498. Помрачен ум не излегува на виделина.
499. Стар бел дедо:
Ако ништо друго, почитувај ми ги барем годините.
500. Се сомневам во добри намери на голем и силен спрема мал и слаб.
501. Хохштаплери во политиката? Неизброиви.
502. Со мали и поправливи грешки-до голема и непоправлива.
503. Читам меѓу редови, слушам меѓу зборови, гледам меѓу слики, следам меѓу настани-и се загрижувам.
504. Силата на љубовта е независна и нескротлива.
505. Власта секогаш знае што прави и секогаш е свесна за последиците.
506. Силно ветриште ќе довее тешко време.
507. За тебе не знам, а за себе си знам.
508. Докажи за да ти верувам.
509. Бос не се оди по трнливиот пат на политиката.
510. Знаењето со искуство. Без него нема прав почеток и непречено продолжување.
511. Што да правиш кога не знаеш да правиш? Учи.
512. Еднаш ќе се изгориш и повеќе во оган нема да влегуваш.
513. До никаде со самоволие.
514. При напредок и внатрешната и надворешната убавина на виделина.
515. Се радуваш што се слушна со љубов по години незнаење ништо еден за друг. Љубов неугаслива.
516. Не може стар во чекор со млад. Но, треба зад него до премалување.
517. Во текот на секоја култура личности со бележити дела.
518. Јас и моето дело сме веќе долго ни на небо ни во земја. И ќе бидеме.
519. Што е епохално, а непризнаено творештво?!
520. Моќен му помага на немоќен за да остане немоќен и од него зависен.
521. Според она што се случува денес во светот, се загрижувам за нашето утре. Играме ли во игрите доволно мудро и претпазливо?
522. За мене и секако и некако. Прашањето е како натаму за нас.
523. Многу итроштина при малку мудрост.
524. Не можам со тебе толку слаб.
525. Мафијата брза да се врати на власт поради страв од конкуренција.
526. Што по продавање независност за многу пари?
527. Најпрвин прашај ја љубовта дали те сака.
528. Штом нема нов почеток, продолжува крпењето на животот.
529. Најтрагична последица на разочарувањето-рамнодушноста.
530. Не си добар штом духот не ти е здрав.
531. За нас се други времињава. Како што биле други времињата пред нашите.
532. Човек е задоволен од работата што ја работи, ако му е исто дали ја работи за себе или за друг.
533. Сиромавиот е уште посиромав, доколку му верува на богатиот, па уште и радо му слугува.
534. И голем и мал човек се думаат дали можат еден без друг.
535. Најголемо велепредавство е на народот и неговата држава за малку или многу пари.
536. Од љубов до омраза-изневера.
537. Што подалеку од оној со кого некогаш си бил близок.
538. Со помрачен ум на власт-во сè подлабок мрак.
539. Нема заедничка живеачка без споделување на добро и зло.
540. Сè совреме. И чистење на плевелот меѓу дожд и сонце.
541. Мудроста е секогаш жива и будна.
542. Не одлагај решение кое зависи исклучиво од тебе.
543. И за твои да работиш исто како за себе.
544. Пред донесување на каков било суд-тој со сè во врска со него низ сито и решето.
545. Не играј непозната или неразбирлива игра.
546. Со разбрана љубов без граници.
547. За да биде делотворен, творечкиот дух мора да е слободен, нескротлив, беспримерен и бескомпромисен.
548. Нема сомнеж без прикривање и сокривање.
549. Во сè посветено и страсно.
550. Творечкиот сомнеж е единствен создавачки.
551. Во нашево време е најважно да избираш за твојот личен напредок.
552. Залуден е твојот обид да ме создадеш каков што ти требам.
553. Најважна е твојата најголема цел во животот.
554. Успеа зашто никому не му успеа да го сопре.
555. Успех дури и по цена на здравје? Зошто?!
556. Љубов единствена,
Ние не сме заедно, ама сме.
557. Делотворноста на човек помалку зависи од здравјето и годините, а многу повеќе од бистрината на умот.
558. Оставам траги дека сум имал зошто да живеам.
559. Јас сум едновремено негде и сегде.
560. Сите ЗА и ЌЕ, а никој и никому ништо.
561. Безнадежно!
Се оддале на крадеж и грабеж на народот и неговата држава! Затоа што нивното ништење е при крај.
562. Најдалеку што можеш од кај што не те сметаат ни за жив човек.
563. Баш би сакал да не сум во право. Ама сум.
