fbpx Прескокни до главната содржина

ЌЕ ДОЈДЕВ ВО МИНАТО ОД УТРЕ, довршени, а недовршени песни

4. Кога не те мислам

Сум среќавал патем
сечии голи зборови
изречени недоречени
па преречени
меѓу луѓе кои не знаеле
што-годе да доречат
што-годе да премолчат.

Дека биле голи
како да ќе водат љубов
во оган
со ниедно време.

Патем исто така
сум ги збирал како зрна
зазреани за да дозреат
кога ќе им дојде време
за зреење
пред да ги испишам
како мисла што изгрева
за никогаш да не зајде.

Еден меѓу нив
што не личи на себеси
никако не ми успева
да го имам исто
меѓу идно во минато
наше истрајавање.

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено какво било преземање, копирање, објавување или преработка на делови или цели содржини од овој портал без претходно одобрение од авторот, редакцијата и/или издавачот. За секоја повреда на авторските и сродните права, Паноптикум го задржува правото да побара надомест и соодветна правна заштита.

Уредничка напомена: Во подготовката на содржината може да се користи дигитална/AI асистенција како помошна алатка за јазична, структурна, истражувачка или визуелна обработка. Финалниот текст е уреднички прегледан и објавен под одговорност на авторот и/или редакцијата. Главната илустрација на написот може да биде фотографија, авторска/архивска слика или AI-генерирана концептуална илустрација создадена за визуелна поддршка на текстот.