191. И небото
И небото дојде на ред
за валкање и труење.
192. Испоплашени
Се вртат во круг
и сенки меѓу нив.
193. Нашиот пат
Патот ни го пресекла провалија,
а нема друг како тој што е наш.
194. Живи неживи
Заедно се,
а секој сам.
195. Птици
На небово денизден летаат
безгласни и мртви птици.