ДУМА, ОПИТ, УКА 72

Потребно време за читање: 9 минути

72. Страв-Кукавичлак

Македонски народни пословици и изреки

Зајакот и кога спие отворерни му се очите од пусти страои.

Лилјако ноќе излегуат и ноќе се криет, како да ет борчлија на Евреите-толку страв имат.

Од страв чоек побегнуа, а од страм не можит.

Олчите на страот му сет мошне големи.

Страв  лозје чуа.

Ќе скини, ми је страв.
Ќе умрит.

Голомразица вати, ме страф бериќето ќе изѕемни.

Еден адалс бој снег има паднат, а па намети што има за триста страои.

Пословици и изреки од народи во светот

Мали не бегаат ако големи не ги гонат. (Кинеска)

Човек кој се плаши од вода никогаш нема да стане рибар. (Кинеска)

Стравот е длабоко онолку, колку што свеста му го дозвоува тоа. (Јапонска)

Од страв пред луѓето не смее да се зборува вистината, од страв пред совеста не смее да се лаже. (Азербејџанска)

Кој се плаши, на изворот на стравот му дава моќ да владее со него. (Маорска)

Плаши се од оној што се плаши од тебе. (Персиска)

.Латински изреки

Стравот нè гони да бидеме одважни.

Секогаш го мразиме оној од кого што се плашиме.

Домисла, гесло, мисла водилка

Нема луѓе кои се секогаш добри; стравот и немоќта раѓаат ниски нагони.
Анонимус

Рекле, издумале

Стравот, желбите и надежите прават непрестано да мислиме на иднината, лишувајќи се од предностите на денешнината.
Мишел Ејкем д Монтењ

Колку стравот во животот се јавува порано, толку е поопасен.
Јохан Паул Фридрих Рихтер

Да се плашиш, значи да му служиш на непријателот.
Марија Склодовска Кири

Сета тајна на егзистенцијата е-да се нема страв.
Свами Вивекананда

Преплашениот е наполу победен.
Александар Василевич Суворов

Кај што е стравот, таму нема вера.
Махатма Ганди

Стравот е телесна болест. Стравот е убиец на душата.
Махатма Ганди

Плашливците обично имаат голема фантазија.
Едвард Коцбек

Стравот и смелоста со полови на крајноста: стравот претерува во опасноста, смелоста во сигурноста.
Едвард Коцбек

Кукавиците и пред смртта умираат многу пати, а јунакот само еднаш.
Вилјем Шекспир

Најдобрата безбедност леижик во стравот.
Вилјем Шекспир

Сè додека постои еден предмет за кој луѓето не смеат слободно да зборуваат, тие ќе бидат бојазливи во сите работи.
Џорџ Чепмен

Ти се плашиш, а стравот е својство на оној кој мисли само на себе.
Карло Бини

Луѓето стануваат свирепи од страв.
Сомерсет Могам

Од страв луѓето се зли, подли и сурови, а од страв можат да бидат и дарежливи, дури и добри.
Иво Андриќ

Стравот ни го сопира паметот и ги врзува рацете.
Иво Андриќ

Слабите и плашливите луѓе стравот ги тера да го прават токму она од што најмногу се плашат.
Иво Андриќ

Штом една влада ќе почувствува потреба на своите граѓани да им ветува преку плакати мир и благосостојба, треба да се биде претпазлив и да се очекува обратно од тоа.
Иво Андриќ

Кој не се плаши од смртта, не се плаши ни од заканата.
Пјер Корнеј

Се плашам од оние кои повеќе можат одошто знаат. Ако им се спротивставиме, тие ќе ни покажат дека уште повеќе можат отколку што знаат.
Душан Радовиќ

На овој свет секогаш има опасности за оние што се плашат.
Џорџ Бернард Шо

Секое стравично привидение исчезнува ако го гледаме право в очи.
Јохан Готлиб Фихте

Направи го секогаш она од што се плашиш.
Ралф Валдо Емерсон

Направи го секогаш она од што имаш страв.
Ралф Валдо Емерсон

Мудриот човек во бура му се моли на Бога. Не за спас од опасност, туку за спас од страв. Бурата однатре е таа што го загрозува, а не бурата однадвор.
Ралф Валдо Емерсон

Оној што се плаши од тебе кога си присутен, те мрази кога си отсутен.
Д-р Томас Фулер

Кој од нас ја слуша песната на рекичката кога бура зборува?
Калил Џибран

Со светот владее страв: глушецот се плаши од мачка, мачката се плаши од човек, човекот се плаши од жена, а жената се плаши од глушец.
Френсис Бланшет

