59. Општество-Држава
Инфантилно, ступидно, но пред сè е крајно тенденциозно да се поистоветуваат општеството и државата, особено кога се потенцира мултиетничноста. Притоа или не се знае или не се сака да се научи (второво многу повеќе) дека постојат мултиетнички општества, но не и мултиетнички држави.
Жални се оние општества и оние држави во кои помеѓу нивните првенци има такви кои не го разбираат основното: дека општеството е севкупност на односи на луѓето спрема природата и нивните меѓусебни односи (најсложени и најбитни се производствените), а државата е политичка установа со ефективна власт над одредена географска област.
Модерната држава е напредна, перспективна и уредена по мера на сите граѓани, на нивните заеднички интереси. Во неа владеат умноста, знаењето и искуството, исто како во животот на едно семејство, во работата на една фирма-сеедно од најмала до најголема.
Државник во модерна држава е посветен на слободата, демократијата, вредноста и убавината, на заедничкото добро и сушноста на индивидуалниот и колективниот опстој.
Македонски народни пословици и изреки
Ормањето скраја отидоа, затоа државата се оскапеа.
Во устата од царо има и огон и вода.
Зулум дури не биди, царсто не гинит.
Не кревај се на големо пред царот и кнезот.
Од уста в уста, на царо в уши.
Од што нема, и царо не зема.
Цар се стори, пак не се благодари.
Цар се праи као петел на буниште.
Пословици и изреки од народите на светот
Ако сакаш некоја земја (држава) да пропадне, помоли се во неа да има многу водачи. (Арапска)
Латински изреки
Законитоста е темел на државата. (Legalitas regnorum fundamentum)
Рекле, издумале
Државата ги има сите права, а човекот ги нема, наместо да биде обратно.
Антун Густав Матош
Државата се нарекува најстудена од сите студени чудовишта. Студена и лаже, и таа лага се влече од нејзината уста: Јас, држава, јас сум народ.
Фридрих Ниче
Државата лаже на сите јазици на доброто и злото; и што и да зборува, лаже-и што и да има, украла. На неа сè е лажно: гризе со украдени заби, лутица. Лажна е дури и нејзината утроба.
Фридрих Ниче
Со држава го нарекуваме тоа кај што сите пијат отров, добри и лоши: со држава кај што сите се губат самите себе, добри и лоши; со држава кај што бавно самоубиството на сите- со „живот“ се нарекува.
Фридрих Ниче
Спасот (напредокот, иднината) на државата не е во рацете на еден човек.
Марко Тулиј Цицерон
Земјата се ослободува со љубов, а голема станува со дела.
Јохан Волфганг Гете
Големите империи, како и големите колачи, најлесно се начнуваат на рабовите.
Бенџамин Франклин
Луѓето чувствуваат потреба секогаш некого да обвинуваат поради своја несреќа или штета.
Луиџи Пирандело
Општествениот поредок не излегува од самата природа. Тој се засновува на конвенции.
Жан Жак Русо
Во добро уредено општество добрите треба да служат како углед, а лошите како пример.
Луј Габриел Боналд
Човечкото општество се развива така зашто живее во метеж на мислења и страсти, светло и мрак, образованост и варварство. Тоа не е пекол ни небо зашто во него се наоѓаат елементи и на едното и на другото.
Силвио Пелуцо
Општеството постои за добробит на своите членови, а не членовите за добробит на општеството.
Херберт Спенсер
Општеството е како воздух; потребно за дишење, но недоволно за живот.
Џорџ Сантајана
Во држава во која поголемиот дел од граѓаните безделничат не може да се раѓаат значајни дела.
Николо Макијавели
Државата не е крава што се храни на небо, а на земја се молзи.
Франц Ецел
Владата се едра, народот ветер, државата лаѓа, времето море.
Лудвиг Борн
Најдобра држава е онаа што на луѓето им сака среќа и која знае како да ги направи среќни.
Томас Б. Маколај
Ако Спарта и Рим исчезнаа, која држава може да се надева дека трае за сите времиња.
Жан Пол Сартр
Државата е создадена за човекот, а не човекот за државата.
Алберт Ајнштајн
…Замисли дека нема држава.
Не е тешко да го сториш тоа.
Нема ништо за што би убивал или умирал…
Џон Ленон
Јас сум горд дека можам на својата земја да ѝ плаќам данок. Работата е во тоа за да бидам еднакво горд и кога би плаќал половина од тој износ.
Артур Мортон Годфреј
Ако е државата јака, премногу нè оптоварува. Ако е слаба, пропаѓаме.
Тацит
Допуштете ми да ги контролирам парите во државата и не ми е грижа кој ги прави нејзините закони.
Мејер Ротшилд
Слободата на мислите може да постои само тогаш кога државата верува дека е сигурна.
Бетранд Расел
Држава во која насилството и поединците остануваат неказнети ќе заврши во длабок мрак.
Софокле
Не е тешко да се уништи држава, тешко е таа да се постави на цврсти нозе.
Пиндар
Кога гледаме дека секоја држава претставува некоја заедница и дека секоја заедница настанала поради некое добро, зашто поради она што мислат дека е добро луѓето работат сè, јасно е дека сите заедници се стремат кон некое добро, а онаа која е од сите најмоќна и која сите останати ги опфаќа во себе, се стреми кон добро највисоко од сите. Таа се вика држава односно државна заедница.
