fbpx Прескокни до главната содржина

Фалично соседство

Басни без наравоучение

По долги разговори и преговори соседни луѓе и од нив спитомени животни конечно се договориле да почнат да живеат како добри и разбрани соседи. Не дека не живееле така од дамнешни времиња до денес, туку и едните и другите имале насушна потреба од меѓусебно помагање и заедничко напредување кон светла иднина.

Двете страни не биле баш задоволни од постигнатиот договор. На луѓето им пречела принудената согласност дека тие повеќе нема да ги прифаќаат спитомените животни како нивни слуги, туку со заеднички сили ќе ги продлабочуваат добрососедските односи на база на меѓусебно почитување. Спитомените животни, пак, прифатиле дека во корен ќе сосечуваат и најмали, ептен прикриени асимилаторски тенденции од страна на луѓето. Но, постигнале такви компромиси во името на добрососедството кое им било поважно од сè друго.

Меѓутоа, не минало ни кратко време и луѓето и спитомените животни согледале дека добрососедството затврдено со договорот почнало да им  се разнишува сè поочигледно. Со други зборови, договорот воопшто не им помогнал како на добри и разбрани соседи. Напротив, токму клучното договорено уште повеќе ги оддалечило еден од друг, така што веќе може да се констатира дека меѓу нив почнало да расте непријателство.

Прочитај и за ... >>  Думање на голем и мал човек XXVII, 153-357

Имено, секој што внимателно и детално го проанализирал постигнатиот договор лесно го воочувал главниот проблем кој произлегувал од постигнатите компромиси, зошто и едните и другите си продолжиле како порано: луѓето да ги прифаќаат спитомените животни како нивни слуги,  дури без никакво почитание, а спитомените животни никако не успевале да ги спречуваат прикриените асимилаторски тенденции од страна на луѓето.

Всушност, клучно било отгсекогаш ненадминливото меѓу соседски луѓе и животни спитомени и диви: луѓето биле доминантни, што значи многубројни и јаки, а инфериорноста на спитомените животни произлегувала од малубројноста и слабоста односно неотпорноста.       

БАСНИ БЕЗ НАРАВОУЧЕНИЕ, сатиралии, 59

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено какво било преземање, копирање, објавување или преработка на делови или цели содржини од овој портал без претходно одобрение од авторот, редакцијата и/или издавачот. За секоја повреда на авторските и сродните права, Паноптикум го задржува правото да побара надомест и соодветна правна заштита.

Уредничка напомена: Во подготовката на содржината може да се користи дигитална/AI асистенција како помошна алатка за јазична, структурна, истражувачка или визуелна обработка. Финалниот текст е уреднички прегледан и објавен под одговорност на авторот и/или редакцијата. Главната илустрација на написот може да биде фотографија, авторска/архивска слика или AI-генерирана концептуална илустрација создадена за визуелна поддршка на текстот.