ДУМА, ОПИТ, УКА, 152

Потребно време за читање: 24 минути

152. Хармонија

Најважна, најпрва и најголема цел во животот на човекот, како единка и како дел од заедница, е и мора да биде живот во хармонија со природата. Значи рамномерно, рамносилно, споделувачки и со меѓусебно согласување и надополнување. Но, можна ли е таа ако човекот не е во хармонија со себесии  во себе? Секако не. Значи тој со самопочит, со лично допстоинство, со свесност за сопственото постоење.

Никогаш да не се заборави на хармоничните иодноси меѓу материјалниот и нематеријалниот свет, односно меѓу минливостите и дребнавостите од една страна, а од друга возвишените и трајните вредности.

Македонски народни пословици и изреки

Човек е на исто со свето кога е на свое место во него.

Твојата душа иста со неговата, значи во љубов на патот на животот.

Животот ти е суреден и играш во него оти те бидува да бидеш вистински среќен.

Ти ко еден не смејш да ги растураш рамнотежата и согласноста на групата во која си додека си.

Ти војваш со свето оти си роден за војвање со него. Па се лажеш себеси и ги лажеш тие со тебе оти си за постоење на нивнио со твојо во единство.

Пословици и изреки од народи на светот

Варди се од оној што е дарежлив од туѓа кеса. (Германска)

Ако сакаш да бидеш јак, запознај ги своите слабости. (Германска)

Срамот е семе на сите добродетелства. (Германска)

Навиката е кошула што ја носиме до смрт. (Руска)

Семејството во хармонија ќе напредува во сè. (Кинеска)

Волјата нека не ти вреска, ако моќта може само да ти шепоти. (Англиска)

Биди во хармонија со себеси и со својот живот. (Турска)

Во хармонична врска двајца спојува во едно. (Италијанска)

Латински изреки

Parvum parva docent. (На мало малку му доликува.)

Natura abhorret (horret) vacuum. (Природата не поднесува празно пространство.)

Perenne coniugium animus, non corpus facit. (Не е телото она што го прави бракот здрав, туку душевната хармонија.)

Живот во хармонија е живот со сопствена вредност.

Во брак се живее во љубов, а тоа најпрвин значи среќа и хармонија.

Рамнотежата е основа на хармонични взаемни односи.

Светот функционира за нас ако живееме во хармонија со него.

Природата е едноставна со себеси исто како ние во неа и со неа.

Домисла, гесло, мисла водилка

Со отворено и урамнотежено срце сме привлечени кон она што ни треба.
Анонимус

Работи во хармонија со сè во вас и со најдоброто од надворешните извори.
Анонимус

Семејството во мир и хармонија е заедно и кога членовите во него не се согласуваат.
Анонимус

Ваша цел треба да биде главна, дури единствена, а сè до неа и по неа се развива хармонично.
Анонимус

Ја уништуваме природната средина и околина зашто не сме во хармонија.
Анонимус

Чувството на среќа раѓа хармонија.
Анонимус

Хармоничен и среќен човек не дозволува да го заблудат страсти.
Анонимус

Луѓето и природата треба да постојат во хармонија едни со други.
Анонимус

Внатрешната хармонија е обусловена од она што го правиш, го мислиш, го кажуваш и го чувствуваш.
Анонимус

Среќата е резултат на многу состојби во хармонична целина.
Анонимус

Рекле, издумале

Ако го знаете методот на будење на спротивната мисла, ќе можете да живеете среќен, хармоничен живот на мир и сила. Една мисла за љубов веднаш ја неутрализира мислата полна со омраза. Храбрата мисла веднаш ќе послужи како моќен противотров за страшливата мисла.
Свами Шивананда Сарасвати

Ако сакате да живеете во хармонија со другите, понекогаш е нужно да изгледате не толку паметни, колку што всушност сте.
Артур Хејли

Ако сакаш да создадеш прекрасна хармонична врска, не можеш да го игнорираш она што ве разделува.
Стивен Кови

Ако масовните комуникации хармонично и често незабележливо ги комбинираат уметноста, политиката, религијата и филозофијата со рекламите, тие ги доведуваат овие сфери на културата до нивниот заеднички именител-форма. Музиката на душата е исто така музика на пазарноста. Разменувачката вредност, а не вредноста на вистината, се брои.
Херберт Маркузе

