ДУМА, ОПИТ, УКА

Потребно време за читање: 14 минути

65. Успех-Неуспех-Победа-Пораз

Успех е личен и заеднички со други. Личен благодарение на заеднички, заедничкиот од лични на двајца-тројца, дузина, многумина. Успеси мали, успеси големи. Малите за некого големи, големите за некого мали. Големите никогаш доволно големи, малите за едни до големи, а за други малите доволни. Успех како победа, успех победа.

Секој неуспех е или конечен пораз или продолжение до успех. За едни многу неуспеси до уиспех, за други неуспеси до неуспеси без догледлив успех. Неуспехот поттикнува да се продолжи, да се турка напред? Да, ако се има сили да се надмине, да не му се подлегне, да не омалодуши. Не поттикнува, не турка напред ако се истрошила, ако премалила снага, ако веќе се нема ум како  натаму или се нема подготведност да се продолжи макар по следен неуспех.  

Во животот не се победува , туку се поразува сопствената минливост. Со збор и дело, со создадено во создавање. Секоја друга победа засега туѓ живот во одминување и значи пораз на дел од сопственото време и опстој.

Не ги сакам ниту победите, ниту поразите. Го сакам натпреварот за подобро, понапредно, пожизнерадосно.

Македонски народни пословици и изреки

Прави работи што те страшат и ќе стасаш до работа што те води кон намисла.

Богатството ти е големо и скапо дури не им дадеш на незнајковци да ти го вардат и работат.

Тешко е, ама може да е лесно.

Нема да успееш ако чекаш да успееш, а не работиш ништо.

За колебливците и плашливците првиот неуспех е последен.

Кој е упорен најмногу успева.

Зошто само со борба до победа? Не може без неа?

Те сакаат зашто не си ни близу до успех. А кога ќе стасаш до него, тоа нема да ти го простат. Ќе ги ништи твојата слава.

Народот ги носи како јарем оние што лесно и преку ноќ успеваат.

Убавината не е да ја победиш, туку да ја сакаш. Во убаво, со убаво и за убаво до она што си го наумил.

Да не мислиш на утре работејќи денес, така нема да успееш.

Или не се обидувај или доврши.

Пословици и изреки од народите на светот

Што да работите, работете за да бидете најдобри од сите. (Француска)

Ќе успееш ако најпрво се прилагодиш на ситуацијата и околината. (Руска)

Само напред до успех. Неуспеси за назад со стоење во место. (Руска)

Ако мислиш дека во битката ќе бидеш поразен, поразен си пред таа да почне. (Ирска)

Секој победник е сам и кога е со победници и кога е пред поразеници. (Турска)

Кога до целта го работиш она што го сакаш, на неа нема да бидеш премален. (Турска)

Ако се навикнеш на неуспех, нема да се стремиш кон успех. (Сенегалска)

Паѓаш, се исправаш и се креваш, па пак паѓаш, се исправаш и се креваш додека не застанеш цврсто на свои нозе. (Италијанска)

Успесите идат по многу порази. (Англиска)

Некогаш е доволно само да си ги промените навиките, па да победите. (Индиска)

До успех никогаш лесно. Од еден до друг сè потешко. (Индиска)

Ако ги засакаш своите неуспеси, нема ни да пробаш да успееш. (Српска)

Да не се планира е исто како и да се планира неуспех. (Српска)

И за ништо да работиш за да успееш, не работиш за ништо. (Етиопска)

И уморен и ранет до победа. (Малезиска)

За да успеете, потребни ви се пријатели. За да успеете мошне, потребни ви се непријатели. (Грчка)

Нема повносно својство одошто: да се биде по малку будала и да не се биде премногу чесен. (Грчка)

На скалилата на животот човек не може да се искачи со рацете во џебови. (Американска)

Не зборувај за својот успех пред лице кое не успеало. (Кинеска)

Во часот на успехот не ги заборавај своите неуспеси. (Кинеска)

Ароганцијата е непријател на победата. (Кинеска)

Неуспехот не е паѓање, туку одбивање да станете и да продолжите натаму. (Кинеска)

Кој умее да слуша, повеќе вреди од оној кој умее да говори. (Кинеска)

Кој го признава своето незнаење, покажува еден пат. Кој го сокрива, го покажува повеќе пати. (Јапонска)

За да успееш во животот треба да имаш две нешта: среќа, т.е. поволна прилика и памет таа прилика да ја искористиш добро. (Арапска)

Латински изреки

Побрзо, повеќе, посилно! (Citius, altius, fortius!)

