ДУМА, ОПИТ, УКА

Потребно време за читање: 15 минути

92. Книга-Читање

Книгата е најдобар пријател на човекот? Може да биде ако е тој со неа, ако му е при рака секогаш кога ќе му затреба. И не една книга, туку секогаш една и повеќе, со многу. Зашто во никоја нема сè, за сè, а секогаш за едно или многу нешта.

Поважно од сè: без оглед во која форма-хартиена или електронска, голем грев е да се остави книгата да ја покрива прашина, да се души во неа.

Читај непрестано, колку можеш повеќе, дури очи не си умориш. Ако не читаш, не ќе знаеш да изделуваш добро од зло, вредно од невредно. Не ќе знаеш што е од добро подобро, што е најдобро; а нема ни да го препознаваш лошото, грдото, безвредното.

Да се чита сè и сешто, што било? Се разбира не, ама не и нешто однапред да се трга настрана, да се фрла, да се отфрла, да им се остава на правта, пајажината, на заборавот непрочитаното, непознатото. Тоа барем да се прочита, без предубедувања, без туѓи или прифатени наметнати ставови и оценки; да се оценува, вреднува според сопствени критериуми и знаења.

Која е разликата помеѓу читање и прочитување? Голема и едноставна, а одамна затврдена и позната:

Се чита постојано, одново и одново, одвреме-навреме, во свое вистинско време. А се прочитува еднаш и се остава настрана, во некој агол на заборавот.

Македонски народни пословици и изреки

Којшто знаи книга, поеќе знаи да се моли на Бога.

Не знај да напое магаре вода, а не да пиши книга.

Пеит песна како да гледа на книга.

Пословици и изреки од народи во светот

Три дена немој да читаш книги и твоите зборови ќе ја изгубат убавината. (Кинеска)

Книгата е како градина в џеб. (Кинеска)

Не е учен оној што чита книги, туку оној кој знае што чита. (Романска)

Латински изреки

Варди се од човек кој прочитал само една книга.

Секоја книга има своја судбина. Онаква каква што ќе ја сфати читателот.

Домисла, гесло, мисла водилка

Книгата е повредна од сите споменици украсени со слики, релјеф и резба, зашто таа самата гради споменици во срцето на оној што ја чита. (Египетска-Запис од „Новото царство“)

Книгата е начин вашата фантазија да стане дива и слободна.
Анонимус

„Еднаш одамна“ е една од најволшебните фрази што ќе ги прочитате кога било.
Анонимус

Не влегувајте во врска со некој што не поседува ниедна книга.
Анонимус

Рекле, издумале

Со длабока верба во вистинитоста на своето убедување, им зборувам на сите: сакајте ја книгата, таа ќе ви го олесни животот, пријателски ќе помогне да се снајдете во шарениот и бурен сплет на мисли, чувства и настани. Таа ќе ве научи да го оцените човекот и да се оцените себеси; таа им дава крилја на умот и срцето, чувствување љубов спрема светот, спрема човекот.
Максим Горки

Книгите се студени, но сигурни пријатели.
Сократ

Да се остане рамнодушен спрема книгата, значи лекомислено да се осиромаши својот живот.
Иво Андриќ

Не е важно колку книги имаш, туку колку добри.
Луциј Анеј Сенека

Нема толку убав мебел како што е книгата.
Логан Пирсал Смит

Книгите се како храна: содржат нешто од добрите, а нешто и од опасните состојци.
Џон Милтон

Да се убие книга е речиси исто што и да се убие човек. Оној што уништува книга, го убива самиот разум. Добрата книга е животна крв на возвишен разум.
Џон Милтон

Понекогаш сум читал книга со уживање, а сум го мразел авторот.
Џонатан Свифт

Добриот роман ни зборува вистина за неговиот главен јунак; лошиот роман ни зборува вистина за неговиот автор.
Гилберт Кит Честертон

Голема е разликата меѓу горлив човек кој сака да прочита книга и уморен човек кој сака некоја книга што би ја прочитал.
Гилберт Кит Честертон

Денес писателот заменува свештеник…тој утешува, осудува, пророкува. Неговиот глас не одекнува во бродот на црквата, туку громогласно се разлева од едниот до другиот крај на светот.
Оноре де Балзак

