Думање на голем и мал човек XXVII, 755-1.000

755. He e ништо толку добро од тебе сѐ додека можеш подобро.

756. Споделуваме многу нешта и затоа продолжуваме заедно.

757. Ти како сакаш, а јас како знам и умеам.

758. Се разбира дека сѐ неминовно се движи напред. Прашањето е колку брзо и непречено.

759. Можеш без политика? Зависи што е таа за тебе.

760. Во многу години минало и поминало многу. Поготово што не требало да минува.

761. Си веруваме едни на други и затоа за нас нема ништо ненадминливо.

762. Некогаш можеби и од веројатно никогаш.

763. Ако се договориме, пак ќе бидеме заедно.

764. Најпрвин да се ослободиме од оние со зломисли и злодејанија.

765. Љубовта еднаш почнува, а многупати продолжува.

766. Едноставно речено откако ќе се рече.

767. Простодушна, простосрдечна и благородна душа безвремена.

768. Престанавте да го следите затоа што конечно премалевте.

769. Последен светол зрак во немерлива далечина.

770. Некои мали, а големи нешта барем одвреме-навреме.

771. Нема кој не сака пријатно изненадување. За непријатното секогаш треба да се биде на штрек.

772. Кој ги брои годините, тие брзо му минуваат.

773. Не се навраќај на што било, ако не требало да биде.

774. Пред секое премреже исправен и со крената глава.

775. Не ми треба оној што не ме знае. Тој неретко и кога помага всушност одмага.

776. Меѓу црно и бело-крваво.

777. Не знам или знам што нè чека утре, но во ова денес навистина доста е.

778. Ставаш точка затоа што нема што да кажеш за запирка.

779. Ти продолжи и не мисли каде јас ќе застанам.

780. Имало живот и ќе има живот додека сме живи.

781. За љубовта радо зборам, пред љубовта заносно молчам.

782. Секогаш кревок мир по војна.

783. Крива река сама се исправа кога тече мирно.

784. Секогаш нешто недоречено во твојата тишина.

785. Нема повисок врв од твојот последен.

786. Многу наши минати времиња во нашата трага сè уште незавеана.

787. Не само да не се стои во место, туку и да се оди забрзано напред.

788. Во страховладение стравот е и единствен и над сѐ.

789. За подобро и посреќно денес. Утре за утре.

790. Да надградиш длабоко и широко знаење-од тебе многу.

791. Сум почнал одамна и продолжувам кон своја цел со свои вистини.

792. Моето дело за мене и за секој еден.

793. Состојбата е таква каква што е и не треба да биде.

794. Задоволен сум само од она што сум го создал.

795. -И што?
-Што што?!
-Ај ништо.

796. Срамно е предоцна за творец и негово дело.

797. Колку многу јас? Неизмерно многу. Со самопочит.

798. Неискажана и невозвратена љубов најмногу зборува молчејќи.

799. Очекувам уште нешто од себеси.

800. Веќе е сосем неважно дали има мое утре денес.

801. Спориш што е неспорно?! Со која цел?

802. Твојата глупавштина е најизразита кога како незнајко се перчиш меѓу зналци.

803. Со свои очи гледаш убавини и грдости кои никој не ги гледа.

804. Денес ништо не успева без контакти.

805. Живеј сега едноставно. Не си ја комплицирај иднината.

806. Ако ме лажеш, најпрвин се лажеш себеси.

807. Јас најмногу внимавам да не му пречам никому.

808. Да се запознаеме. Јас сум јас, а ти што си?

809. Пред мене непрегледна чистина и кривулест пат низ неа.

810. Ние немаме ништо да делиме, но имаме многу што да споделуваме.

811. Близоста најмногу им значи на блиски.

812. Криеш од мене зашто нема причина да знам.

813. Најбезгрижни: смеа, игра, песна и весели зборови.

814. Барем помислувај на мене.

815. Љубовта ни се дели ни се раздава.

816. Само народен човек е со народ и за народ.

817. Времето не се враќа и затоа не вреди да го враќаме онашто било-поминало.

818. Прво да завршам, па ќе почнам.