Да се допрат ѕвездите. (Sic itur ad astra.)

Тешко на победените. (Vae victis.)

Да се победи или да се умре. (Aut vincere aut mori.)

Домисла, гесло, мисла водилка

По победата добро чувај го освоеното.
Дхама-падам

Никогаш не дозволувајте успехот да навлезе во вашата глава; никогаш не дозволувајте
неуспехот да навлезе во вашето срце.
Анонимус

Единственото нешто што го одделува успехот од неуспехот е тој последен обид. Обидете се уште еднаш и ќе ви се посреќи.
Анонимус

Повеќе научуваш од неуспех одошто од успех. Немој тоа да те запре. Неуспехот го гради карактерот.
Анонимус

Рекле, издумале

Земи една идеја. Направи ја свој живот-мисли за неа, сонувај ја, живеј ја таа идеја. Пушти мозокот, мускулите, нервите, секој дел од вашето тело да биде полн со таа идеја и пушти ги сите други идеи на мира. Тоа е патот кон успехот.
Свами Вивекананда

Попушти му на непријателот и ќе отидеш како победник.
Овидиј

За праведна цел на послаб ќе биде победа на појак.
Софокле

Шансите никогаш не му помагаат на оној што не умее да си помогне на самиот себе.
Софокле

Ништо не вреди оти трчаме: треба да се тргне навреме.
Жан д Ла Фонтен

Да се биде во исто време и мошне смел и мошне внимателен, тоа е уметност на успехот.
Наполеон I Бонапарта

Не успевајќи во подготовките се подготвувате да не успеете.
Бенџамин Френклин

Успех ќе има само оној пто работи нешти додека чека успех:
Томас Едисон

Не е тоа неуспех; едноставно пронајдов 10.000 начини кои нема да функционираат.
Томас Едисон

Многу животни промашувања се луѓе кои не сфатиле колку биле близу кога се откажале.
Томас Едисон

Нашата најголема слабост лежи во откажувањето. Најизвесен начин да успеете е да се обидете уште еднаш.
Томас Едисон

Шанса ќе се укаже оној час кога ќе одлучиш да се  бориш.
Свами Хамсананда

За да успееме, не смееме да дозволиме да не поколеба почетен неуспех.
Артур М. Шлезингер

Ако сакаш да успееш, најнапред прочитај некоја книга за убаво однесување.
Артур М. Шлезингер

Не можам да кажам која е тајната на успехот, но можам да кажам клоја е тајната на неуспехот: обидување да им удоволиш на сите.
Херберт Своуп

Успехот не бара извинување.
Роберт Ентони

Здравје без богатство е половина успех.
Роберт Ентони

Секој голем успех е триумф на упорноста.
Герхард Граф

Тајната на успехот лежи во постојаноста на намерата.
Бенџамин Дизраели

Најуспешниот во животот обично е најдобро информиран.
Бенџамин Дизраели

Пред успех боговите одредија човек добро да се испоти.
Хесиод

Само на успешни луѓе им допуштам филозофирање за животот.
Фридрих Вилхелм Ниче

Успехот секогаш бил голем лажго.
Фридрих Вилхелм Ниче

Она што го сакаш ќе го постигнеш попрво со насмевка одошто со меч.
Вилјем Шекспир

Тајната на успехот во животот не е во тоа човек да го работи она што го сака, туку да го сака она што го работи.
Винстон Черчил

Успех е да се оди од неуспех до неуспех без губење на ентузијазмот.
Винстон Черчил

Во војна: одлучност. Во пораз: пркос. Во победа: великодушност. Во мир: добра волја.
Винстон Черчил