Читањето ни донесува непознати пријатели.
Оноре де Балзак

Со книгите е како со луѓето: мал број од нив игра значајна улога, додека останатите се губат во мноштвото.
Франсоа-Мари Аруе Волтер

Имав во животот само еден вистински искрен пријател: книга.
Франсоа-Мари Аруе Волтер

Ништо не е полесно одошто да се напише книга, освен можеби лоша критика.
Франсоа-Мари Аруе Волтер

Книгата во целост е пат од зло кон добро, од вина кон правда, од погрешно кон вистинито, од ноќ кон ден.
Виктор Иго

Да се научи да се чита значи да се запали оган; секој слог што е напишан е искра.
Виктор Иго

Добрата книга е наследство на целиот свет.
Папа Климент XIV

Авторите се како и парите: стануваат сè повредни колку што се постари. Патината е она што се цени, а не златото.
Александер Поуп

Ако има златни работи на овој свет, тогаш тоа е книгата. Никогаш во помала рамка не се собрале повеќе драгоцени работи и никогаш вистинско злато не можело да се купи поевтино одошто во форма на книга.
Богдан Поповиќ

Нема ни најдобро ни најлошо во книга која е неразбирлива.
Фридрих Вилхелм Ниче

Често повеќе сум уживал во доживувања читајќи некоја новела, одошто во сопствени.
Вилијам Хазлит

Целта на добрата книга е да го оспособи читателот или да живее подобро или подобро да го поднесува животот.
Семјуел Џонсон

Човек на една книга сите други би ги ставил на клада.
Милован Витезовиќ

Дружењето со лоши книги е поопасно одошто дружењето со лоши луѓе.
Вилхелм Хауф

Најдобрите книги се најдобро друштво.
Филип Стеноп Честерфилд

Новите книги имаат една голема мана: нè спречуваат да прочитаме стари.
Жозеф Жубер

Големите дела настанале со помош на генијалноста, а довршените со трудољубивост.
Жозеф Жубер

Соба без книги е слична на тело без душа.
Цицерон

Да се направи библиотека дома, значи да ѝ се подари душа.
Цицерон

Колку има луѓе на чии библиотеки како на шишенца со лекови би можело да се стави натпис: „Само за надворешна употреба“.
Алфонс Доде

Библиотеките му донесуваат светлина на нашиот дух, а им одземаат јакост на нашите очи.
Аугустин Тин Ујевиќ

Книгата не е храна, но е десерт.
Аугустин Тин Ујевиќ

Книжевникот пишува, а политичарот отпишува.
Аугустин Тин Ујевиќ

Автор кој зборува добро за своите книги прави грешка како и мајката која ги фали своите деца.
Бенџамин Дизраели

Има книги во кои забелешките на читателите допишани на маргините се поинтерсни од самиот текст. Светот е една од таквите книги!
Џорџ Сантајана

Колку нашето познанство со добри книги се шири сè повеќе, толку станува потесен кругот на луѓе со кои ни е угодно да општиме.
Лудвиг Фоербах

Човек кој не чита добри книги, нема никаква предност во однос на оној што воопшто не знае да ги чита.
Марк Твен

Добри пријатели, добри книги и чиста совест: тоа е идеален живот.
Марк Твен

Моите книги се како вода, додека книгите на големите гении се како вино. За среќа, сите луѓе пијат вода.
Марк Твен

Биди внимателен при читање книги за здравјето. Би можел да умреш поради печатна грешка!
Марк Твен

Не читајте за да противречите, ниту да го примите за готово она што пишува, туку за да мерите и расудувате за она што сте го прочитале.
Френсис Бекон

Некои книги треба да се вкусат, други да се проголтаат, а само некои да се соџвакаат и сварат.
Френсис Бекон

Слушателите и читателите не слушаат и не читаат за да го дознаат вашето мислење, туку за да го слушнат одекот на своето сопствено мислење.
Валтер Сејвиџ Ландор

„Кажи ми што читаш, па ќе ти кажам кој си“, тоа е вистина, но подобро ќе те запознам ако ми кажеш што читаш повторно.
Франсоа Моријак

Оние што читаат, знаат многу; оние што посматраат, знаат уште повеќе.
Александар Дима, синот

