742. Мора внимателно и решително.
743. Несомнено е дека создаваш големо и несогледливо дело. Пред кое веќе многумина занемеа.
744. Одамна не си со драги луѓе. Единствен виновник е борбата за достоинствен живот.
745. Се кријат зад празни зборови.
746. Работиш макотрпно, а не знаеш ни за што ни за кого.
747. Станувај рано за убав ден.
748. Знај дека стојам цврсто на земја. Нема што да очекувам.
749. Со тебе сум ако сме заедно.
750. За љубовта е неважно тоа што љубовта му припаѓа на друг.
751. Тешко дека ќе опстане светот кога едно зло се победува со друго.
752. Не му дозволувај на сосед да ти се меша во животот за да те разнебити.
753. Забегана опозиција што ниту гледа, ниту слуша оти неминовно во бездна пропаѓа.
754. Светот ќе се уништи не со една, а со многу војни едновремено.
755. Заборавивме да играме, пееме, се веселиме. Од преголеми грижи и предолга борба за опстанок.
756. Тамам ќе направиме чекор напред, а мрачни сили нè враќаат назад.
757. Наместо ѕвездено небо-мрачно небо што го параат грмежи и молњи.
758. Ништожен не знае друго, освен да ништи.
759. Способен е зашто знае.
760. Безвреден живот не познава вредности.
761. Во љубов се. И ни малку ни многу.
762. Сè е менливо, но не сè и минливо.
763. Важна ми е судбината на моето дело, но јас не можам да ја сменам. Зашто е неминовна.
764. Напразно збориш кога не научиле да слушаат.
765. Ќе мислиме што и како откако ќе согледаме што е и како е.
766. Тврдиш дека ме знаеш, а не знаеш ништо од мене.
767. Ништо не работиш, ништо не правиш, ништо не градиш, ништо не создаваш?! Па како можеш!?
768. Ништо не се менува, а ти не си од вчера.
769. Во длабока старост сè од човек е последно до почеток на ново.
770. Што оти надежта последна умира кога е сè безнадежно?
771. Безогледни, а празноглави.
772. По многу години далеку еден од друг, не сме што бевме и не се препознаваме.
773. Како да не сум жив, а не сум ни мртов.
774. Многу повеќе вие без мене одошто јас без вас.
775. Ништо не е споредливо со дребнавоста на човек.
776. Насетуваш, предвидуваш, знаеш, па забрзано продолжуваш.
777. Вредностите мораме совреме да ги откриваме, ако сакаме да поживееме со нив.
778. Не реков ништо? Зборувам молчешкум.
779. Кога ќе исчезнам, ќе бидам исчезнат од животот засекогаш.
780. Создадов грандиозно дело кое на моите потомци никако не може да им помогне. Ни егзистенцијално!
781. Горчина во душата на поразен човек.
782. Ним им е сеедно што ги молчам, а тие се гневни на себеси оти не можат да ме замолчат.
783. Во мисла си ми, љубов, зашто мислам на нас.
784. Одиме напред до следно стоење во место.
785. Тајно ме читаш и тајно ме следиш. Како да се плашиш од мојата жива мисла.
786. Подобро непотребно одошто залудно.
787. Јас никаде не брзам затоа што никој, никаде и ништо не ме чека.
788. Им кажувам в лице за да им паднат маските.
789. Не му се предавам на животот, туку се борам за него.
790. Кој ви е интересот да сум со вас?
791. Ќе заминам тивко за да не ме жалите.
792. Им се отвориле живи рани на лактите и колената, но не престануваат да се лактаат и да коленичат.
793. Трупаш богатство, се изразболе од трупање, а не го трошиш. Зошто ти е?
794. Нема време за љубов само на крајот на животот.
795. Очекуваш светот да ти каже „фала“ зашто си го задолжил со своето дело?!
796. Мојата творечка енергија ѝ се потсмева на мојата Смрт.
797. Јас сум убав стар бел дедо, ама стар.
798. Зад секоја воена сила стојат геостратешкиот интерес и профитот.
799. Вештачката интелигенција е за човек да не мисли и да не учи.
800. Не земај сè здраво за готово. Поготово не готово.
801. Таа е помлада од него, а тој е стар за неа.
802. Ем премолчено прифаќаш од мене сознаено, ем премолчено го користиш како свое.
803. Дрско лицемерие на изроднички и предводнички политикант.
804. Провидна валкана геополитичка стратегија пред почеток на долготрајни војни.
805. Без оглед на последиците, колатералната штета во модерното војување станува сè побезначајна.
806. Самосвесност и достоинство пред сè друго. Во сè, особено во политиката.
807. Независен, а член на партија?!
808. Макар миг радосен во несовладлива самотија.
809. Ништо толку многу не ме погаѓа како нечие вредно, а заборавено минато.
810. Ништо мерливо во неизмерна љубов.
811. За кого јас? И за секого и за никого.