819. Творештвото го продолжува човечкиот живот во паметењето.

820. Спокој и достојност до крајот на последните години.

821. За нешто што можело да биде само жалам. Ништо друго.

822. Секој со некого бил, а одамна не е. Ниту ќе биде. Судбинско.

823. Не е убаво, но не дозволувам да огрди.

824. Никогаш и никаде доволно за мое траење.

825. Секогаш кажувам помалку одошто премолчувам.

826. Ех, кога сѐ би зависело единствено од нас.

827. Ништо не правам за да не правам ништо.

828. И натаму чекорам стамено, но сѐ побавно. Засега тоа е само од годините.

829. Спокој во самост да, поради самост не.

830. Во длабока тишина голема љубов. Дека била.

831. Со твој свет го освојуваш светот.

832. Сѐ подалеку еден од друг и во спомени.

833. Менливо секидневие со вредности и дребности.

834. Не се случува што се случува без мене.

835. Макар миг заедно за почеток.

836. Сѐ да си правиш за себе и за своите со тебе.

837. Меѓу сон и стварност намисла и надеж.

838. Ќе биде подобро од денес до утре зашто не може да биде вчера.

839. Кога би можело ништо да не ти фали во животот додека си жив.

840. Дали ти е пишано сѐ или стално ти се допишува?!

841. Се остава да биде комплицирано поради страв од едноставно.

Прочитај и за ... >>  Измама и кражба

842. Лесно ако најмногу од нас зависи до кога вака.

843. Ќе му недостигам ли некому од вчера кога ќе ме снема од некое денес или утре?

844. Во оригинално творештво нема политика.

845. Да сум некој и нешто, не би бил стар бел дедо со сè побавен ритам на живеачка.

846. Не постои слободна љубов без обврски.

847. Слободниот творечки дух во дело не старее.

848. Највредно од сѐ: спокој на душата и срцето.

849. Тврди дека е добро денес, а не поживеал како вчера.

850. На природната убавина ѝ е сѐ во рамновесие.

851. Да нѐ има барем како што се паметиме.

852. Студен замин на мачни години.

853. Не го споделуваме она што што ни е дел од личен живот сѐ уште неизживеан.

854. Изгубено, всушност и неповратно и недостижно.

855. Сакам да нагласам:
Дека сум бил, ќе бидам зашто сум.

856. Мојата врвица е за сакани и блиски по мене.

857. Ти кажувам исто, а ти божем слушаш.

858. Штом не е од тебе, нека биде како било? Значи, не можеме заедно.

859. Одиме натаму и белки конечно ќе стигнеме негде кај што никој нема да ни го загрозува постоењето.

860. Ако не ти е убав животот што го живееш, ти почни нов.

861. До каде јас? Секогаш подалеку од далеку.

862. Предвидливото е брзо остварливо.

863. Ти во мене дури е живот, љубов.

864. Градител и создател решиле да изградат и создадат свое домашно огниште.

865. Се будиме надежни во нов слободен ден.

866. Време е сега да почнеме овде. Не кога и каде било.

867. Не се преродуваме затоа што забрзано се одродуваме.

868. Напред догледува оној што внимателно гледал вчера гледајќи денес.

869. Како ти одат годините, така сѐ повеќе ја осознаваш вредноста на животот во љубов.

870. Оставена сама земја нема зошто да раѓа.

871. Се навраќаме на минато и спомени кои годините неминовно ги бледнеат.

872. Не оставај да биде што ќе биде. Секако ќе биде без тебе.

873. Со лесно секогаш сѐ лесно.

874. Не опстануваш меѓу вредности на кои не им ја знаеш вредноста.

875. Кај што чади, фали ветер да распали.

876. Најмногу жалиме оти совреме не сме знаеле како да си овозможиме.

877. Слеп при очи гледа со широко затворени очи.

878. На старост подобро како дете одошто како стар.

879. Никој не успева да го искачи својот највисок врв.

880. Невозвратена љубов оживува спомени.

881. Одиш и се враќаш зашто ти се живи корените.

882. Ти сѐ совреме за ништо за тебе да не биде предоцна.