Да се чита, значи да се мисли со некој друг.
Емил Фаге

Често читаме со повеќе талент отколку кога пишуваме.
Ралф Валдо Емерсон

Некои книги нè оставаат слободни, а некои нè прават слободни.
Ралф Валдо Емерсон

Што е книга? Сè или ништо. Око кое гледа сè.
Ралф Валдо Емерсон

Не е доволно да се биде само надарен за да се стане писател. За да се напише книга треба да се биде човек.
Ралф Валдо Емерсон

Читањето на некоја забавна книга е корисно за здравјето, како и телесното вежбање.
Имануел Кант

Во природните науки подобро е да се читаат најновите книги, во книжевноста најстарите.
Едвард Џорџ Балвер Литон

Има многумина луѓе кои читаат само за да не мораат да мислат.
Георг Кристоф Лихтенберг

Оловото во светот изменило многу повеќе нешта од златото, а во шаржерот повеќе одошто во пушката.
Георг Кристоф Лихтенберг

Сигурен знак за добра книга е таа да ни се допаѓа колку што сме постари.
Георг Кристоф Лихтенберг

Книга која прва на светот би била вредна да биде забранета би била-индекс на забранети книги.
Георг Кристоф Лихтенберг

Да се инсистира некој да памети сè што кога било прочитал, би било исто и да се инсистира сè она што кога било го изел секогаш да го носи во себе. Од ова живеел телесно, а од она духовно и така станал она што е.
Артур Шопенхауер

Да се купуваат книги би била добра работа кога би можеле да купиме и време да ги прочитаме.
Артур Шопенхауер

Кога бев млад, обично читав за нешто да научам, а денес читам за да заборавам.
Џовани Папини

Се плашиме од самотијата што нè опкружува, па затоа ги довикуваме мртвите и живите во форма на книги.
Џовани Папини

За добро да разбереме некоја значајна книга, би требало целата да ја препишеме.
Џовани Папини

Се плашам од човек кој прочитал само една книга.
Тома Аквински

Некои книги се незаслужено заборавени; ниедна не е незаслужено запаметена.
Вистан Хју Одн

Постојат книги што се лесно напишани, но тешко се читаат, како што постојат тешко напишани книги што не се читаат лесно. Но, постојат и лесно напишани книги што се читаат радо, како што постојат и тешко напишани книги што се читаат со задоволство.
Густав Крклец

Кажи ми што читаш и јас ќе ти кажам кому си му ја украл таа книга.
Иља Арнолдович Иљф

Никогаш уште книги не се гореле без човечки оган.
Мирослав Крлежа

Кога се горат книги, тогаш по правило пукаат и човечки коски.
Мирослав Крлежа

Кој пишува големи книги? Тоа не сме ние што се потпишуваме.
Хенри Милер

Треба да се види светлина во мртвите букви на книгата.
Милутин Цихлар Нехаев

Книгата е голема работа, ако човек умее со неа да се користи.
Александар Александрович Блок

Сите книги на светот би требало да бидат книги на утеха, толку има несреќни на земјата.
Јован Дучиќ

Мечот и книгата се две спротивности со различни субјекти. Мечот иде, а книгата си оди.
Миха Јозеф-Бердичевски, Бен Гурион

Книгата е само сенка на животот, животот во својата старост.
Миха Јозеф-Бердичевски, Бен Гурион

Нема морални или неморални книги. Книгите се или добро или лошо напишани. Тоа е сè.
Оскар Фингал Вајлд

Ако не можете одново да уживате во повторно читање на некоја книга, нема причина воопшто да ја читате.
Оскар Фингал Вајлд

А што се однесува на книгата која труе-такво нешто нема. Уметноста нема влијание врз нашите дела. Таа ја убива желбата за делување. Таа на некој прекрасен начин е јалова. Книгите кои светот ги нарекува неморални се оние во кои се огледа неговата срамота.
Оскар Фингал Вајлд

Книгата е-волшебник. Книгата го преобрази светот. Во неа е паметењето на човечкиот род, таа е толкувач на човечката мисла. Свет без книга-свет е на дивјаци.
Николај Александрович Морозов

Никогаш не го пишувам своето име на книги што ги купувам пред да ги прочитам, зашто дури тогаш можам да кажам дека се мои.
Карло Доси

Некогаш се пишувале книги, а денес единствено фрагемтни на книги. Кога се изел лебот, останаа трошки.
Карло Доси

