ГОЛТКИ, минијатурни раскази/ескизи

Потребно време за читање: < 1 минута

38. Смртна

-Сѐ родено е смртно. Сите ние родени сме смртни. Мошне проблематична е бесмртноста не на великите луѓе, и тие се смртни, туку на нивните дела. Нема бесмртни,-дума Војдан Симоски, сликар, истакнат претставник на својата генерација. Неговата пријателка Милјана Лазарова, која му позира гола како модел на совршена убавина, го слуша молчешкум Како воопшто да не го слуша.

-Проблемот е во именувањето и назначувањето, најмногу во поимањето на трајноста и бесмртноста наспроти или наспоредно со совршенството. Твоето тело е стројно, твоето лице е совршено симетрично. Обете ќе бидат трајни благодарение на мене и сѐ додека трае платново на кое те сликам. Ќе бидат бесмртни откога тие веќе нема да бидат живи.

Милјана Лазарова е сосем отсутна со духот. Војдан Симоски не се ни обидува да ја живне, некако да ја разигра. Моментно му треба токму таква.

 

Leave the first comment