Коптска црква

Потребно време за читање: 2 минути

Станува збор за египетска домашна монофизитска црква. Монофизитизмот е верување во христологијата на „една природа“; посебно источните христијани кои се спротивставиле на христологијата на Халкидонскиот собор и воспоставиле црковно устројство поинакво од она кое владеело во православните цркви.

Освен коптската, тука спаѓаат јаковитската, ерменската, нубиската и етиопската заедница.

За основач на самостојната египетска Коптска црква се смета патријархот Диоскор.

Со отфрлањето на Халкидонскиот собор (451.) од теолошки и политички причини, Коптската црква се издвојува од православната. До 457. година еден монофизит бил патријарх александриски. Од арапското освојување на Египет во 642. оваа црква е под муслиманската власт.

За време на жестоките прогони во 10. и 11. век многу цркви биле разурнати, а голем број на христијани преобратени во ислам. Во текот на својата долга и неизвесна историја оваа црква успеала да ги сочува древната вера и традицијата. Христијанското монаштво започнало во Египет и тука се одржало без прекин. Денес доаѓа до препород на монашкиот живот со стапување на образовани луѓе и жени во манастирите.

Поглаварот на оваа христијанска црква, „папата александриски и патријарх на столицата на св. Марко“, имал свое седиште во Каиро почнувајќи од 11. век. Црковниот јазик е коптски, кој повеќе не се употребува во современ Египет. Нејзините припадници најчесто ја користат литургијата на св. Василиј, во текот на која му се упатуваат многу молитви „на Нил, рибите и живите суштества“. Во нашево време откритието на богатата традиција на коптската религиозна уметност го привлече вниманието ширум светот.

Кои се Коптите? Самиот поим во превод значи-Египтјани, како што христијаните во делтата на Нил во античкиот период ги нарекувале Грците. Тој е изведенка од старогрчкиот збор за Египет кој, пак, произлегол од зборот Хикаптах, што бил еден од називите за Мемфис, прв главен град на антички Египет. Коптите себе си се гледаат како единствени директни потомци на фараоните и старите Египтјани и ја задржале својата вера, и покрај прогоните уште од страна на Римјаните. Со доаѓањето на Арапите и исламот на подрачјето околу Нил во 7. век прогоните се продолжени, но половина Египет во 11. век се уште бил со христијанска вера.

Се до половината на 20. век живееја во релативна хармонија со соседите. Тоа е прекинато со доаѓањето на Гамел Абдел Насер, чија политика на национализација на приватната сопственост ги погоди пред се коптските христијани, чиј живот се влошил до таа мера што голем дел емигрирал. Коптите наидуваат на бројни пречки и тортури- од нивната неадекватна застапеност во јавниот сектор до проблеми при добивање на дозволи за градба на верски објекти. Многумина Копти во Египет повеќе не ја гледаат својата иднина.

Денес Коптите во Египет се теоретски рамноправни со останатите, а според официјални извори ги има околу 9 милиони. Во САД ги има околу 30.000 и се собрани во 14 цркви. Најпознати припадници на коптските христијани од Египет се поранешниот генерален секретар на Обединетите нации Бутрос Бутрос Гали и глумецот Омар Шариф.

Од 365 дена во годината Коптите постат дури 210 дена.

Коптите станаа актуелни по 1. јануари 2010., кога се случи крвав напад врз коптска православна црква во Александрија, во кои беа убиени 21 лице. Се случија големи судири со полицијата, со главно барање заштита на христијаите. По овој напад во Европа расне загриженоста дека на мета на терористите би можеле да се најдат и Коптите кои живеат во Германија, Франција и Австрија.

Leave the first comment