Камен

Се вжештил камен
со душа дамна скаменета
само што не распалил огон
кој ќе гори се дури врз него
не падне ново ниедно доба
сосе ѕвездено и месечево небо.

Тоа негов премолчен збор
се струполил во подножје
на тишина од дамнина
до сегашнина
од самотија до мразнина.

Тоа срцето негово
го предупредува
дека му е близу крајот
незнајно каде.

ОГОН ВО ПУСТОШИЈА, Замислувања, поетска студија, 72

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.