Потребно време за читање: 5 минути

34. Човек-Човечност-Нечовечност

Македонски народни пословици

Човекот не е ангел за да не греши.

Човек од човек како земја од небо.

Веков за лошите е рај, а за арните маки без крај.

Дрво на дрво се потпира, а човек на човека.

Те гледам ко славеј, ми пееш ко гавран.

Еден чоек плачи, друг се радуа.

Види го прво дрвото, та после седни под него.

Едната рака другата ја мие, а обете лицето.

Ем гол, ем зол.

Ем шут, ем боде.

Жалај со тие што жалаат, а радуј се со тие што се радуаат.

Бело му е лицето, а црно му е срцето на нажален човек.

Дури не фрлиш семе во нива, не никнува, а трње никнуваат и несеани.

Човекот не е роден за себе.

Пословици од народите на светот

Оние кои не наишле на тешкотии во животот никогаш нема да станат вистински луѓе. (Африканска)

Кој ја уби змијата и ја подигна јаболкницата, не го живееше животот залудно. (Узбекистанска)

Човекот е потврд од камен и понежен од роза. (Азербејџанска)

Вредноста на човекот се наоѓа во неговото срце и јазикот. (Арапска)

Човек без воспитание е како тело без душа. (Арапска)

Не му доаѓа на човекот ниедно зло кое на други би им било олеснување. (Еврејска)

Ако треба да запознаете некое лице, поканете го на тешко опатување. (Еврејска)

Човекот го покажува своето вистинско лице во три случаи: во богатство, во бес и во пијанство. (Српска)

Човекот е потежок од камен, но во исто време е понежен од цвет. (Руска)

Реките и планините се лесни за промена, природата е тешка. (Руска)

Секој ја гради сопствената среќа. (Англиска)

Бик треба да се фаќа за рогови, а човек за јазик. (Англиска)

Нема луѓе кои секогаш дејствуваат мудро. (Англиска)

Силните имаат желби, а слабите имаат соништа. (Кинеска)

Цветовите цутат засекогаш, но човекот не може да биде среќен секогаш. (Кинеска)

Насмев на неговите усни, а нож во неговото срце. (Кинеска)

Карактерот на лицето не може да се утврди од лицето. (Корејска)

Не ми е познат мирисот на лицето. (Јапонска)

Тигарот остава кожа по смртта, човекот остава име. (Јапонска)

Тигарот ја штити својата кожа, а човекот името. (Јапонска)

Латински изреки

Орел не фаќа муви. (Голем човек не се занимава со мали работи.) (Anquilla non capit muscas.)

Прочитај и за ... >>  ДУМА, ОПИТ, УКА 7

Врана на врана не ѝ вади очи. (Cornix cornici oculos non effodiet.)

За мртвите сè најдобро. (De mortuis nihil nisi bene.)

Човек сум: ништо човечко не ми е туѓо. (Homo sum: humani nihil a me alineum puto.)

Човек на човека му е волк. (Homo homini lupus est.)

Човекот е мера на сите ствари. (Omnium rerum mensura homo.)

Секогаш зборувај ја вистината, не прави зло, трпеливо поднесувај товар, разумно работи ја работата. (Semper dic verum, vacuam duc crimine vitam, fer patienter onus, fac sapienter opus.)

На човек секој ден му се заканува опасност од човек.

Домисла, гесло, мисла водилка

За да запознаете човек, мора да се служите со разум и интуиција.
Јогини

Кој е вистински човек? Оној што е мудар, правичен и одважен и кој може без јадење да истрпи сè што му испраќаат боговите.
Старогрчки мудрец

Рекле, издумале

Најдобар би бил оној човек што бојазливо и претпазливо би размислил за секоја работа што сака да ја преземе, а потоа смело би ја извршувал таа работа.
Херодот

Сè е во рацете на човекот. Затоа мора често да ги мие.
Станислав Јержи Лец

Сè треба да му се посвети на човекот-само не други луѓе.
Станислав Јержи Лец

Човекот ја има и таа предност над машината: умее сам да се продаде.
Станислав Јержи Лец

Нема нови правци, постои само еден: од човек спрема човек.
Станислав Јержи Лец

Оди во пресрет на човекот-не му давај да дојде одзади.
Станислав Јержи Лец

Човек може да се биде на мноштво различни начини. Човекот е украс на светот. Човекот е единствена грешка на природата. Човекот е истовремено срамота и гордост на природата. Човекот е спореден производ на љубовта. Ретки се моментите кога човекот е рамен на себеси. Човекот е само трска, најслаба во природата, но трска која мисли.
Блез Паскал