Ако не живеете во хармонија со себеси, како можете да живеете во хармонија со другите?
Даглас Кенеди

Ако немаме доверба еден кон друг, тогаш нема да учествуваме во отворен, конструктивен, идеолошки конфликт. И само ќе продолжиме да го одржуваме чувството на вештачка хармонија.
Патрик Ленциони

Ако спротивставувањето помеѓу два елемента е сосема реално на одредено ниво на постоење, тогаш тоа треба да исчезне и да најде хармонична разрешница, преминувајќи низ синтеза или интеграција на повисоко ниво.
Рене Генон

Ако религијата го спознавала Бога, ја спознала нулата. Ако науката ја спознала природата, ја спознала нулата. Ако уметноста ја спознала хармонијата, ритамот, убавината, ја спознала нулата. Ако некој го спознал Апсолутот, ја спознал нулата.
Казимир Малевич

Ако се случи нешто лошо, нужно ќе се случи и добро, и така во светот се одржува хармонијата.
Метју Квик

Ако се стремиме да дејствуваме во хармонија со законите на доброто, се издигнуваме над сите други закони и стануваме закон за себеси; соработници на Бога и помагачи во природата. Наша е привилегијата, наша е загубата ако не успееме да ги исполниме нашите највисоки можности.
Макс Хајндел

Ако слушате со срцето и чистата душа, ќе ја слушнете музиката на Космосот, во совршена хармонија. Само човечките гревови и ароганцијата го заматуваат звукот.
Линда Лаферти

Ако те прашаат: што е благосостојба?-одговори: бидете во хармонија со себеси.
Питагора

Ако луѓето научат да живеат како што живеат здравите клеточни заедници, на Земјата ќе царуваат мир и хармонија.
Брус Липтон

Ако сиромав му завидува на богаташ, тогаш не е ништо подобар од него.
Лав Толстој

Благословете го сето она што постои со целото ваше битие и веднаш ќе ја препознаете вашата внатрешна состојба на целосност и хармонија.
Муџи

Болеста не е ништо друго, освен нарушување на законите на природата. Но, во природата сè е пропорционално, сè е убаво и хармонично. Болеста е нарушување на хармонијата.
Кацузо Ниши

Бракот е најголемата среќа на земјата, освен ако не се заснова на целосна хармонија.
Бенџамин Дизраели

Брачните односи, дури и најхармоничните (и особено најхармоничните) се непрестајна серија на простување, изречено и неизречено.
Даглас Абрамс

Без разлика колку пари, награди или слава му дава судбината на човек, тие не гарантираат дека тој ќе биде сакан и среќен, ќе живее долги години во радост и хармонија и ќе ги исполни своите заветни мечти.
Наталија Солнцева

Без разлика колку често и длабоко бев несреќен, во мене секогаш ќе живее тивка чиста хармонија и музика.
Винсент ван Гог

Без мир нема ништо навистина човечко. Мирот е хармонија. А хармонијата е највисокиот идеал на животот.
Клас Понтус Арнолдсон

Бог го создал човекот за среќа. Затоа што без среќа нема совршенство. И без совршенство нема хармонија во природата.
Павел Амнуел

Во благопријатна средина технологијата не опстојува и не се развива во култури поразени од верувањето во природна хармонија.
Питер Вотс

Во античка Кина таоистите учеле дека постојаната внатрешна насмевка, насмевката кон себеси, обезбедува здравје, среќа и долговечност. Зошто? Да се ​​насмевнуваш на себеси е како да се насладуваш на љубовта: ти стануваш свој најдобар пријател. Да ​​живееш со внатрешна насмевка значи да живееш во хармонија со себеси.
Мантак Чиа

Во древни времиња на Земјата е изграден хармоничен систем од пирамиди и споменици.
Ернст Мулдашев

Во едно општество составено од чист интелект веројатно немаше да има повеќе солзи, макар што уште може да има смеа; кога се има предвид дека силно емоционалните души, во хармонија и единство со животот, во кои секој настан сентиментално би се продолжувал и повторувал, ниту би ја познавале, ниту би ја разбирале смеаата.
Анри Бергсон

