81. Борба-Војна-Мир
Борбата за живот ваков или онаков, не секаков, не каков било, и борбата во живот се суштествени за опстанокот на човекот и на човечката цивилизација. Борбата против нечиј живот, значи за смрт, не е борба на човек, туку на ѕвер во него. Секојдневна борба за живот во живот?Не, туку за опстанок и напредок, за вредна и убава живеачка наспроти бедно и грдо живуркање.
Најважна е целта пред, за време и на крајот на секоја војна. Во историјата на човештвото никогаш никој против никого не војувал бесцелно. Вистинското прашање е дали цедлта заслужувала/заслужува жртвувања, смрти, разурнувања, беспокојства и омрази.
Единствена оправдана цел на војната е постигнување мир. Не каков било, туку долготраен и животворен. Никогаш никој не почнува војна по мир. Тоа што се нарекувало и прилегало на мир дотогаш всушност било одложена војна.
Меѓу војна и мир борба.
Македонски народни пословици и изреки
Гемија по суо да тераш не можиш, нити со жена на војска да одиш.
Во цареа војска влегуа и пак жив излегуат.
Кај што има кривина, не барај дарбина, а кај што има правина мир и милос царуа.
Што не му напраија, што не? Ами коа мир нема.
Кој сака војна, нека си ја има дома.
Во војна богатите даваат волови, а сиромашните даваат синови.
Пословици и изреки од народи во светот
Многу херои се појавуваат по војна. (Романска)
Нека Бог ми подари добар меч и ниедна причина да го употребам. (Полска)
Можеш да имаш мир онолку долго колку што тоа го сака твојот сосед. (Холандска)
Подобро сув леб во мир одошто месо во војна. (Унгарска)
Никому не му советувај да оди во војна или да се жени. (Шпанска)
Вечниот мир трае до следната војна. (Руска)
Пријателски е да се заложиш за мир-не може да биде војна. (Руска)
На непријателите мирот им е на јазикот, а војната во срцето. (Руска)
Милиони се за мир, милионери за војна. (Руска)
Светлината го победува мракот, а мирот ја победува војната. (Руска)
Мирот доаѓа низ разбирање, а не низ спогодби. (Арапска)
Генерали победуваат, војници гинат. (Јапонска)
Латински изреки
Тешко на победените. (Vae victis.)
Меѓу оружје музите молчат. (Inter arma musae tacent.)
Во војна законите молчат. (Inter arma silent leges.)
Ако сакаш мир, подготвувај се за војна. (Si vis pacem, para bellum.)
Војната бара сила на младичи и совети на старци.
Сè е допуштено во љубовта и војната.
За да се победи во војна брзо, потребно е многу подготовка.
Војната им се слатка на оние што не ја искусиле.
Со сите сили. (Viribus unitis.)
Дојдов, видов, победив. (Veni, vidi, vici.)
Кој се фаќа за меч, од меч и загинува. (Qui gladio ferit gladio perit.)
Око за око, заб за заб. (Oculum pro oculu dantem pro dante.)
Домисла, гесло, мисла водилка
Бидејќи војната почнува во човековиот ум, во човековиот ум треба и да се всади идејата на љубовта и мирот.
UNESCO
А самиот Господар на мирот ви даде мир засекогаш и на секој начин! Господарот на сите вас!
Библија
Плодот на праведноста, пак, во мир им сее на оние што творат мир.
Библија
Рекле, издумале
Борбата е татко на сè и над сите господар: едни ги прави богови, други робови; едни поробува, други ослободува.
Хераклит
Со борба настануваат и исчезнуваат сите нешта.
Хераклит
Добра борба е она што секоја работа ја прави света: војната и храброста сториле повеќе големи работи одошто љубовта спрема ближен.
Фридрих Вилхелм Ниче
Еднаквоста со непријателот е прв услов за праведен двобој. Јас ги напаѓам само оние што се победоносни.
Фридрих Вилхелм Ниче
Нормална состојба е војната; мир склучуваме само на одредено време.
Фридрих Вилхелм Ниче
Колку добро звучат лоша музика и лоши причини кога маршираме против непријател!
Фридрих Вилхелм Ниче
Во услови на мир воено расположен човек се напаѓа самиот себе.
Фридрих Вилхелм Ниче
Полесно е да се водат луѓе во борба и да се разгоруваат нивните страсти одошто да се зауздаат и насочат кон трпелив труд на патот на мирот.
