ДУМА, ОПИТ, УКА

Потребно време за читање: 5 минути

75. Закон-Законитост

Со закони до права и правдини. Без нив никој сигурен, безбеден, никој слободен, самостоен, никој доволен, задоволен, никој свој и единтвен.

Без нив страховладение, беда, недостојност, понизност, нечесност и срам.

Суштинско прашање за опстанок на народ и држава:
Колку се почитува законот и колку доследно, врз сите се спроведува? 

Во Декларацијата за правата на човекот е запишано: „Законите треба да бидат еднакви за сите, и кога штитат и кога казнуваат.

Македонски народни пословици и изреки

Законо Божи и царски треба секој да го чести и држи.

Нужда ради, закон измењава.

Поп што не оди по законо, не го чести народот.

Пословици и изреки од народите на светот

Кај што законот е немоќен, тука е злото семоќно. (Финска)

Најдобар судија е оној што не ги познава законите. (Англиска)

Латински изреки

Dura lex sed lex. (Законот е строг, ама е закон.)

Ignorantia legis non excusat. (Непознавањето на законот е изговор.)

Iuris praecepta sunt haec: honeste vivere, alterum non laedere, suum cuique tribuere. (Прописите на правото се: чесно да се живее, друг да не се навредува, секому неговото да му се дава.)

Ius est ars boni et aequi. (Правото е уметност на добриот и правичниот.)

Ius obruitur vi. (Силата го погребува правото.)

Legalitas regnorum fundamentum. (Законитоста е темел на државите.)

Поднесувај го законот кој сам си го донел.

Практиката исправува закон.

Обичајот се применува како да е закон.

Честа ги менува обичаите.

Кој е овластен да донесува закон, овластен е и да го укине.

Никој не е над законот.

Домисла, гесло, мисла водилка

Законите треба да бидат еднакви за сите, и кога штитат и кога казнуваат. (Декларација на правата на човекот)

Тогаш кога законот влезе во светот, слободата дојде на светот. (Талмуд)

Рекле, издумале

Луѓето треба да се борат за законите, како за ѕидовите на својот град.
Хераклит

Повеќе вредат добрите обичаи, одошто добрите закони.
Публиј Корнелиј Тацит

Најрасипаните држави имаат најмногу закони.
Публиј Корнелиј Тацит

Кога ќе се замешаат сила или пари, законот не помага.
Публиј Корнелиј Тацит

Робови сме на законите, за да бидеме слободни.
Марко Тулиј Цицерон

Правичноста е од сето злато поскапоцена.
Марко Тулиј Цицерон

Колку повеќе закони, толку помалку правда.
Марко Тулиј Цицерон

За праведникот законот е мелем, за никаквецот отров.
Зенон

Човекот е безначајно суштество кога работи сам и за себе, но кога огласува закони на љубовта и правдата личи на Господ.
Ралф Валдо Емерсон

Од законите се плаши виновникот, а невиниот од судбината.
Публилиј Сириј

Да се укинат законите, значи да си ја ускратиш на себеси првата помош.
Публилиј Сириј

Оној што живее во самотија може да гради сопствени закони.
Публилиј Сириј

Законите кои забрануваат искажување на мислење го уриваат угледот на државата.
Барух Спиноза

Она што е кафезот за дивото животно, тоа е законот за себичниот човек.
Херберт Спенсер

Кој е сам на себе закон, нему закон не му е потребен.
Тицијан Вечели

За други создаваме закони, за себе исклучоци.
Балтазар Моралес и Грацијан

Оној што ги гази законите, не стои цврсто на нозе.
Станислав Јержи Лец

Таму каде што владее суров закон, народот копнее по беззаконие.
Станислав Јержи Лец

Нека законите бидат строги, а луѓето милостиви.
Лук д Клапиер Вовенарж

Како што вероисповеста не го создава човекот, туку човекот вероисповеста, така и уставот не го
создава народот, туку народот уставот.
Карл Маркс

Без спротивности нема напредок; тоа е закон кој цивилизацијата го следела досега.
Карл Маркс

Бидејќи е невозможно да се менуваат луѓето, се менуваат законите.
Вилјем Блејк

Кога не би имало лоши луѓе, не би имало добри закони.
Чарлс Дикенс

Верата и добродетелта што се наметнуваат со законски прописи веќе не се ниту вера, ниту добродетел.
Жорж Санд

Луѓето би биле големи злосторници кога не би им требале сите закони што ги создале.
Алистер Дарлинг

Законот на посилниот е најголемо беззаконие.
Мари фон Ебнер-Ешенбах

Лошите закони се најлош вид на тиранија.
Едмонд Бурк

Понекогаш човек може да работи сосема во согласност со законот, а во исто време да биде никаквец од прв ред.
Масимо Азеглио

Нема живо суштество кое би било полошо од човек кој не ги почитува општоусвоените закони.
Героламо Саванарола

