3. Годините
Македонски народни пословици:
Врват саатите, дните и годињето, како по реките воѓето.
Денот што донесуат, годината не носит.
Ланската година ја бараме годинава, а годинашнава в година.
Лигаата (година) е бериќетлија, ама болезлија.
Што чине час’т, не чине годината.
Дните праат годиње.
Пословици од народите на светот
Во добра година житото е слама, а во лоша сламата е жито. (Шпанска)
Годината има усти што се протегаат низ дванаесет месеци. (Руска)
Лошата година ретко доаѓа сама. (Германска)
Слабите години ги јадат дебелите. (Германска)
Тешко на онаа година во која птиците не ќе направат штета. (Италијанска)