Љупчо Димитровски
… Се прашуваш кој и од каде ? Еве.
Мојот пат започна на 10. 03. 1951. година во Скопје, Република Македонија. Дете на воено лице и домаќинка, со детство минато во Скопје, Тетово, Струмица… Учев во неколку основни училишта, а средно во гимназија Ѓорѓи Димитров, во Карпош-Скопје, каде и пораснав. Уживав во детсвото, особено со поезината уште во средношколските денови. Ја запознав Гордана од Орце, па започна новиот – заеднички живот, во Карпош, па во Козле, па во Аеродром, ….
Како дете у основно, а и средношколец, пеев во хорови (за жал не ме задржаа, а им бев прв глас – ми сместија да изгубам позиција ради врски на еден другар, па бидејќи тоа не го трпев – неправда ) – ги баталив. Плачеа по мене, ама џабе им беше.
Свирев и клавир. И во тоа уживав, ама вистински.
Е, по спорт не бев, али по дружби – ме памтат. Забављав народ секогаш. Па ме сакаа сите, и ко дете, и ко тинејџер, а и ко „стабилен“ муж.
Факултет ? Дај радио! Ми падна на бинго
Студирав на Економскиот факултет во Скопје-Економска политика и развој. Факултетот ми беше досаден, но пишувањето на поезија, проза, беше тоа во што уживав. И додека „студирав“, започнав да работам во Радио. Потоа Чеде Шопкиќ буквално ме влечеше од кабинет во кабинет на професорите на Економскиот, ми ги снимаше предавањата на касети за да ги учам слушајќи и завршив вишо, станав економист (никад у активен живот).
По хорот отидов на аудициjа во Радио Скопје. Ми правеа секакви проби, и…. ме спаси Бранко да не станам спикер. Ме прими во Спортска редакција. И ми падна бинго. Пошто им работев цели три години, дојде ред да ме пробаат ко спортски коментатор, заедно со Калински и Сипковски (млади таленти). Им се покажав најбољи спортски коментатор од прва, едно дваесетина минути дерби за испаѓање од Македонска фудбалска лига. Не ми текнува кои тимови играа, ама паметам дека ми се падна да коментирам тепачка и прекин на натпревар. Само што почнав со „Овде почна тепачка“, микрофонот ми го презеде Љупчо Стефковски и…така станав најбољи.
Убаво ми беше, се изнашетав по светов, стасав дури близу двесте километри до Северен пол, во Финска, во едно гратче никој од вас чуо никад-Пиексамаки (на финале на Европско клубско првенство во одбојка-со одбојкарите на „Вардар“, класа на Богоевски).
Петел
Ама пошо бев поет ( на Б. Давидовски ептен му се допадна една моја песна за петел, објавена во „Млад борец“, особено стихот „Петелот пееше со точки“ и стално го рецитираше; па ради тога ми накалемија без везе прекар Петел, а немам везе со галските петли), ме префрлија во Културна, па со ред во сите радиски редакции (само не надворешно-политичка).
Напрајв ептен радиска кариера и сам и колективно: преноси на Македонско радио од секакви настани и манифестации. Ги издвајам преносот од последниот конгрес на ЦК СКМ во Скопје и преносот од Кавадарци од погребот на првиот загинат македонски војник во војната за растурање на Југославија, Сашо Гешовски (од зад неговото гробно место; требаше да трае три минути, а морав да пренесувам 40 и кусур!; преносот е архивиран во светска радиска архива во Америка-така нешто).
Како урнебесџија (еден од авторите, водителите, пишувач на текстовите и уредник на Радио Урнебес), тимски организирав и реализирав мислам 70 приредби низ цела Македонија. Теравме со Драган, Бубо, Цале, Унџел, Саше, Љупчо, Владе, Ацика…
Симнав и ванземаљци у Карпош пред базенот
Да, и Интерпол преку радио дозна и пратија екипа да снима. Или беа странски новинари? Знам дека го заебавме „Ослобоѓење“ од Сараево, објавија вест на прва страница, а откако го дознаа штосот лично ми се заканија дека ќе ме тужат. А што беше тоа ? У петок вечер глеав ТВ, имаше некои вести дека у Русија демек фатиле ванземаљци. Се јавувам на Бубо и екипата у сабота сабајле им давам сценарио да праат фрка на радио. Се испоплашија ама прифатија. И ги водев 6 саата од преку телефон. Беше тоа голема збрка. Репортери на терен, новински агенции дигаат паника, директорот ми врти и се заканува со отказ и казни… А најбоље беше што се погоди параглајдери да летаат тој ден, па имаа запалено круг на пољаната за да знаат каде да слетаат. Случајно. Ама беше ептен потаман. И ќе се памти.