Во здрава состојба, животната сила поддржува сè во хармонија и поредок; исто како што електричната енергија во својата природна состојба се јавува како залог за поредок.
Џејмс Тејлор Кент

Во идеален случај рекламирањето има за цел програмирана хармонија меѓу сите човечки импулси и аспирации и потфати. Користејќи занаетчиски методи, таа допира до крајната електронска цел на колективната свест.
Маршал Меклуан

Во нашево време девојките се многу похармонично развиени, отколку мажите.
Шушаку Ендо

Во основата на сите добри, хармонични односи лежи балансот на вина, срам и нечиста совест.
Ју Несбо

Во слободна држава должност на писателите е да не обрнуваат внимание на должноста. Само при диктатура се очекува литературата да пројавува хармоничен дизајн или инспиративен тон.
Е. Б. Вајт

Во сферата на културата новиот тоталитаризам се пројавува имено во еден хармонизиран плурализам, каде што најпротивречните дела и вистини мирно коегзистираат во рамнодушност.
Херберт Маркузе

Веројатно кога две души се во апсолутна хармонија, секогаш среќни заедно и одделно, тие не треба да дозволат ништо на светот да ги раздели.
Џин Вебстер

Видливото дело хармонично изразува невидлива мисла.
Хајнрих Хајне

Видов дека науката е во хармонија со човештвото.
Џозеф Ротблат

Вие треба смело да го преувеличувате овој ефект што го даваат боите, хармонизирајќи или дисхармонизирајќи се една со друга.
Ирвинг Стоун

Верувам во Бог кој се открива во природната хармонија на сите нешта, а не во Господ кој се занимава со судбината и постапките на конкретни луѓе.
Алберт Ајнштајн

Во секој од нас живеат здравје, младост и хармонија. Само треба да знаете како да ги најдете и да ги разбудите.
Владимир Лермонтов

Во Ведите пишува дека природата е создадена многу хармонично и треба да се трудиме да ја зачуваме таа хармонија, не да ја нарушуваме. На ист начин најдобро е да го третирате човечкото тело, обидувајќи се да ја пресоздадете оригиналната хармонија во него.
Олег Торсунов

Возможна ли е интелектуалната хармонија на две души? Може ли некој друг да се усогласи со вашите мисли, да се слее со вашиот ум, да оди рака под рака без прашање, без колебање-два ума кои размислуваат како еден. Се разбира, тоа е невозможно.
Алан Милн

Возраста му помага на човек да стекне некои од перспективите неопходни за создавање на хармонија меѓу очигледните противречности.
Роберто Асаџоли

Верувам дека влегуваме во нова ера каде што динамичните жени лидери ќе имаат можност да донесат поголема хармонија и мир на планетата.
Мери Поуп Озборн

Верувам дека уметникот е среќен човек: тој е во хармонија со природата кога некако успева да го изрази она што го гледа.
Винсент ван Гог

Внимавајте на добрата вера и правдата за сите нации. Негувајте мир и хармонија со сите.
Џорџ Вашингтон

Вселенскиот систем работи според законот на музиката, според законот на хармонијата.
Хазрат Инајат Хан

Главното правило на хармонија во семејниот живот-колку е помалку кажано, толку е полесно да се поправи.
Џулијан Фелоуз

Готовноста да си простиш е неопходен чекор кон постигнување хармонија со сите принципи на Вселената.
Вејн Даер

Да бидеш организиран ти помага да станеш „професионалец“ во животот, да живееш продуктивно, во хармонија со својата суштина. Хармонијата е енергично попривлечна од хаосот. Кога зрачите со спокојство, изгледате надежен, зрел, економичен човек.
Чери Картер-Скот

Да се ​​живее во хармонија со Бога се учи како да го сакаш она што всушност не го сакаш.
Маријан Кис

Да живееш во хармонија со вистината значи да не криеш тајни или да се криеш зад стари рани, да не се предаваш себеси или да не ги предаваш другите.
Каролајн Мис

Да живееш во хармонија со себеси значи не само да стекнеш знаења и да ги декларираш сопствените сили, туку и да ги прифаќаш својата ранливост и кревкост.
Брене Браун

Да ​​живееш со интегритет значи… да се однесуваш на начин кој е во хармонија со твоите лични вредности.
Барбара Де Анџелис