Андре Жид
Се бориме за да имаме мир, а кога ќе го постигнеме ни станува неподнослив.
Џон Адамс
Кој освен будала порадо ќе избере смрт одошто да се бори со судбината и да ја потчини на својата волја?
Селварајан Јесудијан
Да се биде, значи да се бориш. Да се живее, значи да се победи.
Феликс Ле-Дантек
Искрениот мир им прилега на луѓето, а дивиот гнев на ѕверовите.
Овидиј
Како би останале нејаки ако животот никогаш не ни подареше непријател!
Болеслав Казимирович Кукел
Животот е здодевен кога нема борба.
Михаил Јурјевич Лермонтов
Заедно со причините за болка од животот би исчезнале и сите опасности, пречки, а со нив и возбудите поради опасности, напрегнувања во борба или ковање по победа. Би останало само лесно остварување на секоја замисла, успех без отпор. Тоа брзо би ни здодеало, како игра во која однапред знаеме дека секогаш ќе победиме.
Лав Николаевич Толстој
Битката ја добива оној што цврсто решил да ја добие.
Лав Николаевич Толстој
Кога секој би се борел за сопствените убедувања не би имало војна.
Лав Николаевич Толстој
Никогаш не треба да го облечеш својот најдобар костум и да излезеш надвор за да се бориш за слобода и вистина.
Хенри Ибзен
Човекот е создаден да работи и да се бори; кој не прави така, мора да пропадне.
Никола Тесла
Мене не ми треба помош. Колку потешко, толку подобро. Најдобро работам во борба.
Никола Тесла
Нема повратен удар во играта меѓу човекот и неговите ѕвезди.
Семјуел Бекет
Кога сите други средства останале без успех, правично е да се потегне меч.
Гуру Нанак
Слатко е веќе и името мир.
Марко Тулиј Цицерон
Несигурни се воените исходи.
Марко Тулиј Цицерон
Главен поттикнувач на војната се парите.
Марко Тулиј Цицерон
Кој сака мир, нека го одложи оружјето.
Марко Тулиј Цицерон
Најнеправедниот мир ѝ го претпоставувам на најправедната војна.
Марко Тулиј Цицерон
Подобар е сигурен мир одошто очекувана победа.
Тит Ливиј
Мирот во меѓународните односи е период на лаф-муабет помеѓу два периода на војување.
Емброуз Бирс
Мирољубивите не само што живеат подолго, туку и владеат подолго.
Балтазар и Моралес Грацијан
Некој мора да започне мир, како што некој започнува војна.
Штефан Цвајг
Кај сите големи војнички операции секогаш е пресуден моментот на изненадување.
Штефан Цвајг
Ние повеќе сакаме самоуправа во опасност одошто ропство во мир.
Кваме Нкрумах
Тажен е фактот дека мир можеме да обезбедиме само со подготвување за војна.
Џон Фицџелард Кенеди
Човештвото мора да стави точка на војната пред војната да стави точка на човештвото.
Џон Фицџералд Кенеди
Замислете сите луѓе да живеат во мир. Можете да кажете дека сум фантазер, но не сум единствен. Се надевам дека еден ден ќе ни се придружите и светот ќе биде како еден.
Џон Ленон
Мирот не е отсутност на судир, тоа е способност за решавање на судир со мирни средства.
Роналд Реган
Повеќе вреди војска на магариња што ја предводи лав, отколку војска на лавови што ја предводи магаре.
Наполеон I Бонапарта
За да има добри војници државата треба да е секогаш во војна.
Наполеон I Бонапарта
Дури сега сме во тесно: објавен е мир.
Наполеон I Бонапарта
Војната е како љубов-секогаш го наоѓа патот.
Бертолд Брехт
Да се биде подготвен за војна е најдобар начин да се сочува мир.
Џорџ Вашингтон
Кога ќе избие војна, прва паѓа вистината.
Вилијам Пусонби
Кога ќе замолчи последниот толкувач и преведувач, преговараат топовите.
Иво Андриќ
Чувајте се од загрозени луѓе и од луѓе кои мислат дека се загрозени. Тие чувствуваат потреба да се штитат и бранат, и поради тоа често и неочекувано и подло напаѓаат.
Иво Андриќ
И најдолгата војна само ги протресува прашањата поради кои се завојувало, а нивното решение го остава на времињата што настапуваат по склопувањето мир.
