КУЌА ШТО МОЛЧИ, стихозбирка

Потребно време за читање: < 1 минута

22. А кога те нема

Дојдовме без здив на крајот од сега
да гориме срца за недоглед трајна;
ти одново стана сенка што ми бега,
во мене да редиш бодежи ко тајна.

Лунѕањата долги низ светот што мине
ги сониме слика од спомен и воздив;
ти одново легна во збор што ми гине,
од мене да бегаш без надеж со подбив.

Оти беше слепа за игрите војни,
оти беше нȇма во ноќите болни,
те барав во утра и залези појни,
те сечев со солзи и крвави молњи.

А кога те нема јас сум ветров корен
во зароб за утре на самотно дрво;
а кога те нема уморен сум морен
со кренати раце кон сонцето прво.

Leave the first comment