ЈАНЅИ ОД ЈАВА ВО ЈАЗОЛ, Грижен, стихозбирка, 5

Потребно време за читање: < 1 минута

5. Јава

Се прекршува јава на сонце
Како да се две од една
Колку иста толку различна
И блиска и далечна.

Во таква прекршена жива
Уште
Јас сè уште еден самотен
Заумен.

Се прекршува јава
Која некогаш беше моја
Или жива во последен миг
Пред овој
Преполн со јанѕи за утре
Без денес.

Сонцето што ја прекршува
Како да го достасало
Зенитот
Можеби само во моите
Зеници.

Прекршена јава наполу
Како да потонала со мене
Во неизвесност
За да ја надминам
За да ја заживеам со љубов
Нова.

Откога ќе го научам
Сонцето
Исто да изгрева и зајдува
Во сон на секој мој
Збор сè уште неизречен.