Книгата е жив глас, тоа е дух кој чекори по Земјината кора. Таа продолжува да биде жива мисла на некое лице од кое нè делат време и простор.
Едмондо де Амичис

Читањето не значи учење; читањето е уживање, а учењето напор; навистина, сите читаат, а многу малку учат.
Едмондо де Амичис

Живееме отповеќе меѓу книги, а премалку во природа, и сме налик на оној глупав Плиниј Помладиот што проучувал еден грчки говорник додека пред негови очи Везув покрил пет града со својата пепел.
Анатол Франс

И за книгите вреди она што го забележуваме кај ќибритите: колку се полоши, повеќе ги трошиме и трговецот повеќе ги продава.
Јанез Менцингер

Мажот понекогаш во книга бара вистина; жената во неа секогаш бара само илузии.
Едмонд

Една книга никогаш не е ремек-дело: таа тоа може допрва да стане.
Едмонд

Во секоја работа подобро е малку, но добро, одошто многу и лошо. Исто така е и со книгите.
Лав Николаевич Толстој

Ако е книгата вредна за читање, вредна е и за купување.
Џон Раскин

Книгите можат да се поделат во два вида: книги за еден час и книги за цел живот.
Џон Раскин

Книгите се натрупано богатство на светот, достојно наследство на генерации и народи.
Хенри Дејвид Торо

Книгите мора да се читаат исто така разборито и внимателно како што се и пишувани.
Хенри Дејвид Торо

Колку ли само луѓе започнале нова ера во својот живот откако прочитале книга!
Хенри Дејвид Торо

Читај ги прво најдобрите книги, зашто можеби нема да имаш шанса како било да ги прочиташ!
Хенри Дејвид Торо

Избрана лектира на големи писатели е дел од нашето одгледување и поука.
Николо Томазео

Книгите ме учеа да ги сакам луѓето и добродетелта, но книгите, луѓето и добродетелите ме предадоа.
Уго Фосколо

Бидејќи воопшто не можев да сознаам по читање на многу книги и длабоки размислувања зошто живеам, малку ми е гајле како живеам и уште помалку колку ќе живеам.
Уго Фосколо

Некогаш книгата била реткост на сметка на напредокот на науката. Сега токму нивното мноштво го збунува и го спречува сопственото мислење.
Карл Јулиус Вебер

Книгата на писателот му е она што на убавиците им е одразот во огледало.
Јохан Пол Фридрих Рихтер

Твојата речита книга учи на многу што ново и вистинито, само кога вистинитото би било ново и кога новото би било вистинито!
Хајнрих Вош

Всушност, учиме само од оние книги што не сме кадарни да ги оцениме. Авторот на книга која би можеле да ја оцениме би морал да учи од нас.
Јохан Волфганг Гете

Има книги од кои сознаваме сè, а сепак на крајот не сфаќаме ништо.
Јохан Волфганг Гете

Сè додека човекот не ги прочитал сите стари книги, нема никаква причина да му претпоставуваме нови.
Шарл Монтескје

Не знам ниеден проблем кој со час време читање не го ублажил.
Шарл Монтескје

Читањето за мене отсекогаш било врвен лек против сите одвратности во животот и секоја тага само еден час читање би успеал да ја распрсне.
Шарл Монтескје

Попотребно е да се проучуваат луѓе одошто книги.
Франсоа Ла Рошфуко

Ниедна книга не е толку лоша за да не биде корисна за нешто.
Плиниј Помладиот

Книгите се сложени од зборови. Зборовите вредат само според мислите. Мислите имаат свое потекло кое не може да се изрази само со зборови. Според тоа, разговорите што луѓето ги ставаат во книги и што тие ги сметаат за драгоцени всушност сè безвредни.
Чуанг-Це

Книгите секогаш имаат повеќе дух одошто луѓето што ги среќаваме.
Луиз Максимилиен Каролин Емануел д Столберг-Гедерн, контеса од Албани

Книгата им се допаѓа на сите дури тогаш, кога никој повеќе не ја чита.
Габриел Лауб

Разликата меѓу она што сте денес и она што ќе бидете за пет години ќе зависи од квалитетот на книгите што ќе ги прочитате.
Џим Рон

Не е работата во тоа колку чини книгата. Работата е во тоа колку тебе те чини да не ја прочиташ.
Џим Рон