Стравот не само што одзема половина од силата на човекот, туку и таа одземена половина му ја дава на противникот.
Божидар Кнежевиќ

Стравот расте во пропорција со непознавање на работите.
Тит Ливиј

Доближи му се премногу на полноглавецот-ќе видиш кит.
Клод Леви-Строс

Во групна опасност страв не познава милосрдието.
Гај Јулиј Цезар

Немаме од што да се плашиме, освен од самиот страв.
Гај Јулиј Цезар

Кукавиците умираат многупати пред нивната вистинска смрт.
Гај Јулиј Цезар

Човекот не се плаши само од опасноста која постои, туку уште повеќе од онаа што ја наслутува.
Јован Дучиќ

За да го избегнеме стравот, да се потрудиме да бидеме што повесели.

 Рјуносуке Акутагава

Често поради страв пред некое зло упаѓаме во уште поголемо зло.
Никола Боало

Храброста е отпор против стравот, завладување со стравот, а не отсуство од страв.
Марк Твен

Многумина луѓе се плашат да кажат што сакаат. Затоа и не добиваат што сакаат.
Мадона

Ништо повеќе на исплашен човек не му дава храброст како туѓ страв.
Умберто Еко

Баш како што храброста го загрозува животот, исто така стравот го штити.
Леонардо да Винчи

Соочи се со својот најдлабок страв. Потоа стравот ја губи силата. Исчезнува и основниот страв-стравот од слободата. Најпосле си слободен.
Џим Морисон

Најлоша опасност со која се соочуваме е таа да нè парализираат сомнежите и стравовите. Таа опасност ја донесуваат оние што ја напуштаат верата и ѝ се потсмеваат на надежта. Ја донесуваат оние кои шират цинизам и недоверба и кои се обидуваат да нèзаслепат кога е пред нас голема прилика.
Хари Труман

Да се направи прв чекор, да се изрече нов збор, она е од што луѓето се плашат најмногу.
Фјодор Достоевски

Човекот само со страдање се искачува на височина.
Фјодор Достоевски

Човек што се плаши значи дека е здрав; стравот од смртта води кон живот.
Џек Лондон

Кои било стравови да настанат, сите тие настануваат во будала, не во мудар човек.
Гаутама Буда

Плашливиот човек не може да биде среќен. Луѓето не го трпат, жените не го сакаат, а и тој самиот се презира себеси.
Ефрем Кишон

Секој човек поради страв ги гмечи своите стремежи десетина пати дневно.
Брендан Френсис

Има луѓе кои од свое богатство немаат ништо освен страв дека ќе го изгубат.
Дени Дидро

Успех да го добиеме она што го сакаме. Среќа е да се сака она што ќе го добиеме. Стравот не постои никаде освен во умот.
Дејл Карнеги

Мојот страв е тој што ми дава храброст.
Боб Марли

Победата над стравот е почеток на мудроста.
Бертранд Расел

Стравот е главен извор на предрасуда и еден од главните извори на суровоста.
Бетранд Расел

Нашиот нов човек, нашите нови патишта, нашите нови идеи, нашето ново палто, нашата нова цел, нашето ново минато, Нашиот ниов живот, нашите нови закони, нашата нова иднина, нашите нови односи, нашиот нов израз, нашата нова средина. Сè околу мене е ново, а мене ме фаќа нашиот стар страв.
Брана Црнчевиќ

Единствен начин да се ослободам од стравовите е да направам филм за нив.
Алфред Хичкок

Да се плашиш од смрт е полошо одошто да умреш.
Луциј Анеј Сенека

Стравот секогаш ги зема нештата од нивната полоша страна.
Луциј Анеј Сенека

Стравот настанува кога ќе се соочите со предизвик.
Роберт де Ниро

Стравот нема некоја посебна моќ, освен онаа што саму му ја давате кога ќе му се предадете.
Лес Браун

Како што љубовта спрема животот е всушност само страв од смрт, така и друштвеноста на луѓето всушност не е директна; имено, таа не се засновува на љубов спрфема друштво, туку на страв од самотија.
Артур Шопенхауер

Човек кој е интелектуално повисок од другите самотијата му двогрбава корист: првото дека е сам и вртората дека не е со други.
Артур Шопенхауер

Објективно гледано, честа е мислење на други за нас, а субјективно наш страв од тоа мислење.
Артур Шопенхауер

