45. Раскажува љубов
Раскажува една дамнешна љубов. Нажалена зашто останала таена, никогаш доживеана. Раскажува со речиси плачлив плачлив глас.
Им раскажува само на блиски, искрени пријатели и луѓе од доверба. Сигурна дека нема да им ја прекажат на други.
Раскажува незапирливо, сѐ додека не докаже дека е до смрт.