Думање на голем и мал човек XXVII, 544-754

544. Бесмислено е да пробаме да бидеме што сме биле.

545. Ќе нè биде само со вредности на наши творци.

546. Толку многу глупави политиканти, да ги ринеш со лопата, и тоа дебело платени со народни пари.

547. Однапред знам што ќе се случува и затоа ништо не може да ме изненади.

548. Со мене можеш уште многу, но само ако ме имаш за свој.

549. Споделуваме вредности за заедништво.

550. Ништо не нè зближува, па им е лесно со нас на оние што разделуваат за да владеат.

551. Создавај, гради и не им дозволувај на политикантски болни умови да ништат.

552. Ем не знаат, а не разбираат, ем не поднесуваат, а не признаваат.

553. Се чувствуваат меѓусебно како да се заедно во љубов.

554. Неброени дела зад негови изброени години.

555. -Ти си ми познат.
-Си се препознал. Јас сум обичен човек.

556. Ни со тебе радикални промени. Те зедоа под рака.

557. Криминални политички партии со криминалци на чело се борат за нивни на власт.

558. Не верувам дека ќе разбереш и ако ти нацртам.

559. Не може одново, а нема што да се продолжи.

560. Сѐ и секој со своја убавина во секое време.

561. Во движење да си и кога стоиш во место.

562. Колкумина биле и се со тебе сами?

563. На маргините не е секогаш маргинално.

564. Изненаден си не само затоа што не беше подготвен, туку и не беше внимателен.

565. Твојот животен круг и без тебе е твој.

566. Лузни во твоето минато од минливи и безначајни луѓе.

567. Играј и пеј во безгрижност.

568. Се гледате продорно како да не се познавате.

569. Не престануваш да зборуваш, а сите те молчат.

570. Нема љубов во меѓувреме.

571. Никој како ти некој.

572. Шепотиш од што се плашиш да не те слушнат.

573. Не судите во името на народот зашто не сте зависни од него.

574. Сонцето на студ не милува.

575. Богат си колку што имаш.

576. Веќе не ветуваат, туку велат дека ќе биде тешко, но тоа е предизвик и затоа бараат да бидат власт.

577. Барем да пропаднат достоинствено. Но, ни за тоа не ги бидува.

578. Во негова сенка си дека е мудар и творец.

579. Барате оние што пливаат во матни води нив што поскоро да ги избистрат?!

580. Бизнисменски дунстер: снаодливец, измамник, крадливец и политикант.

581. До кога? Додека сме за никаде. Значи, уште незнајни долго.

582. Секој влог во творештвото, културата и образованието е благороден.

583. Трајни вредности во безначаен живот!?

584. Си дозволуваш да се срамиш од глупости на твојот предводник? Жив срам си!

585. Не се препознаваш меѓу некадарни, но остануваш во нивно друштво.

586. Зарем има некој што не ѝ верува на љубов?

587. Ниедно време не е за малодушни. Секое и секакво е за авторитетни и решителни.

588. Во семејство сите исто важни. Никој ни повеќе ни помалку.

589. Благодарен сум му на животот што ме научи на достоинство, стаменост и доблест.

590. Обземен од убавина совреме не согледува грдост.

591. Прифаќаш да си зависен на штета на твојата слобода?!

592. Ако можеш, избирај меѓу некаков и каков било живот.

593. Не болуваш, а снеможуваш. Е и не е од годините.

594. Ништо со нив зашто се за ништо.

595. Не знаеш што и како, ниту зошто и со кого.

596. Слободен си колку што не се прилагодуваш.

597. Живо е неговото дело зашто ја надминало границата меѓу минатото и сегашноста.

598. Или не им значиш или не им требаш, штом не можат да ти сторат ништо.

599. Мудрите не им дозволуваат на глупавите ни да дојдат до збор.

600. Страховлада секогаш за безогледен туѓин.

601. Дебело платени за дембелување.

602. Невидлив пламен на љубов до небо.

603. Последни зборови недоречени.

604. Од толку многу лажење веќе не знае што е вистина.

605. Го проби дното со последни сили и продолжи да паѓа во бездна.

606. Барем да не се лажеме кога немаме што да си кажеме.

607. Нема поголем будала од оној со кого будали прават подигравка.

608. Секој уште и подобро дури може.

609. Мислата во центар, чувствата околу.

610. Сѐ што вреди мора најпрвин да вреди за нас.

611. Компромисот сам по себе е чекор напред, а два чекора назад.

Прочитај и за ... >>  Думање на голем и мал човек XXVII, 153-357

612. Со сопствени сили безусловно.