Да се излезе од границите на нашата сензибилност и нашата ментална претстава и да се постигне бескрајна слобода, такво е значењето на бесмртноста.
Рабиндранат Тагоре

Гнасната победа на злото го исполнува светот со огромна тага.
Едгар Морен

Постојат два начина како да се воздигне човек: со своја сопствена вештина или со глупост на други.
Ла Бриер

Има два вида луѓе кои никогаш нема да успеат: оние што долго лежат будни и оние што долго не се будат иако станале.
Елеанор Рузвелт

Ако сакате да успеете по секоја цена-убијте ја својата совест.
Октав Мирабо

Од сите претераности најопасен е успехот: тој е пијанство кое удира во мозокот, го исполнува со сеништа и спушта над него магла која не допушта човек да разликува заблуда од вистина.
Луциј Анеј Сенека

Успехот на нечесните е привлечен за многумина.
Луциј Анеј Сенека

Како да се успее во животот? Тоа најчесто значи некого или многумина да измамиш.
Душан Радовиќ

Не морате да бидете подобри од другите, бидете на самите себе најдобри што можете.
Душан Радовиќ

Најбрзо успева оној што се користи со туѓа грешка.
Френсис Бекон

Кажи ми со кого повеќе не се дружиш, па ќе ти кажам колку си успеал во животот.
Жарко Петан

Народот цени успех, а не вредност.
Ѓакомо Леопарди

Биди љубезен спрема луѓето додека не успееш, зашто ќе ги сретнеш кога ќе слегуваш.
Адисон Мизнер

Вистински успех се постигнува со една единствена добродетел: искрена скромност.
Виторио Де Сика

Општото мислење дека успехот ги расипува луѓето правејќи ги суетни, себични и самозадоволни, е погрешно. Напротив, во повеќето случаи таа ги прави скромни, толерантни и љубезни. Неуспехот ги прави луѓето опори и сурови.
Сомерсет Могам

Луѓето чувствуваат потреба за својата несреќа и неуспесите да обвинат други.
Луиџи Пирандело

Го јавав најдобриот коњ, а тогаш погрешен пројури и победи.
Том Џонс

Сите средства се дозволени, освен оние што водат во неуспех.
Ингмар Бергман

Оној што не е убав во дваесеттата, силен во триесеттата, богат во четириесеттата и мудар во педесетата, никогаш нема да биде ни убав, ни силен, ни богат ни мудар.
Џорџ Херберт

Не чекај, никогаш нема да биде вистинскиот момент. Почни ведднаш и искористи го орадието што го имаш на расаполагање, а подобро орадие ќе наиде како што ќе напредуваш.
Џорџ Херберт

Оние што гореле, залудно ја посипуваат главата со пепел.
Станислав Јержи Лец

Многу триумфални капии народот подоцна ги носел како јарем.
Станислав Јержи Лец

Некои го слават својот пораз со покана на гозба на победникот.
Станислав Јержи Лец

Тешко е да се поднесе неуспех, но е уште потешко никогаш да не се направи обид да се успее.
Франклин Рузвелт

Ако си внимателен на крајот како и на почетокот, ќе го спречиш неуспехот.
Лао-Це

Не треба да се слават победите над другите; оние што слават се крволочни. Да не ги шириме низ светот мислите на убијците.
Лао-Це

Во победата нема убавина.
Кој би ја нарекувал убава,
Би уживал во убивање на луѓе.
А оној што ужива во убивање,
Нема да успее да завладее со светот.
Лао-Це

Победниците се кралеви; победените се бандити. Во победата нема убавина. Кој би ја нарекувал убава, би уживал во убивањето на луѓето. А оној што ужива во убивањето, нема да успее да завладее со светот.
Лао-Це

Кој ги познава другите, бистар е. Кој се познава себеси, мудар е. Кој ќе ги победи другите, насилен е. Кој ќе се победи себе, силен е. Кој ќе се повреди себе, моќен е. Кој си е доволен сам на себе, богат е. Кој ќе ја сочува положбата, трпелив е. Кој не ја губи свеста и во смртта, и понатаму живее.
Лао-Це

