Ева го довикува Бога:
-Боже, имам проблем!
-Во што е проблемот, Ева?-ѝ се јавува Бог.
-Боже, знам дека Ти ме создаде и ми ги даде оваа прекрасна градина, овие прекрасни животни и оваа страшно смешна змија, но едноставно не сум среќна.
-Зошто, Ева?-доаѓа прашање одозгора.
-Боже, осамена сум.
-Ева, имам решение за тоа. Ќе создадам маж за тебе!
-Што е тоа маж, Боже?
-Овој човек ќе биде погрешно суштество, со многу лоши карактеристики. Тој ќе лаже, ќе мами и ќе биде горделив…Сѐ на сѐ, ќе ти го отежнува животот, но ќе биде поголем, побрз и ќе сака да гони и убива. Тој ќе изгледа многу глупаво, но ќе го направам така што ќе ги задоволи твоите физички потреби. Нема да биде премногу паметен, па ќе му бидат потребни твоите совети.
-Звучи одлично,-вели Ева со ироничен поглед.
-Можеш да го имаш под еден услов,-вели Бог.
-Кој?
-Како што реков, ќе биде горделив и самоуверен, па треба да му допуштиш да верува дека тој е создаден прв. Но да запомниш, тоа е наша тајна.
И Бог го создаде мажот.
Ева не ја оддаде тајната. Ни кога змијата ја наговори да изеде од забранетото овошје, ни кога му даде да изеде и Адам, па ни кога Бог ги протера од Рајската градина.