Думање на голем и мал човек XXVII, 358-543

358. Спокоен миг меѓу тежина и леснина.

359. Не дозволувајте кој било да ви го валка опстанокот.

360. Нема крај на борба против сила со сила.

361. Просечноста ја надминуваш со она што си и е од тебе. Се нарекува оригиналност.

362. Не те молчат они. Ти си ги замолчил.

363. Умноста не владее. Тоа не ѝ е својствено. Секому му е на располагање.

364. Неподносливо ниско ниво.

365. Човек е за сите луѓе исто како за себе.

366. Се нашле на полпат свој на свое и туѓ на туѓо, па побрзале да се оддалечат еден од друг.

367. Му минало времето. Нема никој свој.

368. Осамена љубов во безизлез.

369. Ништо побрзо и повеќе не уморува од исчекувањето.

370. Нема неранлив човек.

371. Поголема е слободата на мислата од слободата на говорот.

372. Учи се да ја препознаваш вредноста, а потоа да ја доживуваш и вреднуваш.

373. Без нас јас и ти.

374. Ем грдо лице ем мизерен карактер.

375. Тешко на народ со од туѓин натурени безобѕирни и безумни страховладеачи.

376. Во политиката личниот морал мора да биде на врвот. Во спротивно таа е политикантство.

377. Вчера така, денес вака, утре-никако секако.

378. Кучињата лаат одвреме-навреме оти се плашат, а не престануваат кога ќе се осилат.

379. Во немоќ пробуваат со сила.

380. На замрсено тешко му се најдува почетокот, потешко продолжението, а најтешко крајот.

381. Нема да бидеш штом не знаеш кој си и што си.

382. Не може делба за мир.

383. Реално и надреално во конкретно и апстрактно.

384. Лесно е кога е со лесно.

385. Не влегувај во жолчна расправа за што-годе. Ако влезеш, тешко ќе излезеш.

386. Ти се потсмеваат, а тебе ти се смешни.

387. За љубовта сè секогаш со љубов.

388. Секој ден многу од мене за вас, а ништо од вас за мене. Тешко дека може инаку.

389. Ти посакувам убав ден и спокојна ноќ.

390. Конечно си го фати патот по долго бесцелно скитање.

391. Жестоко против секое зло.

392. За мене само еден крај. Во бескрај.

393. Голем творец-со единствено и неповторливо дело.

394. Мој став за наградите:
Секоја награда или признание се сведува на нејзината/неговата парична или каква било друга вредност. Вклучително и Нобеловата награда.
Можеби значи нешто за творештвото или делото, пред сѐ за негова поширока афирмација и приопштување.
Не значи апсолутно ништо за творецот-неговиот автор.

395. Секогаш со јасни ставови и цврсти аргументи.

396. За тебе е сеедно вака или онака, но за мене не е така.

397. За мене нема место во несуреден свет.

398. Во многу години сè помалку промени.

399. Туѓо не ти треба, поготово какво што е.

400. Не бидува ни многу ни малку време само по твое.

401. Каде ти откога ќе се крене маглата со која покри сè?

402. Со луѓе не можеш и не смееш како сакаш. Мора како со луѓе.

403. Не премолчувај на своја штета.

404. Да нема залудно време за тебе. Користи го умно, разумно и рационално.

405. Љубовта постои или не постои. Инаку не може.

406. На крајот интересот решава сè. Во меѓувреме тој решава за да не се реши.

407. Не му дозволувај да те има в раце. Ќе те има додека му требаш, па ќе те предаде на немило и недраго.

408. Должен си му толку, што да не можеш скоро да бидеш слободен.

409. Достоен достојува и во најголемо невреме.

410. Добро е дека сме заедно и секој не трга само на своја страна.

411. Паметиш многу, ама тоа не ти помага сега.

412. Тешко друго од тебе отсега, кога беше со тебе досега.

Прочитај и за ... >>  Думање на голем и мал човек XXVII, 544-754

413. Се осилиле глупирајќи се и продолжувајќи со валканици.

414. Не се воздржувај ако знаеш. Дејствувај посветено.

415. Само јак и цврст може да се надмине себеси.

416. Уште доволно со мене.

417. Природата околу тебе и твојата природа како тело и душа.

418. Се разбира дека знам што сакам. Затоа не престанувам да барам.

419. Драго ми е што се познаваме.

420. Долг живот со многу падови при подем.

421. Силата на љубовта е неизмерна. Го знаеш тоа и ја чувствуваш во себе.

422. Не евтино или скапо, туку нужно или ненужно.

423. Наше потомство за наше продолжение.

424. Толку многу мислиме на денес, што немаме време да мислиме на утре.

425. Бесцелно ти, ако е и догледната цел недостижна за тебе.

426. Знаеш што сакаш, но ти фали време.

427. Не можеш да порекнеш, па ти пречи кога се нагласува.

428. Ништожни сме!
Творец создал големо дело, а ние го омаловажуваме и исмејуваме.

429. За простаци и полуписмени нешто е бесценето зашто нема цена.

430. Нè има сè повеќе кои заминуваме незабележливо.

431. Ни ја стегаат јамката околу вратот дека сме предадени.

432. Дибек напред, умен стој!

433. Крајна премаленост не ти дава да собереш нова сила.

434. Ме изнамачи, но сум задоволен од создаденото.

435. Кој не чита, залудно е да му прочитаат.

436. Не само не исти, туку не и слични.

437. Не е лесно, па обиди се да си олесниш.

438. Твојот успех да не е еднаш засекогаш.

439. Ништо не се случува без предзнак.

440. Откорна песна од тажно срце.

441. Се истури невреме во пустелија.

