ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, 95-109

Потребно време за читање: < 1 минута

95. Брзаме

Брзаме негде зашто за нигде не сме.

96. Живот заедно

И семето и коренот и плодот живеат заедно во природна средина.

97. Последично

Ако не ме сакаш, ќе те отсакам.

98. По многу години

Те сретнав пак по многу години, но никако да се сетам кога бевме заедно.

99. Крај како ништо

На крајот на краиштата ти на твојот последен крај.

100. Прва љубов

Блазе тебе штом секоја љубов ти била прва.

101. Животни

Сè повеќе диви, а сè помалу спитомени животни во жив свет.

102. Почеток на песна

Зошто ми се срдиш, либе срдито?

103. Одлука

Мамо и тато, досега бев доволно мал, па одлучив отсега да бидам голем!

104. Најмногу

Најмногу сакаме кога најмалку можеме.

105. Распродавање

Брзаат да распродадат сè. Особено она што никогаш не било нивно.

106. Жив уплав

Жив уплав имате да не ве изеде мрак преку ноќ. Зашто знаете дека ви нема спас.

107. Црни вреќи

-Зошто ви се црниве вреќи?
-За на глави мафијашки и предавнички.

108. Соседи

Какви-такви, соседи се неминовно.

109. Неверна љубов

Твојата неверна љубов ќе му буде верна на друг до трет.

 

Leave the first comment