КУЌА ШТО МОЛЧИ, стихозбирка

Потребно време за читање: < 1 минута

30. Пречек пред пустинска шир

Од денот и ноќта
во кои се криевме
сѐ до полноќ
в земја,

а луѓето мислеа дека
сме заскитале
во пустина со ветер
и високо сонце,

наредивме спомени
со очи широко отворени
до дното на морето
што одамна го нема;

во надеж безмерна
дека ќе догледаме
светлина
за долги години
наш спокој
и наша постоина.

Leave the first comment