883. Пак не успеа да сокриеш дека се порази себеси.

884. Прва и последна одговорност мора да биде спрема вистината.

885. Ако не сакате да се случува, најпрвин не предизвикувајте.

886. Ниту имало, ниту ќе има позлосторна власт од натурена, слугинска и платеничка.

887. Ништо напредно додека ние работиме, а вие лажете.

888. Најбрза смрт во живот од денес до утре.

889. Не барај помош сѐ додека можеш сам да си помогнеш.

890. Едноставно е сѐ совладано како сложено.

891. Секогаш помалку се тагува поради неминовно, одошто по ненадејно.

892. Повеќе нѐ менуваат, отколку што се прилагодуваме.

893. Глупавштината упорно сама им се наметнува на недоветните.

894. Човек најмногу се радува надежно.

895. Љубовта бранува чувства и предизвикува занес.

896. Политичката опозиција најмногу си наштетува на самата себе. Предводена од политикантски акмаци.

897. Им се докажуваш на докажани со дело.

898. Скромноста никако не му прилега на самосвесен.

899. Исполнуваш простор со свое присуство во време кое трае.

900. Најтешко минуваат едноличните денови и ноќи.

901. Сѐ што тече сѐ повеќе нѐ одминува.

902. Безлично во безлично лично секојдневие.

903. Човештвото сѐ подалеку од човекот.

904. Самоуништување со бизнисот како единствен двигател на животот.

905. Сѐ поголемо отуѓување од блиски. И од себеси.

906. Неизвесен е веќе крајот на денеска. Почетокот на утре се знае.

907. Зошто живееме сѐ побрзо? Затоа што сѐ повеќе ни фали за живот.

908. Подобро од вчера, а вчера сѐ лошо!

909. Колку поблиску до крајот, сѐ повеќе минливо и без трага.

910. Најголеми дела во пресвртно несогледливо време.

911. Те помислува љубов која одамна не е со тебе.

912. Одиме натаму не ни помислувајќи до каде. Затоа што веќе не можеме да стоиме во место.

913. Кроиш за што поскоро да се носи крпено!

914. Никој не ни слушнал дека умрел? Тоа затоа што никому не му требал додека бил жив.

915. Им пречиш зашто не можат ни со тебе ни без тебе.

916. Нема несовладливи пречки на твојот пат.

917. Вчера и денеска за денес како време што трае.

918. Не дозволувај да ти сторат какво било зло некадарни луѓе.

919. Сѐ помалку мали радости, а сѐ поголеми јадости.

920. Веќе не сакам ништо сал за мене.

921. Не заборавај ни што било ни што е, ако ти е важно што ќе биде утре.

922. Во последно време од едно до друго последно.

923. Се грижам за опстанокот утре на мојов исконски народ и мојава исконска земја. Поради злосторни соседи.

Прочитај и за ... >>  Думање на голем и мал човек XXVII, 544-754

924. Животот има смисла само ако е живороден и животворен.

925. И што после мене? После мене ништо друго од мене.

926. Ниедна љубов како една.

927. Сѐ е наместо кога е според ред и поредок.

928. Се расте со знаење и собирање искуства.

929. Секогаш предоцна за некои нешта. Никогаш за сѐ до самоти смрт.

930. Што не ме одминало, во спомени останало.

931. Не кажувам за мене ништо што не било за добро и убаво.

932. Сѐ ќе дојде на свое место. А додека не дојде, ќе мораме со сѐ изместено. Но, може да дојде само од себе?!

933. Бесцелна е само безгрижната игра.

934. Стој во место додека не решиш каде само натаму.

935. Мора да биде зашто одамна ни е доста од ќе биде.

936. Будали владеат со паметни откако им успеа да ги распаметат.

937. Велиш дека имаш доста години. А за што?

938. Не мислиш на утре зашто не согледуваш до каде си денес.

939. Ги прифаќам какви што се само оние нешта кои сосем не зависат од мене.

940. Со тебе и некој што не сака искреност.

941. За тебе е добро да се знае што и кого почитуваш.

