ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, 58-62

Потребно време за читање: < 1 минута

58. Една љубов

-Мамо, колку мажи си сакала досега?
-Многу ќерко, но само татко ти.

59. Како може?

Како може да бидеш политичар, а да си неписмен или полуписмен?!

60. Чудно

Трга на пат, а не знае кој пат да фати.

61. Паѓањето

Малите деца учат да паѓаат дури растат, а големите веќе не растат кога ќе паднат.

62. Реален

Оди по земја дури не научи да лета.

Leave the first comment