Законот се создава за сите, но се применува врз сиромашните.
Гиљермо Хернандез

Законите се пајажина низ која минуваат големите муви, а во која се фаќаат малите.
Оноре де Балзак

Кога човечката сила е еднакво поделена, таа создава само глупаци или просечно надарени. А кога е поделена, нееднакво ги создава оние нескладности на кои им се дава име гениј, и тие во видливиот свет би изгледале како накази. Ист закон владее со телото: совршената убавина речиси секогаш ја следи студенило или глупост.
Оноре де Балзак

Она што не го брани законот, го брани срамот.
Луциј Анеј Сенека

Законот треба да биде краток за неуки полесно да го почитуваат.
Луциј Анеј Сенека

Законот им е на сите крал.
Пиндар

Мислам дека моралниот закон се состои во тоа да не повредуваме други луѓе, што на крајот се сведува на тоа да не се повредуваме самите себеси.
Анџелика Хјустон

Земја со многу закони е земја со лоши правници.
Питер Дракер

Законите се како колбаси-подобро е да не гледате како се прават.
Ото фон Бизмарк

Не дојдов да укинам закон, туку да го остварам.
Исус Христос

Ако сакаш да влезеш во живот, врши ги заповедите.
Исус Христос

Оној што донесува закон мора да биде прв кој ќе го почитува.
Бијант

Она што ја обединува заедницата е закон над суштеството. Но она што ја создава заедницата е пријателство кое живее во суштествата.
Бела Хамваш

Кај што престанува законот, почнува тиранијата.
Вилјем Пит

Обичајот создава закон.
Свети Августин

Добрите закони настануваат од лоши обичаи.
Анеј Луциј Маркус

А покорувањето на законот што сме си го припишале на себеси е слобода.
Имануел Кант

Дејствувај така што твојата волја во секоја доба да може да вреди како начело на општо законодавство.
Имануел Кант

Само умно суштество има способност да дејствува спрема претставата на законот т.е. спрема начелата и волјата.
Имануел Кант

Тогаш што друго може да биде слободна волја, ако не автономија т.е. својство на волја самата на себеси да биде закон?
Имануел Кант

Ако првиот закон на пријателството гласи дека треба да се негува, втор закон е да мораме да бидеме попустливи кога ќе се занемари првиот закон.
Франсоа Мари Аруе д Волтер

Беше тоа закон на животот. Толку суров, што мора да се расте или да се плати повеќе за преостанатото.
Норман Мајлер

Добрите морали ќе доведат до добри закони.
Чак Норис

Две нешта јасно ми говорат дека постои Бог: ѕвезденото небо над мене и моралните закони во мене.
Тревис Баркер

И што не е забрането може да биде нечесно.
Аристотел

Единствена стабилна држава е онаа во која сите мажи се еднакви пред законот.
Аристотел

Вистина е дека законот не може да натера никого да ме сака. Но, може да му забрани да ме линчува, што мислам дека не е толку мала работа.
Мартин Лутер Кинг

Да не заборавиме дека и сè што направи Хитлер во Германија исто така беше според закон.
Мартин Лутер Кинг

Кога законите би можеле да зборуваат самите за себе, прво би се пожалиле на правниците.
Џорџ Савил Халифакс

Капитализмот е озаконет „рекет“ на владејачката класа.
Ал Капоне

Ние можеме да се залагаме за човечки закони, но не смееме да ги занемариме природните закони.
Жил Верн

Може некоја жена да се поседува законски, а да не се поседува; како што може сосема добро да се поседува, а да не се поседува законски.
Серен Кјеркегор

Никому не би требало да му биде допуштено насилно да гази по закон.
Владимир Путин

Постои закон кој вели дека човекот треба да го љуби ближниот свој како самиот себе. Во неколку стотици години тоа би требало да му биде толку природно на човештвото како дишењето или исправениот ôд. Но, ако не го научи тоа, мора да исчезне.
Алфред Адлер

Праведна мора да се нарече примената на некој закон или покорувањето на тој закон, но и самиот тој закон.
Густав Радбрух

Самоодржувањето е прв закон на природата.
Семјуел Батлер

Таму кај што верата не е длабоко вкоренета во законите и обичаите на народот, вршењето верски должности е само трговија.
Уго Фосколо

Темелен закон на полицијата е да се создава, насочува и заповеда во согласност со законите, а сè за поткрепа на законите.
Џон Адамс

Доколку кој било си допушта на себеси да ги крши законите на општата правда што се воспоставени поради зачувување на овие работи, неговата дрскост треба да се запре со страв од казна. А таа се состои во одземање или намалување на граѓанскиот интерес или добра кои тој инаку би можел и би требало да ги ужива.
Џон Лок

Заблудата и неправдата на кралевите се погребуваат заедно со нив, но неправдата на законодавците трае од генерација на генерација.
Јохан Хајнрих Песталоци

Законитге им се секогаш корисни на оние што имаат, а им штетат на оние што немаат ништо.
Жан-Жак Русо

Leave the first comment