613. Предолго претежок товар од грижи.

614. Споделивме лични маки, премрежја и грижи и станавме блиски.

615. Совреме догледуваш и согледуваш зашто не си слеп при очи.

616. Надежта е сѐ помала, а сомнежите сѐ побројнии и сѐ поголеми.

617. Личен беден живот заробен од стереотипи.

618. Меѓу многу љубови една прва и последна.

619. Неповторливо од нас за сите нас.

620. Не е добро кога е повеќе зошто отколку што.

621. До најдалечна цел многу блиски.

622. Не го убедувај оној што не сака да ти верува.

623. Пред голем човек ти со голема почит.

624. Не се менуваш, а напредуваш.

625. Си прегрмел многу, грми сѐ посилно, а ти никако да грмнеш.

626. Секоја нова неискачена планина од тешка потешка.

627. Во многу години само спокој и рамнотежа меѓу надворешниот свет и светот во тебе.

628. Биди прв и никогаш последен во она што си.

629. Се радувам на секоја средба со драга и сакана личност.

630. Не си, ниту можеш да бидеш свој во туѓ свет.

631. Би сакал да слушнам што премолчуваш.

632. Се собрале истомисленици да разменат мислења и ставови!

633. Не те сонам, а те мислам без престан.

634. Сѐ знаеш за мојата љубов, па не разбирам зошто сакаш да ти ја раскажувам.

635. Нема што да им докажуваш ни на себеси докажани.

636. Незаборавни ни се дамнешните години во кои сме биле.

637. Има нешта кои ни сами ни заедно не можеме да ги надминеме. Тоа е многу поразително.

638. Ти зборувам за тебе, ми зборуваш за мене, а ни збор за нас.

639. Лична си и личен сум, па меѓу нас нема безлични.

640. Според мене, јас сум најбогат човек на светот. Никој не создал толку книжевни и мислечки дела и никој не создава нови без престан.

641. Им пречиш, а не знаеш зошто. Прашање е дали тие знаат.

642. Творештвото е светлина на патот на очовечувањето на човечкиот свет.

643. Мојот спокој и мојата радост се на показ и доказ.

644. Многу не минува од минато на доблесни луѓе.

645. Никој никого нема само за свое добро.

646. Не престануваш да грешиш зашто си убеден дека не грешиш.

647. Брани ги невиноста и безгрижноста на детето во тебе.

648. Најмногу да си помагаме за здравје.

649. Мудри, стамени и доблесни луѓе од порази учат како до победа.

650. Еден успех за многу по него.

651. Со надеж ја храни својата љубов.

652. Веќе не може што сме можеле, а не било.

653. Собра нова сила душа напатена и премалена.

654. Издржа на нозе неспокој и сомнежи.

655. Сè повеќе сеедно зашто сè помалку сила против лошо и зло.

656. Вчера сал за себе, денес несносливо сал со себе.

657. Творечкиот дух во голем човек е неуморен и секогаш буден.

658. Убавите луѓе зрачат.

659. Страсниот оган се чини неугаслив.

660. Старец и дете во безгрижна игра без здив и време.

661. Се ослободила светлина од меѓу две мрачнини.

662. Сечие долго умирање е измачувачко.

663. Мртва партија на млади зелени, возрасни штетотинци и старци изветреани.

664. Решен е да си ја брани чесноста до последен издив.

665. На крстопат пред пресврт.

666. Те онемеа празни и излишни зборови.

667. Не може да не е љубов сега што била некогаш.

668. -Како живееш?
-Достоинствено.

669. Многу е жално кога се продлабочуваат далечините.

670. Сами луѓе заемно не се поднесуваат.

671. Исто и слично против различно.

672. Секако пред најпосле никако.

673. Во сечиј живот ѕвездени мигови.

674. Исправен и подготвен за нови неизвесности.

675. Најпрвин ти се прашуваш за тебе.

676. Смелост според годините. Ниедни без неа.

677. Изведи го на прав пат твоето потомство, па продолжете заедно.

678. Си успеал да ги заборавиш оние што ти сториле зло? Не е за верување.

679. Добро е човек да биде задоволен, но едновремено постојано да се труди да се надминува себеси.

680. Борба на сите за сечие добро.

681. Се вртите во круг од кој не можете да излезете.

682. Светот е мал за слободни и слободољубиви луѓе.

683. Признаваш дека не можеш без љубов која ти го радува срцето.

684. Го знаеш за мене она што сметам дека треба да го знаеш.