Мршојадците се на страна на поразените.
Александар Баљак

Некој може да победи илјадници воини на бојното поле, но не може да се мери со победникот кој се победил самиот себеси.
Буда

Гневот да се обузда, во победата да се биде смирен, да се владее со самиот себе-тоа е вистинска победа.
Цицерон

Ако си успеал да одиш низ вода, не си станал ништо повеќе од сламка. Ако си успеал да леташ низ воздух, не си станал ништо повеќе од една ѕунѕарка. Но, ако си ги победил своите слабости, тогаш си станал н е к о ј.
Ал-Ансари

Двапати победува оној кој се победува самиот себе во победата.
Публилиј Сириј

Секој може да го држи кормилото кога е морето мирно.
Публилиј Сириј

Полесно е да се победи одошто да се зацврсти успех.
Леополд Ранке

Во секоја победа лежи никулец на пораз.
Шервуд Андерсон

Се разбира дека постојат моменти кога се прашувате упште колку долго можете да се занимавате со оваа работа зашто постојат некои аспекти што не се угодни, посебно што се однесува на начинот на живот. Но, јас едноставно сакам да победув ам.
Ајртон Сена

Да се биде втор значи само да се биде најдобар од губитниците.
Ајртон Сена

Кој на денот на победата брои порази?
Бјорнстерн Бјорнсон

Има победи што се срамотни.
Карел Чапек

Подмолната победа не е победа, туку пораз.
Балтазар Моралес Грацијан

Голема победа е да се освојат срцата на сите.
Балтазар Моралес Грацијан

Ништо не е поглупаво отколку да се победи. Вистинска слава е да се убеди.
Виктор Иго

Изгубената битка често е освоен напредок. Помалку слава, повеќе слобода. Барабанот замолчува, разумот доаѓа до збор.
Виктор Иго

Победата може да биде не знам колку голема, но не може да ги врати мртвите.
Жил Луј Фаригул Ромен

Победата е победа, но и за победата треба да се положи сметка.
Моша Пијаде

Кога некоја победа ќе се опише детално, престанува да се разликува од пораз.
ЖанПол Сартр

На победникот не му судат.
Катарина Втора

Во бекството смртта е срамна, во победата славна.
Марко Порциј Катон

Дојдов, видов, победив.
Гај Јулиј Цезар

Поразително е кога во човекот побрзо премалува духот одошто телото.
Марко Аврелиј

Нашите порази се само искушенија што сме ги прифатиле.
Котаро Такамура

Оние што слепо ќе се исплашат, тие се веќе поразени.
Иво Андриќ

Текот на настаните во животот не зависи од нас, никако или многу малку, но начинот на кој тие настани ќед ги поднесеме зависи во добра мера од нас самите. Значи, на тоа треба да се троши сила и да се обрнува внимание.
Иво Андриќ

Да се прифати мисла за пораз, значи да се биде целосно поразен.
Фердинанд Фош

Само затоа што не сте успеале еднаш, не значи дека нема да успеете во ништо. Обидете се повторно, чекајте и секогаш, секогаш верувајте во себе бидејќи ако не верувате самите, тогаш кој ќе верува?
Мерилин Монро

Секогаш го поминувате неуспехот на патот до успехот.
Мики Руни

Успешните луѓе не се плашат од неуспех. Тие разбираат што е неопходно да се случи за да пораснат и да научат.
Роберт Киосаки

Плашете се повеќе од каењето отколку од неуспехот.
Тарјин Роуз

Немојте да ме судите според мојот успех, туку според тоа колку пати паднав и повторно станав.
Нелсон Мандела

Секогаш се чини дека е невозможно сè додека некој не го направи.
Нелсон Мандела

Тајната на животот е да паднеш седум пати и да станеш осум.
Пауло Коелјо

Во овој свет само љубовта заслужува баш сè. Останатото нема никаква логика. Победникот е сам.
Пауло Коелјо

Повеќето успешни луѓе го одржуваат нивниот успех само на еден чекор над нивниот најголем неуспех.
Наполеон Хил