942. Блазе си ти штом имаш колку што ти треба и ништо не ти фали.

943. А што со љубов која не може да биде?

944. Се собрале уште двајца живи од многумина кои некогаш биле.

945. Изодуваш последен од неколку свои животни патишта?!

946. Знам за единствено дело на светот што му е достапно секому во негово време.

947. Огреало сонце, огреала месечина, а човек окован и фрлен во мрачнина.

948. Се издржало што било за да не биде. Ајде нека биде отсега.

949. Решив да молчам за мене.

950. Барем спокој меѓу радост, жалост и неминовност.

951. Секој наш чекор да биде поголем и постамен од чекорите на оние пред нас.

952. Творецот животвори ту во стварен ту во заумен свет. И меѓу нив.

953. Секој нов ден неповторлив. Ако сакаш да ти биде. Исто секоја нова ноќ.

954. Пред што било за живот, најпрвин стожери за стамено постоење.

955. Цврста е раката што помага.

956. Лирски:
Чувствувам дека скоро ќе бликне нов извор светлина во мене.

957. Го има кога бил.

958. Туркаш некако, а те туркаат секако.

959. Физички меѓу нас, а духовно во сите.

960. Прави добро и не дозволувај да ти направат какво било зло.

961. Ах, љубов таена.

962. Благодарен сум и за најмало добро.

963. Мултиполарен свет во мир, биполарен за војна.

964. Дрво со најдлабок корен најизвишено од сите околу него.

965. Внимавај кога избираш со кого оти не можеш сам.

966. Во мир на своја земја од искони.

967. Драгоцен секој миг со ближен.

968. Се чувствува сѐ последно.

969. Меѓу писателите многу лицемери, пакосници, зломисленици и злодејци. Зашто се некадарни да напишат нешто вредно. Скраја од нив.

970. За многу што знам, промислувам, предвестувам и создавам дела.

971. И во моиве многу години секакви изненадувања. За многумина несогледливи.

972. Никој не може ни да подзапре, а камо ли да сопре творец до неговите творечки врвови.

973. Многумина ем претаат во пепепл ем се прпелкаат во кал.

974. Кој сака, може да го знае она што го знам за мене и за сите.

975. Бидете сериозни во решавањето проблеми. Поедноставувајте, не проблематизирајте.

976. Јас свој, автентичен, неспоредлив, непореклив и неповторлив.

977. Исклучиелно и грандиозно творештво од мене, обичен стар бел дедо.

978. Проблемот на прилагодување на човекот на состојби, ситуации и собитија од ден на ден станува сѐ поголем. А за неприлагодени од ден на ден сѐ потешко.

979. Има различни мали и големи љубови. Никогаш две исти.

980. Секогаш доволно причини за да се истрае докрај.

981. Штом ќе станеш по паѓање-исправи се.

982. Кога мал ќе стане голем, тој е поголем од голем.

983. Откриваш и осознаваш траги, знаци, артефакти и документи за докажување вистини во минатото.

984. Не повторувај непотребно.

985. Правилата се за однесување и прифатлива живеачка.

986. Процесот на раслојување е секогаш динамичен, брз, а некогаш и драматичен.

987. Во брзаница и трчаница ништо докрај како што треба.

988. Мајстор и од ништо прави нешто за ништо.

989. И за тебе и за сите со тебе е добро да си го знаеш местото.

990. Ако си власт, докажувај се како власт.

991. Не следите или се преправате дека не ве интересира, па затоа нема далеку да стасате.

992. Прифаќате зашто не смеете да заостанувате.

993. Работиш за друг работејќи за себеси.

994. Денеска е веќе несносливо различно од денес вчера.

995. Радоста на создавањето ми е поголема од спокојот поради создаденото.

996. Радо би открил важно нешто за мене, ама уште не е време.

997. Нешто ти е сомнително, а се плашиш да не откриеш предоцна.

998. Љубовта е љубов со ништо во животот споредлива.

999. Слаб, но голем залак за голем и јак.

1.000. Ништо долгорочно не се решава со војна. Со долгорочен мир сè.

ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК XXVII

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.