Е да, и рибарите беа најбоља публика. Збореа со жените преку радио.
А да, и Драган го будев секое сабајле за да почнеме тачно у 6. Пази – цела недела снимаме содржина, и идеме у живо у сабота од 6-9, на Втора на радио, па после од 9-15 иде преземање програма од Прва, а од 15 до 20 продужуеме ние.
Паноптикум
Е тука, распалив скроз. Ме памтат уште. Слушам, една женска по радијава се обидуе да ме имитира, ама џабе, не ѝ штима покрај викачиџиите. А Паноптикум имаше 2 термина со по 2 саата термин, со над 50 содржини од по 3 минути, и музика која Владе ја пакуваше у невидени миксеви. Сосе разговори со слушатели итн.
Медијатор
Једина ноќна програма со квиз. Имав слушаност врвна. Ја прекинав, па Бабиќ со екипата продужи на прва. Колку да се знае. Праев и други ноќни и утрински, водев и е мисија вести што ги почнуев со поезија (!)
25 часовен соло радио маратон
Има еден Игор кој се праеше паметен у КМР со маратон од 24 часа. Демек фраер сакаше да е. Па му покажав што е што. И постигнав Гинисов рекорд од 25 часа соло радио програма на Втора програма на Македонско радио – РТС 2. Види, тоа се викаше Паноптичен медијатор. Јадев 2 пати, не спиев 3 дена. И вредеше. Ама ете, тоа у вода го фрлија. Јас не! Горд сум на постигнатото. А тој И*** испеа една за трубата. Верувам сфати дека си отпеа за себе најбољи хит икада.
Селидба на РТС – МРТ од Нерези у Стојаница
Работев две години во Македонска телевизија како уредник на Контактната редакција. Го водев и го пренесов сигналот на МРТВ од Нерези во „Стојаница“ крај Вардар (така ја викаја кулата по директорот Стојан Димовски), ноќе пред и по полноќ и веднаш ме побараа да се преселам во Белград, да станам водител во РТС. Одбив од патриотски причини.
Ја у Белград?! Требаше !
Напрајв ептен голема кавга со Д. Масевски оти наводно сум сакал да му ја земам Забавната редакција, а тој сакаше да му бидам само сценарист и водител, и се вратив во радиото. Неколку месеци раководството на МРТВ не знаеше за мојата самопреселба. Јас не ги шишав односно мислев дека сѐ им е под контрола и нормално да знаат за тоа. Тие месеци не ми се пишани за пензија.
Има уште многу, ама ај сега ова:
Напрајв ептен голема кавга со Д. Масевски оти наводно сум сакал да му ја земам Забавната редакција, а тој сакаше да му бидам само сценарист и водител, и се вратив во радиото. Неколку месеци раководството на МРТВ не знаеше за мојата самопреселба. Јас не ги шишав односно мислев дека сѐ им е под контрола и нормално да знаат за тоа. Тие месеци не ми се пишани за пензија.
Необјавени 40 книги!
Е, а создадени и необјавени ми се 40 книги. Е тие ги објавувам тука, и ќе ги спакувам само за тука. Со забрана за објава на сите 40. Зошто? Бидејќи на конкурсите каде некои новопечени издавачи се обидуваа да објават мое дело, ме одбиваа. И Венко и…навивале за мене. Ама ете, според високите критериуми на поранешната Република Македонија не сум бил подобен. А па, во новава РСМ (што и да значи), неќу да чујам книга да ми се објави! Па, така !
Сум коавтор (заедно со Милош Линдро и Данило Коцевски) на книжевниот манифест „На чекор од говорот“, објавен во списанието „Разгледи“ во 1980. година. Ќе го најдам и ќе го линкам за да си стои тука. Изгуглај за да провериш од какво важно значење е оваа творба за македонската книжевност.
Во книжевната периодика објавив поголем број критичко-есеистички текстови.