В ред е да се слави успехот, меѓутоа уште поважно е да се научи лекцијата од неуспехот.
Бил Гејтс

Успехот е лош учител. Ги заведдува паметните луѓе да мислат дека не можат да изгубат.
Бил Гејтс

Живеј како да ќе умреш утре. Учи како даќе живееш засекогаш.
Махатма Ганди

Не плашете се од неуспех, туку од ниските цели. Тие се злосторство. Во најголемите обиди дури и е величествено да се доживее неуспех.
Брус Ли

Храброста овозможува успешната жена да не успее и да на учи моќни лекции од тоа. Така што, на крајот, таа воопшто не доживеала неуспех.
Маја Ангелоу

Ако се плашите од неуспех, тогаш вие не заслужувате да сте успешни.
Чарлс Баркли

Неуспехот е добар се` додека не стане навика.
Мајкл Ејснер

Само оние кои се осмелуваат да не успеат можат да успеат на големо.
Роберт Кенеди

Никогаш не сум се плашел од неуспех.
Мајкл Џордан

Паѓав одново, одново и одново во својотживот, и затоа успеав.
Мајкл Џордан

Јас доживува пораз по пораз во својот живот сè додека не успеав.
Мајкл  Џордан

Играм за победа, небитно е дали е во прашање тренинг или натпревар. И нема да дозволам нешто да ми застане мене на патот и на мојот натпреварувачки дух.
Мајкл Џордан

Неуспехот не е фатален, но неуспехот да се промените може да биде.
Џон Вуден

Успехот никогаш не е конечен, а неуспехот никогаш не е фатален. Храброста е она што се подразбира.
Џон Вуден

За победа е потребен талент, за повторување на резултат е потребен карактер.
Џон Вуден

Ги мразам своите неуспеси. Ги мразам и ги жалам неуспесите на своите бракови. Би ги дал сите свои милиони само за еден успешен глас.
Џон Пол Гети

Човековата надеж е посилна од искуството, не може да ја поколеба туѓ неуспех.
Меша Селимовиќ

Неуспесите се патокази кон остварување.
Клајв Стејплс Луис

Неуспех? Таква можност воопшто не постои.
Маргарет Тачер

Развијте успех од неуспех. Обесхрабрувањето и неуспехот се две најсигурни отскочни штици кон успех.
Дејл Карнеги

Дејствувањето е основен клуч на секој успех.
Пабло Пикасо

Патот до успехот и патот до неуспехот се исти.
Колин Р. Дејвис

Успехот е збир на мали напори кои мораат секојдневно да се повторуваат.
Роберт Колиер

Промени го својот живот денес. Не се обложувај се на иднинатас, дејствувај веднаш, без одлагање.
Симон де Бовоар

Цели кон месечината и ако ја промашиш можеби ќе добиеш ѕвезда.
Климент Стоун

Можностите не се случуваат. Самиот ги креираш.
Крис Гросер

Постојат два вида луѓе кои ќе ти кажат дека не можеш да направиш никаква промена во светот: оние што се плашат да пробаат или оние што се плашат дека ќе успеат.
Реј Гофорт

Престаниш да бркаш пари, почни да бркаш страст.
Тони Хсиех

Мојот успех му го должам на тоа што со почитување го сослушав најдобриот можен совет и го направив сосем спротивното.
Гилберт Кит Честертон

Ако не сакаш да ризикуваш да го изгубиш она вообичаеното, ќе мораш со него да се помириш.
Џим Рон

Успешните луѓе го работат она што неуспешните не го сакаат. Немој да сакаш да стане полесно, сакај ти да станеш подобар.
Џим Рон

Неуспехот е само грешка во проценката, повторувана од ден во ден.
Џим Рон

Кој се одмаздува по победа, не е достоен за таа победа.
Франсоа Мари Аруе Волтер

Успехот е дете на смелоста.
Франсоа Мари Аруе Волтер

Ако погледнете одблизу за секој успех преку ноќ било потребно многу време.
Стив Џобс

