минута

4. Жив сон

Живи луѓе идат
во миг жив прв,
можеби последен
на сон пред будење.

5. На рид

Искачен на рид
со тврдина во време,
а под него град
незнајно кога
ни од кого разурнат.

6. Подземна река

Во длабока пештера
подземна река чека
некој екотен збор
да ја разбрани
нејзината тишина.