Најдобар е оној човек што најмногу им користи на луѓето.
Мохамед

Човекот е суштество создадено да се надмине себеси.
Фридрих Ниче

Би сакал да знам колку луѓе се потребни за од нив да се направи само еден совршен човек.
Шарл Жозеф де Лин

Човекот завладеал со природата пред да научи да владее со самиот себе.
Др Алберт Швајцер

Човекот не е човек сè додека не најде нешто поради што би се согласил да умре.
Жан Пол Сартр

Не се живее само за да се биде среќен. Трпи и умри ако треба, но биди она што треба да бидеш: човек!
Ромен Ролан

Ниеден човек сам по себе не е ни голем ни мал, додека не се спореди со други кои не се ни така добри ни така големи.
Семјуел Џонсон

Човекот во суштина е страшно и диво животно кое за среќа живее во крлетка наречена цивилизација.
Артур Шопенхауер

Кога човекот ќе стане животно, човекот е полош од животно.
Рабиндранат Тагоре

Сите животни се посреќни и поразумни од човекот.
Менандер

Ако се случи да се сретнат два волка, ниеден нема да почувствува нелагодност затоа што оној другиот е волк. Ако се сретнат два човека во шума, секој од нив ќе помисли дека оној другиот би можел да биде разбојник.
Јохан Нестрој

Човекот е крал на животните зашто неговата суровост ја надминува суровоста на животните.
Леонардо да Винчи

Човекот е добар, луѓето се сурови.
Вилјем Шекспир

Не се сите луѓе толку лоши, како што мисли лош човек.
Иво Андриќ

Повеќето од луѓето се јадни суштества. Својата среќа ја градат на измами, а со зли очи гледаат околу себе.
Иво Андриќ

Како правта од овошка која оди од рака на рака, од човекот паѓа најпрвин она што е најфино во него.
Иво Андриќ

Најдоброто во човековиот живот се неговите мали, безимени, незабележани дела на добрина и љубов.
Вилјам Вордсворт

Не се лоши врремињата, туку е лош човекот.
Џон Бомон

Човекот е суштество во суштина незадоволно со другите.
Јозеф Чапек

Најдобрите луѓе се со најдобра нарав.
Тацит

Човекот е паднат бог кој се сеќава на небото.
Алфонс де Ламартин

Ако небото го создало човекот, тој мора да ѝ служи на некоја повисока цел.
Свами Вивекананда

Човек сум и мислам дека ништо човечко не ми е туѓо.
Теренциј

Човек е она во што верува.
Антон Павлович Чехов

Човек станува она што мисли.
Свами Сивананда

Човек, тоа е човековиот свет, државата, општеството.
Карл Маркс

Да се пие без жед и да се води љубов во секое доба, тоа е она со што се разликуваме од животните.
Пјер-Августин Карон де Бомарше

Човек е она што се сокрива.
Андре Малро

Лицето на човек кој спие открива многу од она што го сокрива лицето на буден човек.
Артуро Граф

Човекот е лед спрема вистината, а оган спрема лагата.
Ла Фонтен

Човекот ги разрешува сите тајни останувајќи самиот најголема тајна.
Мухамед Икбал

Златото се гледа во оган, а човекот во неволја.
Публилиј Сириј

Човекот е незавршена творба; тој треба да ја истражува и оствари целосноста.
Свами Рама

Ако можеш да видиш уништено дело на својот живот и без ниеден збор да почнеш да го градиш одново; ако можеш да бидеш заљубен, но не и луд од љубов; ако можеш да бидеш јак, а сепак да останеш нежен; да не ги мразиш оние што те мразат тебе, а сепак да се бориш и да се браниш; и ако можеш да останеш достоинствен и скромен во слава; ако можеш да бидеш добар, а да бидеш паметен дека не си чистотник и ситничав-ќе бидеш ЧОВЕК!
Радјард Киплинг

Човекот е единственото жив отно од кое се плашам. Лавот не е толку опасен-нема идеали, нема религија, нема политички убедувања; со еден збор, нема причина да уништи ништо што не може да изеде.
Џорџ Бернард Шо

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here