Еве за оние лудите. Ексцентриците. Бунтовниците. Проблематичните. За оние што ги гледаат нештата поинаку. Тие не сакаат правила. И немаат почитување за status quo. Можеш да ги цитираш, да им противречиш, да ги величаш или омаловажуваш. Единствено не можеш да ги игнорираш. Затоа што тие ги менуваат нештата. Тие ја туркаатг човечката раса напред. И додека некои можат да ги видат како луди, ние гледаме гении. Затоа што луѓето кои се доволно луди да мислат дека можат да го менуваат светот се оние што тоа навистина и го прават.
Стив Џобс

Вистински тест не е дали ќе избегнеш неуспех, затоа што нема. Тестот е дали неуспехот ќе те натера да се откажеш од натамошна акција или дали од неуспехот ќе научиш нешто и ќе издржиш до успех.
Барак Обама

Не постои тајна на успехот. Тој е резултат на подготовка, тешка работа и учење од своите грешки.
Колин Пауел

Успехот е секогаш поврзан со акција. Успешните луѓе продолжуваат да се движат. Прават грешки, но не се откажуват.
Конрад Хилтон

Успехот не е никаква чудесна, необ јаснива божествена работа која можат да ја достигнат само некои од нас. Тоа е нешто што навистина постои, во сите нас. Мошне е едноставно: „Тоа го сакам и подготвен сум да умрам за тоа“. И точка.
Вил Смит

Успехот не треба да се мери толку со позицијата до која сте стасале, колку со пречките што сте ги надминале.
Букер Вашингтон

Го направи првиот чекор кон успехот кога ќе одбиеш да бидеш заробеник на опкружувањето во кое првобитно си се нашол.
Марк Кејн

Успехот не е клуч на среќата. Среќата е клуч на успехот. Ако го сакаш она што го работиш, ќе бидеш среќен.
Херман Кејн

Не е битно колку бавно одиш сè додека не престануваш.
Конфучиј

Кога ти е очигледно дека целта е недостижна, менувај ги чекорите што ги преземаш за да стигнеш до целта.
Конфучиј

Она што го сака мудриот го бара во себе. Простиот човек истото го бара кај други.
Конфучиј

Сè што си сакал кога било е на другата страна на стравот.
Џорџ Адаир

Премногу луѓе се ориентирани кон сигурност, наместо на создавање прилики. Се чини дека повеќе се плашат од животот одошто од смртта.
Џејмс Бајренс

Немој да се откажуваш од она што навистина сакаш да го работиш. Таму кај што има љубов и инспирација не можеш да погрешиш.
Ела Фицџералд

Болката е привремена. Откажувањето е засекогаш.
Ленс Армстронг

Секој напредок се случува надвор од зоната на комфорот.
Мајкл Џон Бобак

Во една минута можеш да го промениш својот став и таа минута може да ти го промени текот на целиот ден.
Спенсер Џонсон

После секоја потешкотија запрашај се: „Што можев да направам поинаку?“ и „Што направив правилно?“
Брајан Трејси

Не постојат граници на она што можеш да го направиш. Постојат само граници на размислување.
Брајан Трејси

Се прашувам колкупати  луѓето се откажувале баш пред да се прослават-кога се на самиот раб на успехот.
Џојс Меер

Ако работиш најдобро што можеш во ковој момент, тоа најдобро те подготвува за наредниот момент.
Опра Винфри

Знаеш дека си на патот кон успехот кога она што го работиш би го работел и за џабе.
Опра Винфри

Немој да те пореметат критиките. Запомни дека на некои луѓе единствен успех им е да те каснат.
Зиг Зиглар

Успехот не се гради на успех. Успехот се гради на неуспех. Се гради на фрустрација, а понекогаш се гради на катастрофа.
Сумнер Редстон

Неуспехот не е спротивен од успехот, тој е дел од успехот.
Аријана Хафингтон

Победата има илјада татковци, но поразот е сираче.
Џон Фицџералд Кенеди

Со самодовербата сте победиле пред да почнете.
Маркус Гарви

Никогаш не сте така добри како што ви велат додека победувате, но никогаш не сте ни така лоши како што ви зборуваат додека губите.
Лу Холц

