Гаснење без љубов

Можно ли е да нема љубов
во човечко срце во човек
на кои било години сам
како огон во пустошија.

Он сведочи дека е можно
со своето постоење
со својот опстанок
сè до овој последен миг
на свесност замислување
и неизвесност.

Впрочем,
последно што изгуби
пред да стане огон
беше токму
последната љубов
во неговото човечко срце.

Која гаснеше болно
бескрајно долго
најдолго од сè што досега
гаснело во него пред него
и заедно со него.

Негова прва последна
таена љубов непокорна
непорочна непобедлива.

ОГОН ВО ПУСТОШИЈА, Замислувања, поетска студија, 79

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.