ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, 126-136

Потребно време за читање: < 1 минута

126. Кловновски циркус

А бре будало човече на власт, ме пукна од смеење! Ти нема рамен. А твоите те слушаат како да си најмудриот на светот! Невиден и нечуен кловновски циркус!

127. Дребен старец

Гледај си ја староста, дребен старецу. Годините не ти се за политика.

128. Нов тим

Тој со избрани видни, авторитетни, учени, опитни, умни, одговорни и морални.

129. Стратешки

Сте си избрале стратешки партнер, а за ништо немате никаква стратегија!

130. Никому ништо

Без мене и без ништо од мене никому ништо. Исто ко да не сум бил.

131. Крадењето пари

Безочно крадат пари од народот задолжувајќи го со кредити за скорашна распродажба на неговата земја.

132. Резил

Власта е сè повеќе избербатена и сè почесто со симнати гаќи!

133. Сè друго

Би било сè друго кога би било:
Наместо партии, демокрартско-политички движења и социјално-солидарни здруженија.

134. Утопија

Деполитизирана држава е држава што ја водат мудри, опитни, зналци, творечки и слободоумни видни личности.

135. Држава и општество

Државата е систем кој функционира беспрекорно, а општеството заедница која се надградува постојано.

136. Чистка

Можна е чистка на џганот во Северџганијава? Да, ако е тоа во сметката на „стратешкиот партнер“.

Leave the first comment