Иво Андриќ
Само активните луѓе и нивната борбеност и безобѕирност го придвижуваат животот напред, но само пасивните луѓе и нивната трпеливост и добрина го одржуваат и го прават можен и поднослив.
Иво Андриќ
Во војната често најкрупните последици произлегле од најситни причини.
Гај Јулиј Цезар
Војната се состои во тоа луѓето, иако едни со други не се познаваат, да се убиваат на заповед на луѓе кои се познаваат многу добро, а заемно не се убиваат.
Двајт Ајзенхауер
Постои само едно средство за да триумфира мирот: да се усвои закон според кој во случај на војна воената штета ќе ја плаќа-победникот.
Двајт Азенхауер
Војната не решава ништо.
Двајт Ајзенхауер
Разурнувањата што се прават неконтролирано само ги ослабуваат слабите, ги збогатуваат богатите, а моќните ги прават уште помоќни.
Жан-Пол Сартр
Кога богаташи војуваат, сиромашни умираат.
Жан-Пол Сартр
Во време на војна најбучните патриоти стануваат најголеми профитери.
Фердинанд Август Белел
Убивањето е забрането, затоа се казнуваат убијците. Освен оние што убиваат во толпа на знак на труба.
Франсоа-Мари Аруе Волтер
Често очај добивал битки.
Франсоа-Мари Аруе Волтер
Дали мртвите паднале залудно? Ако светот остане каков што е, тогаш да.
Анри Барбис
Кога ќе избие војна, никој со неа толку не се занесува како оние што ја гледаат од заднина.
Херберт Спенсер
Љубовта спрема мирот почнува со тоа што се престанува со говорење за праведни војни.
Артуро Граф
Ни во најдолг мир човек не прави толку бесмислици како во најкуса војна.
Жан Пол
Не верувам во искоренување на злото од човечките гради со врв на бајонет.
Махатма Ганди
Уметноста на војувањето е уметност на уништување на луѓе, а политиката е уметност на замајување.
Махатма Ганди
Нема пат кон мирот. Мирот е пат.
Махатма Ганди
„Око за око“ само ќе доведе до тоа целиот свет да стане слеп.
Махатма Ганди
Досега уште немало добра војна, а лош мир.
Бенџамин Франклин
Дури и мирот може да биде купен со превисока цена.
Бенџамин Франклин
Кога народите би биле попаметни, владетелите никогаш не би се играле војна.
Вилијам Купер
Војна на сите против сите е човековиот живот.
Томас Хобс
Војната нема да престане пред да престанат мислите за војна.
Бјернстјерн Бјернсон
Мудар народ останува мирен додека во државите околу него ѕвечи воено оружје.
Вишну Нарајана
Војник, ако сака слава, сака војна.
Луциј Анеј Сенека
Без војна светот би се мувлосал.
Хелмут фон Молтке Постариот
Мораш долго да се подготвуваш за војна за брзо да победиш.
Публилиј Сириј
Во војна решителност; во пораз пркос; во победа великодушност; во мир добра волја.
Винстон Черчил
Нема понерентабилна работа од војната.
Винстон Черчил
Политиката е и возбудлива и опасна како војната, но во војната може да се загине само еднаш, а во политиката повеќе пати.
Винстон Черчил
Само во крајност треба да се прифати оружјето. Така учеле мудреците.
Ли-Таи-По
Воената победа завршува со карневал во црнина.
Лао-Це
Војната ги открива истовремено силата и слабоста на еден народ.
Гистав Ле Бон
Сите се наоѓаат во војна против сите, како во јавниот така и во приватниот живот.
Платон
Војната секогаш трае, само што вистинската војна е многу полесна; војната во мир има поголеми барања.
Меша Селимовиќ
Единствена алтернатива за коегзистенција е заемно уништување.
Џавахарлал Нехру
Ако човек не го наоѓа својот мир во себе, залудно ќе го бара на друго место.
Џавахарлал Нехру
Убеден сум дека човековата судбина е или во општо братство или во општо уништување.
Јевгениј Јевтушенко
Ако се прашаме треба ли на човечкиот род да се гледа како на добар или лош сој, морам да признам: немаме со што да се пофалиме.
Имануел Кант
Доволно живеев за да видам како разликите меѓу луѓето раѓаат омраза.
Стендал
Државниците се како и хирурзите-грешките што ги прават тие се смртоносни.
Франсоа Моријак
И во мирно време има место за подвизи.