Прочитај и за ... >>  ЖИВОТВОРНА СОНЧЕВИНА, наративна поезија, 6

685. Повторувам зашто е важно да се знае и памети. За да не се повторува.

686. Со итроштини и будалаштини не се може против мудар човек.

687. Самосвесен и доблесен јунак над јунаци.

688. Јадни и гневни богатници зашто не се на власт.

689. Ним не им помага ништо промислено зашто не мислат.

690. Зошто да се среќаваме кога немаме што да си кажеме?

691. Ме озборуваш, а не ме ни познаваш!

692. Престани да скршнуваш од својот пат.

693. Пред тебе и со тебе да е секој што знае повеќе од тебе. Ако сакаш да учиш.

694. Не можеш да се вкорениш со туѓи корени во плодна земја.

695. Колку побавен чекор, толку подолг животен пат.

696. Се наметнуваш сосила додека имаш сила.

697. Гол камен пука на горешто сонце.

698. Народот ги плаќа, а тие аздисуваат!

699. Јас не знам за немоќна љубов.

700. Не може систем што не те засега.

701. Други ти се криви затоа што си сам крив.

702. Внимавај истовремено на себеси и на сите околу тебе. За да не се најдеш во небрано.

703. Имај само здрави амбиции.

704. Нема вистини за тебе штом веруваш во сопствените лаги.

705. Сѐ болезливо во нас и за нас кога е најпрво отруен воздухот што го дишеме.

706. Меѓу сите чекори што ги следам, најмногу сум сосредоточен на колебливите. Се надевам дека ќе успеам да ги престорам во решителни.

707. Не им играш оти не си по играњето, ниту ти е до играње.

708. Студот во коски од денес којзнае дали до утре.

709. Народните пари се најпривлечни за безделници, подлизурковци, без`рбетници, измамници и болно амбициозни политиканти.

710. Нема споделена одговорност.

711. Секое зло против конкретно добро.

712. Не ги сакаш сите исто и подеднакво.

713. Совеста казнува најмногу и најправично.

714. Те слушам што збориш дури дејствуваш или создаваш.

715. Љубов се огледува во твоите очи.

716. Секоја убавина е без почеток и крај.

717. Кога-тогаш е негација на никогаш, а секогаш е повеќе од некогаш.

718. Секогаш може поинаку за подобро.

719. Творештвото прво, па сѐ друго по него. Може и ништо по него.

720. Светот непресметлив и веќе свесно на раб на бездна.

721. Прво научи да преживееш, па полесно ќе живееш. И ќе цениш сечиј живот.

722. Не си свесен колку си влијателен. Зашто тоа не ти значи ништо.

723. На стари години животворноста е единствена.

724. Посакуваш да сме заедно, а многу нешта не сакаме да знаеме еден за друг.

725. Суетата е деградирачка за личноста еднакво како надменоста.

726. Внимавај кому му ја подаруваш твојата искреност.

727. Многу е важно е да си човек наместо.

728. За тебе не е добро да ја користиш зависноста од тебе.

729. Најдобро е да почнеш сам, па да продолжиш заедно со други.

730. На пресвртница сме. Мораме дури со старо во ново како ново.

731. Знаењето и чувствувањето на еднакво рамниште.

732. Немој ти како него. Тоа никому не му треба.

733. Единствено љубовта не ја губи силата од раѓање до смрт.

734. Бевме заедно, па никому ништо.

735. И нееднакви можеме да бидеме блиски.

736. Одамна ме изгуби, па затоа не можеш да ме најдеш.

737. Дека сме и тие се.

738. Уште колку време вака? Не е за прашување.

739. Сега си овде за како и до кога.

740. Се расправаме со факти и аргументи или сме во расправија без нив.

741. Искуството е драгоцено за конкретно дејство.

742. Сакам зашро знам што сакам и колку сакам.

743. Добро е зашто на лошото не му даваме да навлезе меѓу нас.

744. Од минатото за нас од нас и од други она што е уште живо.

745. Најголема радост е радоста со луѓе.

746. Со годините сѐ помалку чекаме и очекуваме, а сѐ повеќе исчекуваме.

747. Нешто менуваме во себе за цел.

748. Љубовта во нас додека сме.

749. Чистота зад тебе и околу тебе само со чесност.

750. Во конкретна опозиција подобро отколку на апстрактна позиција.

751. Загаден воздух од валкан и нечовечки бизнис.

752. Штом продолжува нешто недозволиво, нема друго освен радикална и жестока акција.

753. Служите за потсмев, но продолжувате да се глупирате.

754. Секогаш до овде и потаму.

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.