66. Пцост
Да му се сотре семето
изродничко, платеничко.
67. Грев
Урна паметник
на голем деец!
68. Еден и еден
Еден на залез на животот,
еден без предци и потомци.
69. Најдалеку
Не знаеш каде најдалеку,
а ти премалела снага.
70. Плод
Што ли станало со плодов
кога угаснал на сончевина?!