Нема книга во која не се наоѓа нешто добро.
Мигел де Сервантес

Книгата е голема ствар, ако човек умее со неа да се користи.
Ернст Блох

Носи стар капут и купи нова книга.
Остин Фелпс

Идеите што ми го променија животот ги добив читајќи.
Бел Хукс

Читањето добри книги е како разговор со најврвни луѓе во минати векови.
Рене Декарт

Вистински универзитет на денешното доба е колекција книги.
Томас Карлајл

Книгите можат да бидат опасни. На најдобрите би требало да се стави преупредување: Може да го промени Вашиот живот.
Хелен Ексли

Секогаш кога ќе дојдам до нешто пари, јас купувам книги. А ако нешто остане, купувам храна и облека.
Еразмо Ротердамски

Книгата  е единствената пренослива магија.
Стивен Кинг

Книгите кои најмногу помагаат се оние поради кои најмногу се размислува.
Теодор Паркер

Постои и поголем грев од горењето книги, а тоа е-да не се читаат книги.
Јосиф Бродски

Сè на светот постои за конечно да се најде во некоја книга.
Стефан Маларме

Читај за да живееш.
Гистав Флобер

И самото сознание дека на крајот на денот те чека добра книга го прави денот повесел.
Кетлин Норис

Книга која сака да трае е онаа што може да се чита на различни начини. Во секој случај, треба да овозможи различно, променливо читање. Секоја генерација чита големи дела на поинаков начин.
Хорхе Луис Борхес

Рајот отсекогаш сум го замислувал како своевидна библиотека.
Хорхе Луис Борхес

Нека други се фалат со книги што им е дадено да ги напишат. Јас се фалам со оние што ми е дадено да ги прочитам!
Хорхе Луис Борхес

Пред да искинеш лист од книга, погледај да не е можеби твоја.
Мери Сомервил

Книгите се нашите најтивки и најверни пријатели, најлесно е да се дојде до нив, даваат најмудри совети и се најтрпеливи учителки.
Чарлс Вилијам Елиот

Книгите се очила низ кои го гледаме светот.
Едуард фон Фрајхер Фејхтерслебен

Човек кој чита треба да биде човек кој е интензивно жив. Книгата би требало да биде кугла на светлина во нечија рака.
Езра Паунд

Често ќе согледаш дека книгата е подобар пријател од човекот.
Луиџи Сетембрини

Освен песот, книгата е човековиот најдобар пријател.
Граучо Маркс

Класични дела се оние книги што ги фалат сите, а никој не ги чита.
Ернест Хемингвеј

Читањето е едно од големите задоволства што ви ја овозможува самотијата.
Харолд Блум

Јас никогаш не сум верувал дека критичарот му е соперник на поетот, но јас верувам дека критиката е книжевен жанр или тоа не постои.
Харолд Блум

Само љубовта спрема читањето може да спречи зло кое извира од ограничени луѓе околу нас.
Елизабет Хамилтон

Колку човечката природа е уште толку слаба како во книжарница!
Хенри Вард Бичер

Нашиот живот е книга која се пишува сама. Но, понекогаш не разбираме што сакал да каже авторот.
Џулиен Грин

Никогаш не судете книга според филм.
Џејмс В. Еган

Најдобри се оние книги за кои секој мисли дека би можел самиот да ги напише.
Блез Паскал

Повеќе вредни идеи може да се најдат во најмала книжарница, одошто во цела историја на телевизија.
Ендрју Рос

Нема пошармантен мебел од книги.
Сидни Смит

Книжевноста го открива она што стварноста го сокрива.
Џасмин Вест

Што е друго читањето, ако не разговор во тишина?
Волтер Севиџ Лендор

Библиотеките не се прават, тие растат.
Августин Бирел

Избирајте писател како што би избирале пријател.
Вентворт Дилон

Главно низ книгите уживаме во општењето со надмоќни умови. Во најдобрите книги авторите ни се обраќаат, ни ги даваат своите највредни мисли и ја излеваат својата душа во нашите. Фала богу на книгите!
Вилијам Елери Ченинг

Дел сум од секоја книга што сум ја прочитал.
Џон Кјеран

Според моето искуство, книгите имаат моќ да го запрат времето, да те вратат во минатото или да полеташ во иднината.
Џим Бишоп

