176. Искуствено
Пак доцни пролетта.
Пак неродна година.
177. Слобода
Лета недогледна птица
на ведро и спокојно небо.
178. Млада овошка
Ѝ измрзна плод
штотуку расцутен.
179. Грмеж
Грми уште во далечина
за да се слуша сè поблизу.
180. Освоена пештера
Коски на предци и огниште
откри потомок во пештера.