895. Народен
Еден човек голем и мал, со народ, со живот и дело за свој народ.
896. Имањето и честа
Колку да има, ако чест немаш ништо немаш.
897. Потрошено време
Си почнал одамна, а дури сега почнуваш.
898. Условеност
Слободна и независна мислечка и творечка личност-најпрвин натпартиска.
899. Свој
Секогаш свој на свој пат.
900. Заканувач
Баш затоа што си посилен од мене, немој да ми се закануваш како силник. Не ти личи.
901. Таа ем
Ем учена неодучена, ем партиска наудрена.
902. Ништо, никогаш и нигде
Ни од тебе нешто, ни со тебе кога било и каде било, ништожнику!
903. Западот
Од Западот не само што одамна нема ништо ново, туку старото е одамна гнило и нечовечко.
904. Во неврат
Ме има, ќе ме има, а ме нема.
905. Пред силен и богат
Да, многу си силен и богат. Многу повеќе силен одошто богат. Па што?
906. Злоставување
Злоставуваат народ и безочно го ништат. Зашто се сојузиле со силници исти како нив.
907. Партиски властодршци
Измеќари на туѓински силници, безобѕирни изродници, бедници-проклетници.
908. Луто
Кој си бре ти што му се закануваш на народ исконски, ѓубре низаедно геостратешко?
909. Мораш
Народе, мораш да се пресметаш со изродничкава и мафијашка багра властодржачка. За да бидеш.
910. Плашт
Под плаштов демократски страховладеачки и мафијашки идиоти.
911. Дијагноза
Политичкиот идиотизам на натурени партиски властодршци е патолошки.
912. Кој од кој побудала
Секакви будали и изветреана политикантка утврдија „потреба“ од уставни промени!
913. Лажливец
Тврдиш дека не лажеш, а не докажуваш со аргументи и факти.
914. Докажано
Нема спас од партиски будалишта на власт. Не се бројат, ко оси се ројат.
915. На чекор до
Народот заспан и испоплашен, а багра на власт е на чекор до најголемото предавство во историјата на човечката цивилизација!
916. Заборавени
Многумина блиски и далечни во мојот заборав, а неколкумина не дури сум жив.
917. Радосен миг
Моја радост поради завршено дело? Знам за голема од моите младешки години. Сега само миг.
918. Верба
Не се ништат откриени и осознаени длабоки корени на исконски народ.
919. Надежно прашање
Дали скоро апашиштава на власт во мрачнина, а доблесните конечно на виделина?
920. Невозможно
Не може да веруваш, а да не се надеваш. Надежта умира последна, а нема живот без верба.
921. Тапоумни
Не знаат, а се прават зналци, не учат а се прават учени, недоветни се а се прават наудрени.
922. Платенички слуги
Сè вредно обезвреднуваат безвредни.
923. Предавниците
Ќе избегаат или ќе се кријат од народот, а нивните поколенија ќе се срамат дека се нивни.
924. Паѓањето и семето
Крушата под круша паѓа и ќе изгние ако некој не ја собере или ѝ е неплодно семето.
925. Впрегнати коњи
Коњите што сте ги впрегнале не се наши. Ние коњи за трки имаме.
926. Уплав на изветреан
Изветреан најмногу се плаши лут ветар да не го одвее.
927. Заедно во сон
Цела ноќ бевме заедно во спокоен сон, љубима.
928. Ма ништо чудно!
За чудење ли е како самоволно и послушно скокаат и заглибуваат во предавничка кал?
929. Парадоксално?!
Не е сè во парите, а нема ништо без пари!