Денес никој не чита книги зашто сите ги пишуваат.
Милан Гутовиќ

Всушност, телевизијата е многу поблиска до стварноста одошто книгите. Лудилото на телевизијата е лудило на човечкиот живот.
Камил Ана Паглија

Библијата  е една од најгеноцидните книги во историјата.
Ноам Чомски

Бракот е книга која радо се чита во прво издание, поретко во второ, а кога ќе застари станува класична, тогаш губи секоја вредност.
Бранислав Нушиќ

Читај. Читај. Читај. Немој да читаш сам еден вид книги. Читај различни книги од разни автори за така да развиеш различен стил.
Роберт Лоренс Стајн

Добрата книга е настан во мојот живот.
Мари-Хенри Бејл Стендал

Добро е правилото по читање на добра книга да не си допуштиш на себеси да прочиташ уште една нова додека не си ја прочитал старата уште еднаш помеѓу.
Клајв Стејплс Луис

Јас бев со книга како што е жената со дете.
Клајв Стејплс Луис

Не можам да замислам човек да ужива во една книга и само еднаш да ја прочита.
Клајв Стејплс Луис

Книгите се како огледала: во нив го гледаш само она што го носиш во себе.
Карлос Руиз Зафон

Состојба на занес доживувам кога ќе прочитам прекрасна книга, но тоа не се случува секогаш или секој втор пат, а кога ќе се случи тоа навистина сум надвор од себеси.
Нора Ефрон

Секоја од моите книги ме убила малку повеќе.
Норман Мајлер

Сум украл идеи од секоја книга која сум ја прочитал кога било.
Филип Пулман

Секогаш пишувам во трето лице, и не мислам дека раскажувачот е машко или женско. Тие се обајцата, и стари и млади, и мудри и смешни, и скептични и лековерни, и невини и искусни, сè во исто време. Раскажувачите воопшто не се луѓе, тие се дух.
Филип Пулман

За успехот на секој навистина голем човек обично е заслужна некоја добра книга.
Рој Л. Смит

Работите кои сакам да ги знам се во книгите. Мој најдобар пријател е оној што ќе ми донесе книга која сè уште не сум ја прочитал.
Абрахам Линколн

Книгите служат за на човекот да му покажат дека тие негови изворни мисли сепак не се баш нови.
Абрахам Линколн

Книгите, како и пријателите, треба да бидат малубројни и добро избрани. Како пријателите, треба секогаш одново да им се навраќаме, а тие, како верни пријатели, никогаш нема да нè изневерат, никогаш да престанат да нè водат.
Чарлс Калеб Колтон

Добрите книги се како добрите пријатели: колку подобро си ги пробрал, толку повеќе уживаш со нив!
Луиза Меј Алкот

Чудно е како јас кој напишав толку непопуларни книги всушност сум популарен лик!
Алберт Ајнштајн

Има луѓе-писатели кој ве следат насекаде, дури не е ни потребно повеќе да ги читате. Тие се секогаш со вас.
Емил М. Сиоран

Човек чита за да поставува прашања!
Франц Кафка

Дел сум од секоја книга што сум ја прочитал!
Џон Киран

Колку повеќе ќе прочитате, толку повеќе работи ќе знаете. Колку повеќе ќе научите, повеќе места ќе посетите.
Теодор Сеус Гајсел

Во книгите има повеќе богатство отколку во целиот гусарски плен на Островот на богатството.
Волт Дизни

Книгата е дар кој можете да го отворите одново и одново.
Гарисон Кејлор

Размислете пред да проговорите. Прочитајте пред да размислите.
Фран Лебовиц

Читањето е карта со попуст насекаде.
Мери Шмич

Читаме во кревет зашто читањето е на половина пат живот и сонување, наша сопствена свест во туѓ ум.
Ана Квиндлен

Моја алма матер беа книги, добра библиотека…Би можел да го минам остатокот на својот живот читајќи, само задоволувајќи го своето љубопитство.
Малколм Икс

Книгите и вратата се иста работа. Отворете ги и ќе преминете во друг свет.
Џенет Винтерсон

Понесете со себе в кревет добра книга. Книгите не `рчат.
Теа Дорн

Начитана жена е опасно суштество.
Лиза Клејпас

Мислам дека книгите се како луѓето, во смисла дека ќе се појават во вашиот живот кога ќе ви бидат најпотребни.
Ема Томпсон

Читателот живее илјада животи пред да умре…Човек кој никогаш не чита живее само еден.
Џорџ Р. Мартин