442. Многу време минато, сè помалу сегашно.

443. Љубов и пријателство во врска.

444. Во зајадлив и пакосен свет нема место за исклучителни творци.

445. Благодарни за заедништво со благородни.

446. Секогаш малку време за ново време.

447. Не е живот без животворност.

448. Во костец со неволи за волја.

449. Несоодветно време бара да му се прилагодиме.

450. Ја докажуваш својата независност со тоа што не дозволуваш да те вовлечат во партиски игри.

451. Идиотски е да се негира нечија несомнена вина.

452. Веќе немам верба и не очекувам ништо ни од овие ни од оние. А немам ни интерес.

453. Не се браниш од студено со топло, па ќе ти студи и на топло.

454. Што подалеку од луѓе со болни амбиции.

455. Секој сам на ветромет.

456. Човек живее од раѓање како човек.

457. Одлучувај навреме, ако не сакаш друг да одлучува за тебе.

458. Немој без мене за мене. Остави јас.

459. Љубовта ја таиш, а и таа се таи од други.

460. Не се може напред без напредни.

461. Со деструкција не се покрива сопствено валкано минато.

462. Скокаат зашто им гори под нозете.

463. Не иде модерно време без модерен живот.

464. Само со високи казни против незнаење и простотилак.

465. Упорно, упорно…Нема откажување!

466. Се разбира дека знам до каде на мои години.

467. Од сè му е доста оти за повеќе веќе нема волја.

468. Веќе не можеме како што можевме и се можеше. Па, да продолжиме инаку дури можеме.

469. Не е лесно, но да не дозволиме да биде уште потешко.

470. Не заостанувај зад нас.

471. Никогаш нема секогаш многу нешта за нас.

472. Не знам како сум ти помогнал, но тоа ми е драго.

473. И во политиката умешност и знаење.

474. Ако е сосила, не е како што треба да биде.

475. Ако е љубов, цел живот е.

476. Од почетокот најмногу зависи продолжението.

Прочитај и за ... >>  Возвишеност

477. Разбрани разбираат дека е нужно разбирање.

478. Не можете да барате нешто без да дадете исто или соодветно.

479. Нема никаков компромис доколку интересот не е обостран.

480. Помрачен ум за во мрачина.

481. Кој како научил и наумил.

482. Немерливо изгубено и неповратно. Сега како е, така е.

483. Можело подобро? Можеби може.

484. Не вреди да се секираш штом се разболе од секирации.

485. Не оди што не оди, но до кога?

486. Немало, нема, ниту ќе има за да имаш.

487. Не сакаат да знаат, па се прават наудрени.

488. Нека трае што подолго потребното минливо.

489. Подобро не како било штом не бидува.

490. Напредок кон, а не до совршенство.

491. Со љубов можеш многу.

492. Како вчера денес не може.

493. Труд, не мака.

494. Чувај си го здравјето за да не жалиш за него.

495. Внимавај да не влезеш во нечиј лавиринт.

496. Едни од корист, дурги за помош, трети во право време.

497. Далечините надминати, близостите непобедливи.

498. Само нека е со ред и да нема неред.

499. Културен го презира кичот, медиокритет се храни со него.

500. Длабока криза на сè пред војна.

501. Бранејќи туѓи вредности, ти ги браниш своите.

502. Сè според редот:
Сознаваш, дознаваш, откриваш, создаваш.

503. Помагаш споделувајќи.

504. Питомина за спитомување.

505. Лути се на себеси дека не сметаат на тебе.

506. Нужна е конкретна политика за конкретни дејствија и дела.

507. Милно се гласи љубов.

508. Сè после пред сè.

509. Од рано порано за да се стаса совреме.

510. Соголена лага од вистина.

511. Се исправил до небо, та никој не го догледува.

512. Ти недостасува откога не е. Долго беше со тебе.

513. Штом тргнало, да не застане.

514. Не зошто имаш ти, туку зошто немам и јас.

515. Никако да се ослободиш од товар кој го носиш во себе.

516. Работи денес за да ти биде сработено утре.

517. Коленичи уште одкога го симнаа од коњ на магаре.

518. Направи нова куќа за живот со своите ближни, а во неа он сам.

519. Оставината подели ја навреме како мислиш дека е праведно. За да не се закрват наследниците.

520. Беше човек за паметење, а го паметат малкумина.

521. Ништо не остана здраво по растурикуќи и неранимајковци.

522. Вкоренет во своја земја, заедно со вкоренети во своја.

523. Со тебе можам како со никој друг.

524. Без алтернатива крај.

525. Не се јуначи пред силник. Биди мудар.

526. Една врвица за двајца до заеднички врв.

527. Денеска и повеќе и поубаво и повредно од вчера.

528. Може да се оддолжи, може и да се одложи за некое време, но казната секако ќе те стигне.

529. Поднесуваат оставки за да ги снема.

530. Која надеж е последна?!

531. На крајот ли сме или пред крај?

532. Своеглавиот има тврда глава, а тврдоглавиот дебел врат.

533. Нека влезе ведрина во твојот дом.

534. Само ти си прав, а сите други се криви?! Тоа не може!

535. За никаде си ако си за вака или онака.

536. На сите им минува нивното време. Нашето не, доколку го имаме.

537. Тешко е, ама не си отежнувај.

538. Обемот и квалитетот најмногу зависат од талентот и континуитетот.

539. Љубов за среќа, радост и спокој.

540. Собирајте се барем одвреме-навреме. За да не се заборавите.

541. Меѓу мене и тебе изгубено време.

542. Скромноста често се судира со реалноста.

543. Коленичиш и се лакташ, а ти дошло време да се повлечеш.

ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК XXVII

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.