Нема победа по поволна цена.
Двајт Ајзенхауер

Волјата за победа е важна, но волјата за подготовка е витална.
Џо Патерно

Кога победуваш ништо не боли.
Џо Намат

Да го потценуваш непријателот пред смрт е глупост, по победата подлост.
Јохан Волфганг Гете

Секој сака да биде некој, никој не сака да работи на тоа.
Јохан Волфганг Гете

Денот кога ќе престанеш да се натпреваруваш е ден кога ќе победиш.
Боб Марли

Сеедно дали тоа бил пријателски натпревар, за бодови, финале или кој било друг натпревар-јас секогаш играм исто. Секогаш го давам својот максимум, прво поради мојот тим, поради себе, поради навивачите и поради желбата за победа.
Лионел Меси

Понекогаш морате да го прифатите фактот дека неможете секогаш да победувате.
Лионел Меси

Победата над стравот е почеток на мудроста.
Бертранд Расел

Секој ујспешен проект пред својот крај изгледа како потенцијална катастрофа.
Розабет Мос

Јас лично не верувам во случајности. Успешни луѓе се оние што сами ги создаваат своите шанси.
Џорџ Бернард Шо

Неуспехот не е најстрашната работа на светот. Настрашно е да не се обидеш.
Џон Монеган

Немојте да се обидувате да бидете само успешен човек, туку и човек од вредност.
Алберт Ајнштајн

Кога ќе вработите луѓе што се попаметни од вас, сте докажале дека сте попаметни од нив.
Роберт Хенри Грант

Концентрирајте се на тоа каде сакате да стасате, а не каде сте биле.
Џон Маркс Темплтон

Неуспехот е одмор за идна победа.
Михајло Пупин

Во животот нема да постигнете многу ако работите само во оние денови кога се чувствувате добро.
Џери Вест

Размислувајте како човек од акција, дејствувајте како човек од мисли.
Хенри Бергсон

Да се знае како да се чека е голема тајна на успехот.
Жозеф д Мајстер

Колку сте претприемчиви, толку сте успешни.
Јохан Себастијан Бах

„Јас тоа не можам“ никогаш ништо не постигнало. „Ќе се обидам“ создава чуда.
Џорџ П. Бурнхам

Не плаши се од големи одлуки. Провалија не може да се прескокне со два мали чекора.
Дејвид Џорџ

Паметните луѓе учат од искуството. Супер паметните луѓе учат од искуството на други луѓе.
Џон Бајтвеј

Не учиш да одиш почитивајќи ги правилата. Учиш така што одиш, опаѓаш и стануваш.
Ричард Брансон

Целта не е ништо, движењето е сè.
Леонард Бернштајн

Совесно да се работи својата работа, не само она што треба да го работите и ништо повеќе, туку малку повеќе од тоа, зашто тоа малку повеќе што ќе го поработите, тоа малку повеќе што ќе се потрудите има поголема вредност од сè друго.
Дин Бригс

Успехот загрозил многумина кои се среќни со своите неуспеси.
Борис Макаренко

Разликата помеѓу работата и кариерата е разлика помеѓу 40 ми 60 часа работа неделно.
Роберт Фрост

Било да мислите дека можете или дека не можете, во право сте.
Хенри Форд

Најважна продажба во животот е онаа со која себе се продавате на себеси.
Максвел Молц

Неуспехот не е проблем сè додека се обидувате повторно.

Прочитај и за ... >>  ДУМА, ОПИТ, УКА

Гуј Кавасаки

Величествена животна цел не е ззнаењето, туку корисната акција.
Томас Хакслер

Проблемот не е во тоа како нови идеи да ги преокупираат Вашите мисли, туку е проблем во ослободувањето од старите. Секој ум претставува зграда исполнета со стар мебел. Ослободете еден агол на Вашиот ум и креативноста моментно ќе наиде.
Ди Хок

Човек не продава само стока, туку и самиот себе.
Ерих Фром

Leave the first comment