Нема ништо поодвратно од почитување што се базира на страв.
Албер Ками

Понекогаш ништо не може да нè исплаши како остварен сон.
Ѓорѓе Балашевиќ

Не плаши се…имам јас приличен цуг.
Ѓорѓе Балашевиќ

Љубовта не поставива одвишни прашања зашто ако почнеме да мислиме, почнуваме и да се плашиме.
Пауло Коелјо

Стравот е продолжена сенка на незнаењето.
Арнолд Х. Глазгов

Единствено од што треба да се плашиме е стравот.
Френклин Делано Рузвелт

Соочи се со сопствените страовви и тие ќе исчезнат.
Френклин Делано Рузвелт

Можеме да се плашиме од некој кого го сакаме или презираме, некој што е многу добар, некој суров или вистински податен спрема нас.
Шандор Мараи

Кој е постојано во страв, секој ден е казнет.
Публилиј Сириј

Кој се плаши од сите заседи, не упаѓа во ниедна.
Публилиј Сириј

Колку кукавичлак се крие во скромноста!
Шарл де Гол

Сенката на незнаењето се вика страв.
Елфриед Јелинек

Посигурно е да се биде оној од кого што се плашат, одошто оној што се сака.
Николо Макијавели

Да се живее, значи да се биде постојано во опасност.
Фридрих Вилхелм Ниче

Нема сила која трајно може да го издржи притисокот на стравот.
Марко Тулиј Цицерон

Стравот на другите ја зголемува нашата храброст.
Луциј Ливиј Андроникус Линиј

Добриот страв на човек му вреди повеќе од добар совет.
Едгар Вотсон Хоу

Го предизвикуваме она што се плашиме.
Елберт Грин Хабард

Човекот слободно се соединува само со самиот себе, само на себеси целосно се предава, зашто единствено од себеси не се плаши.
Бела Хамвас

Прва должност на човекот е да го покори стравот.
Томас Карлајл

Самотијата е мојот најголем страв…Се плашам од здодервање со самиот себе.
Жан-Жак Русо

Силата, искуството и самодовербата ги собираш секогаш кога ќе застанеш и ќе му погледнеш на стравот в лице…Мораш да го сториш она што не можеш.
Елеанор Рузвелт

Многумина поради страв од посилни трпат и експлоатација на послаби.
Езоп

Во животот никогаш немој да го правиш она што би можело да те доведе до тоа да почувствуваш страв или срам ако за тоа сознаат други луѓе.
Епикур

Всушност, луѓето се плашат, затоа се сурови. Нападот е одбрана која наредува внимателност, и така нема лек за суровста зашто нема лек за човечката несигурност.
Меша Селимовиќ

Но таа слабост, и тој страв пред неслутени тешкотии, таа желба да се легне и умре, да се откажам и да ја примам судбината не смеат сега да ме запрат.

Меша Селимовиќ

Слабите се тресат пред мислењето, глупавите му пркосат, мудрите го судат, а вештите управуваат со него.
Жан Платиер

Омразата и стравот се болни состојби на умот. Дотолку повеќе, станува збор за болести што го обележаа нашево време.
Хари Оверстрит

Кој вели страст, вели слабост, кој вели добродетел, вели сила.
Франсоа Волтер

Најголемиот непријател на стравот ќе го откриете посматрајќи со кои средства ве плаши.
Ерик Хофер

…убавото не е друго освен почеток на страшното кое можеме сè уште да го поднесеме.
Рајнер Марија Рилке

Ах, најсилно искушение е бедата. И најмудрите риби глад ги тера на јадица.
Јохан Волфганг Гете

Ако одиш во правец во кој твојот страв расте, на вистински пат си.
Милорад Павиќ

Ако е стравот голем непријател на интимноста, љубовта е негов вистински пријател.
Анри Новен

Ако сè уште има правда, тогаш нема од што да се плашам. Ако ја нема, значи дека се плашат оние што ја сакаат мојата глава. Значи, јас немам зошто да бегам.
Жорж Дантон

Ако немаш долгови, немаш ни страв.
Џорџ Вашингтон

Ако во животот сте сочувале мирна совест, не морате да стрепите кога некој на полноќ ќе ви зачука на врата.
Хсиао Хе

Ако во децата не е присутен стравот, тие полесно воспоставуваат контакт со непознати лица.
Александер Сатерленд Нил

Ако сакате да успеете, желбата за успех мора да биде посилна од стравот од неуспех.
Фил Козби

Но токму оној што е слаб мора да умее да биде јак и да отиде ако оној што е јак е премногу слаб за да може да повреди слаб.
Милан Кундера

