Потребно време за читање: < 1 минута

51. Старо дрво

На хоризонтот гледам старо дрво. Сигурен сум дека е старо зашто е само, нема други околу него; гранките му се без лисје и цветови а е пролет, се извишило до небо и се разгранало најмногу накај запад. Од оваа далечина дури ми изгледа соголено, без кора.

Што е не можам да догледам, ниту да согледам. Некако најблизу ми е до чинар. Може да е.

Тргнувам што побрзо да ја надминам далечинава помеѓу нас, и јас да се најдам на хоризонтот, покрај него. Зошто? Не знам, но чувствувам дека има некаква привлечност. А и нешто ми вели дека имаме нешто заедничко.

Не знам зошто, но посакувам тоа да ни се корените и вкоренувањата. Баш дека е пролет.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here