812. И голема и мала саможртва за добро на сите.
813. Вредно дело нема цена зашто не е на продажба.
814. Молк, тихување и спомнување на оние што оставиле длабока трага за своето постоење.
815. Ме боли што не знам дали мои драги луѓе се живи или мртви.
816. Сè поретко среќавам луѓе со широко срце.
817. Си слушнал дека е голем човек, а ништо не знаеш за него!
818. Задоволен си оти си сенка во нечија сенка?!
819. Против никого не сум и со никого не сум.
820. Си ја гледаш староста или таа те гледа тебе?
821. Љубов е кога сакаш и почитуваш.
822. Во војна нема ништо добро, луѓе божји.
823. Ако ме заборави, тоа значи дека немаш ништо од мене или со мене за паметење.
824. Навистина не знам зошто ти пречи моето дело, па го ништожиш!
825. Ме загрижива и ме плаши што се случува денес за утре.
826. Подмолно се истура зла крв меѓу луѓе, народи, нации и нивни држави. За завладување со светот.
827. Што добиваш дека си против мене?
828. Невреме на смрт навалило врз време на живот.
829. Меѓугенерациски јаз? Бездна!
830. Да не брзаш нигде. Сегде во вистинско време.
831. Ќе биде што не било зашто мора да биде.
832. Права љубов и збори и молчи.
833. Лошо ни се пишува штом дозволуваме да пишуваат за нас без нас.
834. Во свет на надмоќност и зависност ниту мали можат без големи, ниту слаби без јаки.
835. Единствен спас е со никого? Се чини невозможно.
836. Кога би знаеле какви премрежиња сум надминал во животот…Оние што знаат велат добро што сум уште жив.
837. Вие само продолжете со меѓусебното величање. Јас сум далеку од вас.
838. Вистина ви велам:
Ништо не ме интересира во врска со моето грандиозно творештво. Тоа може и да исчезне.
839. Што имаш ти лично од тоа? И зошто да имаш?!
840. Тие не се како нас, па затоа сме заедно.
841. Ако треба да се надминеш себеси за да признаеш нечија големина, ти си мал во споредба со неа.
842. Се правиш дека разбираш, а не разбираш ништо.
843. Добро, е некаков, ама е.
844. Не знам, но ќе научам и ќе ти кажам.
845. Нема средина меѓу крајности.
846. Никој за ништо не прави нешто, ако нема зошто.
847. Неизлечиво боледуваш од или по љубов.
848. Го криеш личниот интерес затоа што не ти е чист.
849. Како за многумина што биле, и за мене некој ќе се сеќава дека сум бил.
850. Кој од кој поголем партиско-опозициски кловн!
851. Од ден на ден станува сè побезочен политичко-политикантскиот простаклак што на тони го истура секој ден клинички мртвата СДСМ!
852. Секоја прикриена или сокриена вистина зад себе остава трага.
853. Демократијата ја докажуваат парламентарни апашишта со обезбеден имунитет?!
854. Се буди надежта наспоредно со растење на сомнежот.
855. Толку се бесрамно извалкани, што човек не може ни да ги гледа ни да ги слуша.
856. Не почна совреме да сечеш, па сега не можеш да корнеш.
857. Јас сум за држава и општество на култура и творештво.
858. Право без одговорност за партиско-политикантски хохштаплери.
859. Таиш љубов недокажана.
860. Мудроста има обврска совреме да ја разоткрива глупоста и во државата и во општеството.
861. Не знае ни што ни како, а е властодржец.
862. Никогаш не сум бил и не сум на власт затоа што мене таа не ми треба.
863. Пари за власт и пари.
864. Лицата им се грди како маски.
865. А бре, вие сте за во зандани! Не за на власт.
866. Еден од најголемите мислители и творци на светот меѓу нас? Зар е можно жив?!
867. Како е можно да ви е позната мојата дребнавост!?
868. Туркаш некако? Никако некако!
869. Излитени зборови во редови без меѓу редови.
870. Љубов, не ми треба ништо друго. Освен љубов.
871. Човек во лавиринт без излез-во војна против човек.
872. Партискиот војник е послушник, плашливец, слуга и комарџија.
873. Нема врска!
874. За мене ни збор во молк.
875. Омаловажува несомнена големина твојата дребнавост.
876. Сè потешка и понеизвесна борба на човекот не за достоинствен и пристоен живот, туку за гол.
877. Минливоста и безвредноста шират рамнодушност.
878. Никаков напредок со валкан политикантски бизнис. Ни стоење во место.
879. Човештвото на раб на бездна на смртта или веќе во неа!?
880. На големи и силни им се неопходни мали и слаби за да станат уште поголеми и посилни.
881. Љубовта и човештината-неразделни.
882. Добрина-доблест-достоинство.
883. Нечесни за чесност?!
884. За валкан профит и насилна и залудна смрт.
ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК XXV