Итрина/Лукавост

Потребно време за читање: < 1 минута

Не ја сакаме итрината, но во животот се случува да мораме да ја употребиме.

Никогаш не сум дозволил, ниту некогаш ќе дозволам да ја злоупотребам. Или, пак, таа мене да ме злоупотреби. И не само што не ја сакам, туку и не ѝ дозволувам да ме обземе. Особено не со неа да ѝ се спротивставам на мудроста.

Мудроста е спротивна, во животот најчесто спротивставена на итрината/лукавоста. Со мудрост се победува во борба, со итрина во една или неколку битки.

Забележано, потврдено: мудрите неретко просто ги игнорираат лукавите, а лукавите неретко просто ги одбегнуваат мудрите; внимаваат да не се соочат со нив.

Итар народ опстанува? Не! Итри страховладеат со народ, лажејќи го и крадејќи го. Го ништат делејќи го. Не во итроштината, а во мудроста е силата на народот.

Кога зборуваме за итрината/лукавоста, секогаш треба да ги имаме на ум лагата, измамата и манипулацијата. Поготово простаклакот.      

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 185