Не. Можам доволно добро да преживеам сам-ако добијам соодветна литература.
Сара Џ. Маас

Кога ќе се изгубиш во книга, на часовите им растат крилја и летаат.
Кло Тарлов

Светот им припаѓа на оние што читаат.
Рик Холанд

Читањето на една книга е како јадење на еден компир.
Дијан Дуан

Да се запознае човековата библиотека во одредена мера е да се знае човековиот ум.
Џералдин Брукс

Ако не сакате да читате, не сте пронашле вистинска книга.
Џ. К. Роулинг

Никогаш не ја одлагајте за утре книгата која денес можете да ја прочитате.
Холбрук Џексон

Прочитајте илјада книги, а зборовите ќе ви потечат како река.
Лиза Си

Читањето е интелигентен начин де не мора да се размислува.
Валтер Моерс

Никогаш две лица не читаат иста книга.
Едмунд Вилсон

Во книжарница живеат духови кои ноќе излегуваат од страници.
Изабел Аљенде

Додека не се плашев дека ќе го изгубам, никогаш не сум сакал да читам. Човекот не го сака дишењето.
Харпер Ли

Селанецот кој чита е принц во исчекување.
Валтер Мослеј

Книгите се и наш раскош и наш секојдневен леб.
Хенри Стивенс

Веќе не се сите читатели водачи, но сите водачи се читатели.
Хари Труман

Книгата е верзија на светот. Ако не ви се допаѓа, занемарете го или за возврат понудете сопствена верзија.
Салман Ружди

Никогаш не му верувајте на никој што со себе не понел книга.
Лемони Сникет

Бидете разумни и додајте осми ден во неделата посветен исклучиво на читање.
Лена Данам

Читањето е заминување и доаѓање.
Тери Гилмет

Секогаш кога ќе прочитате добра книга, некаде во светот се отвора врата која пропушта повеќе светлина.
Вера Назаријан

Читањето ни дава некое место за заминување кога мораме да останеме тука кај што сме.
Мејсон Кули

Книгите би требало да одат таму кај што најмногу ќе ги ценат, а не да седат непрочитани собирајќи прашина на заборавена полица. Зарем не се согласувате?
Кристофер Паолини

Знаете дека сте прочитале добра книга кога ќе ја свртите последната страница и ќе се чувствувате по малку како да сте изгубиле пријател.
Пол Свинеј

Дождливи денови треба да се поминат дома со шолја чај и добра книга.
Бил Ватерсон

Читањето е вежба на емпатија, вежба во одење во туѓи чевли некое време.
Малори Блекман

Ако постои книга која сакате да ја прочитате, но уште не е напишана, морате да ја напишете вие.
Тони Морисон

Книгите се добро друштво во тажни и среќни времиња, зашто книгите се луѓе-луѓе кои успеале да останат живи криејќи се меѓу корици на книга.
Елвин Брукс Вајт

Секоја книга била свет за себе и во неа сум се сокрил.
Алберто Мангуел

Цел живот најдрага активност ми била читањето. Тоа не е најдруштвена забава.
Одри Хепберн

Читањето е активен, мечтателен чин; потребна е работа.
Калед Хосеини

Секогаш читам. Знаете ли дека морските кучиња мораат да продолжат да пливаат или умираат? Јас сум таков. Ако престанам да читам, ќе умрам.
Патрик Џејмс Ротфус

Морате да имате на ум дека е невозможно да сторите злосторство додека читате книга.
Џон Ватерс

Прекрасна работа е да се започне живот со мал број навистина добри книги кои се ваши сопствени.
Артур Конан Дојл

Каков благослов е да се сакаат книги!
Елизабет фон Арним

Ниедна забава не е толку евтина како читањето, ни какво било задоволство кое трае.
Лерјди Мери Вортли Монтагу

Постојат многу мали начини да го проширите својот свет. Љубовта спрема книгата е најдобар од сите.
Жаклина Кенеди Оназис

Еден поглед на книга и слушате глас на друго лице, можеби на некој мртов 1000 години. Читањето е патување низ време.
Карл Саган

Каков живот можете да имате во куќа без книги?
Шерман Алекси

Кога еднаш ќе научите да читате, ќе бидете засекогаш слободни.
Фредерик Даглас

Leave the first comment