Пишувам и хумор и сатира. Како проект од јавен интерес (аудио издание), Советот за радиодифузија на Македонија (Агенција за медиуми) ми ја објави сатиричната серија во 10 епизоди LATENTIA HRONICUS- Однапред и одзади. Ќе ја објавам на сајтов па ќе ја чуеш.
Напишав и снимив дваесетина аудио проекти од јавен интерес, од кои секако најзначајни се: „Лирско ехо“, своевидни поетски приказни со поезија од истакнати македонски поети, „Авантура на опстојот“, авторска поезија во која интерпункцијата има посебна функција при сценски „приказ“, и „Јазикот е мојата татковина“- Македонска граматика (правила на стандардниот јазик, правопис и правоговор).
Сум бил… Па сум !
Сум бил… Па сум !
Бев 40 години професионален радио и телевизиски новинар и уредник во МРТВ и на ТВ „Алфа“ (уредник на редакција за култура и уметност, на редакција за забавно-рекреативна програма, главен и одговорен уредник на Втората програма на Македонското радио), како и во Радио Гром (Генерален менаџер, сопственик и новинар).
Студија за радио. Еј !
Напишав студија (кај и да е ќе ја објавам на блог) „Аспекти на модерното радио – радио на современата модерност“, што е сублимат на практично искуство, согледби и сознанија од областа на теоријата на информацијата и теориите на комуникологијата, потоа филозофијата, естетиката, психологијата, социологијата, антропологијата и маркетингот. Студија !
Е, а студијава ја одбија Европјаните (European Agency for Reconstruction), каде алицирав за кредит/грант за да направам мултимедијален центар. Па дозна еден Горан од еден Канал дека го имам тоа. И ми го украде, како што ми ја украде програмската шема на Радио Херц, по која, како што ми кажуваат, и ден денес работи тој национален канал. А со мојот проект-студија си изгради објект у Штип, и си јаде леб сосе екипата више од 20 години. Барем фала да ми кажеа! Ама ако !
Таа, студијата, за денешние радија (читај радио станици создадени од 1997 па до денес – 22.02.2020), па тоа е непотребно, небитно знаење е-пошто се канти кои тропаат музика и тресат временски прогнози, состојби на патиштата, вести у 1 минута пред сите, се праат светски музички диџеји, читаат од портали, зборат за гужвата у градот, и тако даље мајсторе. Има исклучоци, да. Ја знам само 1, ама не го кажувам! Цврц.
За мене тоа не се радија. Тоа се забављачи у кафич, дискотека, ко у Турист пред 30 години.
Направив и прв професионален новинарски блог (www.dimitrovski.net-беше тука, па сега www.panoptikum.mk/poenta) што прерасна во единствен писателско-новинарски и енциклопедиски македонски сајт „Паноптикум“ [ Паноптикум ]-продолжение на истоимената радио емисија.
Имам уште што да кажам за мене, ама боље до тука да е-доста е.
И да не беше син ми Горан у неговата 43-та, да ги праи сајтовиве, и да го испише ова за мене, и да ме тера да раскажувам за поминатото во мојов живот, ја не ќе го пишев ова, а ти не ќе дознаеше или па не ќе те потсетев. Ја вака не моом да се пишам.” (хаха)
И да не беше син ми Горан у неговата 43-та, да ги праи сајтовиве, и да го испише ова за мене, и да ме тера да раскажувам за поминатото во мојов живот, ја не ќе го пишев ова, а ти не ќе дознаеше или па не ќе те потсетев. Ја вака не моом да се пишам.” (хаха)
E, ќе испуштев. Ја вероватно сум прв мозок на Фејсбук и у свет со над 10.000 мудрости.
И ова:
Мислам дека сум единствен книженик, на мое ниво сигурно, кој не добил ниедна и никаква книжевна награда, ниту имам некаков општествен, политички или општествено-политички статус. Поради што животов пензионерски и слободоумен ми е ептен олеснет. На жалост и на радост сечија не сум академик, а може ќе се сетат да ме напраат дур сум жив. (Не признаам отко ќе умрам.)
Све ова погоре за мене е минато, минат труд, кој денес е помножен со нула од сите, а бил признаен од врвни експерти. Ама, ако! Нека живеат.
Ти пиши во формуларов ако се сеќаваш на друго врзано со мене. Ќе ме потсетиш па ќе раскажеме уште нешто интересно за децава по нас.
Живели !