- Безизлез
Не излегуваш од ноќва
оти бел ден не виде.
- Солзи
Рониш солзи на замин.
Старото огниште без оган.
- Срдба
Напразно им збориш
на замолчени. Замолчи!
- Пред понор
Веќе не паметиш од кога стоиш
пред понор на рамнодушност.
- Гладен и жеден
Од човек во години
сал коски и кожа.