564. За тебе нема друго, освен постојано да докажуваш дека те бидува.
565. Стар бел дедо во заборав?! Во чиј?
566. Не сме заедно затоа што не си го дозволивме тоа.
567. –Кој си ти?
-Јас сум јас. А ти си некој?
568. Тебе љубовта ти е љубов, а ти нејзе не си ѝ ништо!
569. Залудно му збориш на оној што не те разбира.
570. За жалење си зашто ти е сè потешко да останеш свој на свое.
571. Има прашања кои човек си ги поставува на себеси и на кои сам си одговара.
572. Во живуркање она што најмногу му недостасува на богатникот: спокој и флегма.
573. Може да ти е денес сè исто како вчера, но не е можно и ти да си истиот.
574. Бегаш од вистина која си ја сокривал во лаги.
575. Несогледливи трагични последици од дибеци и шарлатани на власт.
576. Мајмунлаци за оковани мајмуни и меѓу мајмуни во мајмунски кафези.
577. Ми должат многу, а не ни помислуваат да ми возвратат како било.
578. Секогаш за љубов и разбирачка.
579. Гледаш светлина на крајот од тунелот, а не знаеш зошто си во тунел!
580. Не седи, не лежи. Работи што било. За здравје и здрав разум.
581. Судството се поправа?! Довербата во него расте?! Матната не се бистри со матење.
582. Метлата е уште зад врата. Нема кој да ја земе и да измети!?
583. Довербата скапоцена, а недовербата од ден на ден сè поскапа.
584. И доблеста почна да малаксува.
585. Уште ви треба време за да разберете дека се почнува со ловење на најголемите, а не на малите риби?!
586. Нема денес, а нема ни утре со изневерена надеж.
587. Уште ли ги оставате да спијат мирно и да тераат бизниси со украдени пари од народот?!
588. Не заслужуваме големи вредности и големи луѓе, доколку не знаеме и не умееме совреме да ги препознаваме.
589. Ситна душа и слабо срце во безвреден човек.
590. Љубов нема без разиграни срца.
591. И натаму јас неуморно, деноноќно? Да, дури сум жив и колку-толку здрав.
Повторливо:
Без оглед на сè.
592. Арамиите во политиката се само за арамилак. За ништо друго.
593. Еден и единствен отсекогаш, секогаш, засекогаш.
594. Не барам баш ништо. Доста ми е од сè!
595. Никогаш не мислиш само на себе.
596. Најмногу доволноста ти го чува здравјето.
597. Во сечиј живот изброени незаборавни драги луѓе.
598. Две љубови секогаш доволно далеку и близу.
599. За замислување:
Огромно мислечко и книжевно творештво на стар бел дедо што го нема никаде.
600. Помисли некогаш на мене во твоето време.
601. Секој со себе и во себе прво за себе, па после за други.
602. Не гледам телевизија и не слушам радио поради новинарската полуписменост и презентерското незнаење на македонскиот правоговор-акцентуацијата, интерпункцијата и изразните форми.
603. За да биде продуктивна, човечката творечка енергија мора најпрвин да биде апсолутно слободна.
604. Ништо не оставам во моето време. Во него е сè мое.
605. Моето творештво:
Несопирливо, беспоговорно и никогаш доречено.
606. Те почитувам, ме почитуваш, па-сè или ништо друго.
607. Само ти одлучуваш некој твој проблем да биде мал или голем.
608. Ах, љубов жизнена, незаборавна, непрежалена.
609. Голема срамота е, ближен, што не знаеш, ниту, пак, те интересира дали сум уште жив.
610. Го создаваш и го градиш својот живот најмногу сам.
611. Арогантноста на голем спрема мал и силен спрема слаб е главна одлика на европскиот наци-фашизам.
612. Од ден на ден во светот сè повеќе се распалува непријателството меѓу народи и нации. За да се прекрои и преуреди светот.
613. Геноцидот и етноцидот врз исконски народ е злосторство против човечката цивилизација.
614. Само вредностите на кои се темели животот се трајни. Сè друго е минливо и менливо.
615. Лажливецот прв, а неретко и единствен се дави во сопствена лага фекалска.
616. Исти се никакви, а различни секакви.
617. Без род си и допрва ќе бидеш ништо.
618. Љубов крепи снага премалена.
619. Истрајувам и траам.
620. Пред очи ти е, а не го откриваш. Затоа што не го препознаваш.
ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК XXV