ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, 63-74

Потребно време за читање: < 1 минута

63. Гајле

-Мислиш дека ми е гајле за тебе?
-А ти мислиш дека мене ми е гајле оти ним не им е гајле?!

64. Рамнодушие

-За што си создал грандиозно дело?
-За горење и пеплосување!

65. Разграбување

Невиден грабеж властодржачки пред пропаст на државата.

66. Во бестрага

Ни род ни пород во бестрага.

67. Ниеден

Нема ниеден што ќе грмне, ќе ги здрви и пуздер ќе ги стори.

68. Играчки

Сè поголеми купишта дребнавости и непотребности.

69. Изродници

Со безвредни пари изродници купуваат безвреден живот.

70. Плашливи

Слуги плашливи им слугуваат на аздисани богатници.

71. Нашето

Нашето е нивно дури со ум и сила не си го повратиме.

72. Судот на народот

Судот на народот најнакрај ќе ви суди и пресуди.

73. Убави и пакосни

На убави луѓе пакосни им се настрвиле.

74. Љубовџии

Љубовџии се кријат едни од други или се прават дека не знаат едни за други.

Leave the first comment