ГОЛТКИ, минијатурни раскази/ескизи

Потребно време за читање: < 1 минута

14. Преживуваање

Клекна, зеде грутка сува земја в раце и ѝ се обрати со треперлив шепот:

„Ќе ја преживееме заедно, земјо моја, и оваа суша. Како сите досегашни. Ќе ги одбраниме твојата плодност и мојата вкоренетост во тебе“.

Се исправи и тргна решително кон понорницата во подножјето на блискиот карпест рид. За да го пронајде местото каде што избива на површината и да ѝ го сврти течението кон неговата омеѓена нива.  

Leave the first comment