Аристотел
А без правда, што се тогаш државите освен големи разбојнички банди?
Свети Августин
Најобична последица на промени што ги преживуваат државите е премин од ред во неред за во нив повгторно да се воспостави ред.
Николо Макијавели
Државата мора да се сфати како величествено архитектонско здание, како хиероглиф на разумот кој се открива во стварноста.
Георг Вилхелм Фридрих Хегел
За добробит на државата кралевите би требало да бидат филозофи, а филозофите-кралеви.
Платон
Со државата подобро управува извонреден човек одошто извонреден закон.
Аристотел
Земја која без престан мрази или сака некоја друга земја донекаде е роб на својата омраза или љубов, а што било од тоа ја оддалечило од нејзината должност и интерес.
Џорџ Вашингтон
Блазе си му на оној што е далеку од државните работи.
Хорациј
Единствена работа од која некоја демократска нација мора да се плаши е толку моќна влада што народот не е во состојба да ја контролира.
Сун Јат Сен
Моќните држави секогаш се однесуваат како гангстери, а слабите како проститутки.
Стенли Кјубрик
Колку подобро се управува со државата, толку помалку владетелски должности паѓаат на врховниот владетел.Во перфектно уредената држава царот царува, но нема потреба да владее-со владеењето и управувањето раководат висококомпетентни функционери.
Конфучиј
Држава, тоа сум јас.
Луј XIV
Во слободна држава појаки се заповедите на законот одошто луѓето.
Луциј Ливиј
Држава што тоне се спасува со примена на правни начела, а не со раце како кога се дави човек.
Менциј
Во управувањето со државата битно е да се користат вистински луѓе; сè останато е периферно…зашто и владеењето со потпирање на закони, а без соодветни луѓе, дури и кога се добронамерни не води кон друго освен во тиранија.
Цар Канг XI
Кој треба да се следи се менува со генерациите. Ниедна држава не треба да го имитира минатото.
Шанг Јанг
Државите убиваат народи.
Маргерит Јурсенар
Подобро е да се биде будала со сите одошто сам паметен.
Балтазар Грацијан
Оној што сака да го поправи општеството, треба да почне од себеси.
Арне Гарборг
Општеството се поправа тогаш кога ќе посака да се врати на старомодниот занес и некогашните идеали.
Роберт М. Пирсиг
Духот на вистината и слободата-ете, тоа се столбовите на општеството.
Хенрик Јохан Ибзен
Има две широки поделби на општеството: оние со повеќе оброци одошто со апетит, и оние со повеќе апетит одошто со оброци.
Никола Себастијан Шамфор
Општеството би било нешто прекрасно кога сите луѓе искрено би се интересирале едни за други.
Никола Себастијан Шамфор
Ќе ѝ направиш најголема услуга на државата ако креваш не покрив на куќите, туку им ја креваш душата на граѓаните; зашто е подобро големи души да живеат во ниски куќи, одошто во големи згради да се завлекуваат духовни бедници.
Епиктет
Еден човек е појак од друг-тоа е природна работа: многумина луѓе се појаки од еден-тоа е општествена работа.
Клод-Андриен Хелвециј
Како што самото општество го произведува човекот, така и тоа е произведено од него.
Карл Маркс
Најмодерно создадената држава е онаа во која сиот народ е најцелосно заинтересиран за судбината на татковината.
Виктор Кузен
Меѓународно општество ќе настане дури откако сите нации во него, големи и мали, ќе бидат сосема независни.
Махатма Ганди
Ако сакаш да знаеш какви се државата и нејзината управа и каква им е иднината, дознај колку во таа земја има честити и невини луѓе по затворите, а колку злосторници и престапници на слобода.
Иво Андриќ
Не може да се живее во општество и да се биде слободен од општеството.
Владимир Илич Ленин
…Накусо, совршеното општество би било она во кое секоја класа и секој член би го работеле она за што се според природата најспособни; во кое ниедна класа и ниедна единка не би ѝ пречела на друга, туку сите би работеле различно, а пак заеднички, за да создадат способна и хармонична целина. Тоа би била праведна држава.
Платон
Повеќе држави пропаднале поради повреда на моралот, одошто поради повреда на законот.
Шарл-Луј д Секонда д Монтескје
Најмногу закони има во најрасипана држава.
Тацит
Среќна е онаа држава во која сите граѓани имаат умерено и доволно сопствеништво.
Аристотел
Среќна е онаа држава во која никаквеци не можат да заповедаат.
Митилене Питакус (еден од седумте мудреци на античка Грција)
Нема среќна заедница без среќни поединци.
Јосип Броз Тито
Против јавниот непријател во државата секој граѓанин е војник, инаку ни се заканува преврат и анархија.
Готфрид Вилхелм Лајбниц
Границите на довербата кои може да се имаат во една држава се одредени со нејзините интереси.
Џорџ Вашингтон
Државниците се слични на хирурзите: нивните грешки се смртоносни.
Франсоа Моријак
Ништо повеќе не ја погаѓа државата, отколку кога итар човек се смета за мудар.
Френсис Бекон
Човек во општество бара утеха, корист и заштита.
Френсис Бекон
Кога се вади од државната благајна, не го боли срцето ни најголемиот скржавец.
Иван Раос
На државникот му е потребен телескоп, а не очила.
Хорацио Валпол