Арапската песна се родила во пустина. Французинот пропеал поради жена, Италијанецот поради публика. Гркот пее а бакшиш. Германецот пее на команда, а Србинот пее со пијалак. Арапинот запеал од страв. Пустината ги застрашува и јунаците и џиновите. Од пустините единствено не се плашат поетите. Во пустините човекот пропеал за да не полуди. Можеби секоја поезија и секаде во светот се родила во пустини.
Зулфикар Зуко Џумхур

Без заедничка власт која сите би ги држела во страв, луѓето се наоѓаат во состојба која се вика војна, и тоа во војуна на секој против секого.
Томас Хобс

Да се биде добар, значи да се биде слободен со душа. Луѓето кои постојано се жалат на некој, кои непрестано се плашат од нешто не можат да бидат слободни со душа-тој гледа, а не гледа, случа а не слуша, јаде а не чувствува никаков вкус.
Конфучиј

Да се биде среќен значи да се биде слободен, не од болка или страв, туку од грижа или тегобност.
Вистан Хју Одн

Се плашам од големи зборови кои сите нèправат толку несреќни.
Џемс Џојс

Бидејќи филозофијата произлегува од стравот, филозофот е должен на својот пат да биде вљубеник во митовите и поетските бајки. Поетите и филозофите се подеднакво во во суштина голема со восхитување.
Томас Аквинас

Целата тајна на постоењето е да не се плашиме. Не стравувајте дека ќе станете она што не зависи од никого. Само тој момент кога ќе ја отфрлиш сета помош која те ослободува.
Џуди Гарланд

Целиот свет е концепиран на страв.
Чарлс Буковски

Се чини дека е потребно што можете да направите е да не стравуваат од грешка, да зароните, да направите најдобро што можете, надевајќи се дека ќе научат доста од заблудите да ги поправи со време.
Рудолф Карнап

Човекот навистина умира. Заота и се плаши од смртта. Единствено е живо суштество кое ја одбегнува смртта. Зашто само за него смртта е конечно исчезнување.
Борислав Пекиќ

Човекот замислува дека се плаши од смртта, но она од што в сушност се плаши е непредвиденото, експлозијата. Она од што човекот се плаши, тоа е тој самиот, а не смртта.
Антоан д Сент Егзипери

И по илјада години човекот вака исто ќе воздивнува: „Ах, тешко е да се живее“-и во ист момент вака исто како сега ќе се плаши и нема да сака да умре.
Антон Павлович Чехов

Имам страв од тоа да бидам обична.
Тејлор Свифт

Кога човек има љубов, нема страв.
Лао-Це

Милоста и немилоста се причина за страв. Она што го цениме и од што се плашиме е во нас самите.
Лао-Це

Љубовта е посилна од смртта и од стравот пред смрт.
Иван Сергеевич Тургењев

Љубовта спрема правдата кај повеќето луѓе е само страв да не се претрпи неправда.
Франсоа Ла Рошфуко

Ветуваме надевајќи се, а правиме стравувајќи.
Франсоа Ла Рошфуко

Луѓето ги прогонуваат само две нешта-стравот и личниот интерес.
Наполеон I Бонапарта

Немој да се плашиш од луѓе кои не се согласуваат со тебе, туку плаши се од кукавици кои не се согласуваат со тебе и кои тоа не смеат да ти го кажат.
Наполеон
I Бонапарта

Мојот страв е составен дел од мене, а веројатно и најдобар дел од мене.
Франц Кафка

Насилството е навистина во род со стравот.
Артуро Граф

Научив дека храброст не е отсуство на страв, туку дека е тоа победа над него. Храбар човек не е олној што не се чувствува уплашено, туку оној што ќе го надвладее тој страв.
Роналд Реган

Да не допуштиме никогаш да преговараме од страв, но исто така да не допуштиме никогаш стравот да преговара во наше име.
Џон Ф. Кенеди

Не плаши се од незнаење. Плаши се од лажно знаење, зашто од него доаѓаат сите несреќи на светот.
Лорд Џорџ Бајрон

Нема потреба да се плашиме од кавги, соочувања, ниту од какви било проблеми. Зашто и ѕвезди понекогаш се судираат, па од сударот настанува некој нов свет.
Чарли Чаплин

Силните животни шокови лечат од мали стравови.
Оноре де Балзак

Не се плашам да умрам, само не сакам да бидам таму кога ќе се случи тоа.
Вуди Ален

Оној што ќе ги преовладее своите стравови ќе биде вистински слободен.
Аристотел

Leave the first comment