Владимир Петрович Катаев
Кога плашиме некого, тоа е за да се охрабриме себеси.
Херман Хесе
Победник е секогаш оној што е способен да сака, да попушта и заборава, а не оној што своеглаво се држи до своите проценки.
Херман Хесе
Ловот, војната и додворувањето вредат колку и едно задоволство, ах и колку илјада маки.
Рабиндранат Тагоре
Мирот е доба во кое синовите ги погребуваат татковците, војната е доба во кое тактовците ги погребуваат синовите.
Херодот
Не знам што сè би дал кога би знаел точно за кого се стварно направените дела за кои во јавноста се говори да се направени за татковината.
Артур Гинес
Некој може да победи илјада воини на бојно поле, но тој не може да се мери со победникот кој се победил самиот себе.
Конфучиј
Никој не знае што е војна ако во неа нема син.
Жозеф д Местр
Од фанатизмот до варварстовото е само еден чекор.
Дени Дидро
Она што на разумните суверени и добрите генерали им овозможува да извршат напад и освојувања, да ги постигнат своите цели кои обичните луѓе не можат, тоа е претходното сознание.
Сун Цу
Изгледај слабо кога си силен и силно кога си слаб,
Сун Цу
Бунтот не е сам по себе благороден, туку според она што го бара.
Албер Ками
Војните им се одвратни на мајките.
Хорациј
Среќни се народите кои имаат здодевна историја.
Шарл Монтескје
Стаса мирот! Сега пак можеме да се посветиме на натамошно вооружување.
Карел Чапек
Секоја војна е неуспех на дипломатијата.
Тони Бен
Само мртвите го виделе крајот на војната.
Џорџ Сантајана
Вистински војник не се бори затоа што го мрази она што е пред него, туку затоа што го сака она што е зад него.
Г.К. Честертон
Постарите луѓе прогласуваат војна, но младината е таа што мора да се бори и да умре.
Херберт Хувер
Без оглед колку е потребна или оправдана, никогаш немој да мислиш дека војната не е злосторство.
Ернест Хемингвеј
Не постои лов како лов на човек. Оние што доволно долго ловеле вооружен човек и тоа им се допаднало, потоа ништо друго не може да ги привлече.
Ернест Хемингвеј
Прво што ја чека некоја нација која нема добро водство е инфлација на валутата, а второ нешто е војна. Обете донесуваат привремен просперитет; обете донесуваат постојано уништување. Исто така тие нешта претставуваат прибежиште за политички и економски опортунисти.
Ернест Хемингвеј
Во модерната војна ќе умреш како пес без каква било причина.
Ернест Хемингвеј
Не знам со какво оружје ќе се води третата светска војан, но четвртата ќе се води со дрвја и камења.
Алберт Ајнштајн
Војните ќе престанат кога луѓето ќе одбијат да се борат во нив.
Алберт Ајнштајн
Секоја војна е симптом на човековиот неуспех како мислечко животно.
Џон Штајнбек
Војната не е само ужасна, туку е и голема загуба на време.
Роџер Нимиер
Нема знаме доволно големо да го покрие срамот на убивање на недолжни луѓе.
Хауард Зин
Плаши се, туѓинска војско! Тргнаа синовите на Русија; се крена и старо и младо, јурат кон оние што се дрзнаа, а одмаздата им ги запали срцата.
Александар Пушкин
Одеше чета по чета, се простувавме со постарите браќа и се враќавме лути во прегратката на науката, завидувајќи им на оние што минувале покрај нас одејќи во смрт.
Александар Пушкин
Тешка на земјата кај што ќе мине војска.
Петар Петровиќ Његош
Војната не ни почна, а некој моли да е веќе завршена.
Бранислав Црнчевиќ
Целта на сите војни е мир.
Аврелиј Августин
Многу наши врсници сакаа да одат во војна, но не смееја. И се случи она што се случува често: денес паметат само дека сакале, а заборавиле дека не смееле.
Душко Радовиќ
Секој народ се чувствува супериорно во однос на други народи. Тоа разгорува патриотизам-и војни.
Дејл Карнеги
Вистинскиот мир не се огледа во престанок на тензиите, туку во присуство на правдата.
Мартин Лутер Кинг
Ако сакаш да склопиш мир со својот непријател, тогаш мораш да разговараш со својот непријател. Така тој ти станува партнер.
Нелсон Мандела