81. Есенските дождови
За разлика од другите, тие мене
ми се најмногу за вкоренување.
82. Детските години
Ми се чинат пребрзи
и со многу незаборавно.
83. Бесмислен
За мене е бесмислен
сечиј почеток на крај.
84. Жени
Познавам жени преуморни
од извишувања на свои рожби.
85. Восклик
Во возбудлива песна
нескротливи зборови.