Да, тој е брз, див и немилосрден, но живее во хармонија со светот и со себеси.
Сали Грин

Добриот човек е внатрешно убав, живее во хармонија со себеси, со општеството и со природата.
Дмитриј Лихачев

Добродетелта е во хармонијата.
Питагора

Доброто го дефинирам како хармонија, а злото како вишок на добро или недостаток на добро.
Сергеј Николаевич Лазарев

Доброто и злото на светот се во еднаква мера. Од ова произлегува дека е неопходен баланс на доброто и злото во природата, рамнотежа која ја обусловува хармонијата во неа.
Жан Батист Робине

Додека западниот човек ја освојува природата и ја надвладува, источниот човек е во хармонија со неа. Ја остава сама бидејќи ја гледа како рамноправен член на заедницата.
Владислав Бајац

Додека се движите низ чувствителноста и вибрациите, изберете луѓе и можности кои се чувствуваат длабоко удобни и кои резонираат хармонично со вашата домашна фреквенција. Можете да ги разликувате луѓето, можностите, местата и одговорите кои создаваат убава музика со вас… Кога ќе сретнете луѓе, идеи и можности кои се во спротивност со вашата домашна фреквенција, не се мешајте-или ако треба, оставете нека биде периферно.
Пени Пирс

Дрвјата и растенијата покажуваат почит едни кон други со начинот на кој живеат во хармонија. Тоа важи и за животинското царство.
Масару Емото

Дури и ако човек отстапи од хармонијата само една ноќ, настапува страдање.
Ингрид Паркер

Дури и најмалата секојдневна работа може да биде хуманизирана со хармонијата на културата.
Алвар Алто

Душата копнее по хармонија, а животот е дисхармоничен.
Андреј Тарковски

Државите се различни. Тие прават различни избори. Не можеме да хармонизизраме сè.
Дејвид Камерон

Еден од главните знаци на среќа и хармонија е целосното отсуство на потреба некому да му докажуваш нешто.
Нелсон Мандела

Една мудра жена препознава кога нејзиниот живот е надвор од рамнотежа и собира храброст да дејствува за да го корегира, таа го знае значењето на вистинската великодушност, среќата е наградата за животот изживеан во хармонија, со храброст и благодат.
Сузи Орман

Една од радостите на науката е тоа што понекогаш ни се отвораат врски кои внесуваат длабока хармонија на она што на почетокот изгледало бесмислено и неподредено. Поранешниот хаос се покажува дека е дел од едноставен план и чувствувате дека ги гледате нештата, ја гледате самата нивна суштина.
Нил Шубин

Елеганцијата-тоа е надворешен израз на внатрешната хармонија.
Марија фон Ебнер-Ешенбах

Економските и политичките корени на конфликтите се премногу силни за да се преправаме дека создаваме трајна состојба на хармонично разбирање меѓу луѓето.
Алва Мирдал

Емоционалната интелигенција е неопходна компонента на хармоничниот живот.
Најџел Камберленд

Желбата на еден човек е невозможно целосно да се усогласи со желбите на друг човек.
Бертранд Расел

Живејте во хармонија со вашите идеали.
Санџај Гупта

Животот е поднослив само тогаш кога разумот и телото постојат во хармонија, во рамнотежа и во меѓусебно почитување.
Дејвид Херберт Лоренс

За да почувствуваш хармонија е нужно да преживееш многу од сè-лошо, добро, болка и радост. Нужно е да запознаеш разни луѓе-лишени, понижени, бездомни, душевно болни и да научиш да сочувствуваш со нив. На крајот, сето тоа звучи како бесполезна евтина проповед, но животот е дејствувачки устроен така.
Ејдрин Броуди

За да го привлечете она што навистина го посакувате, вашата свест и потсвест треба да бидат во хармонија.
Џозеф Витал

За да се биде во хармонија со себеси човек треба да биде таков, каков што може да биде.
Абрахам Маслоу

Зад движењето на енергијата во светот стои внатрешното функционирање на интелигенцијата. Овoj природен или органски интелект е свесен и сигурен во својот план и метод, не по избор или намера, туку интуитивно и спонтано, како движење на чиста убавина и хармонија.
Дејвид Фроули

Зад естетската форма се крие потисната хармонија на сензибилитетот и разумот.
Херберт Маркузе

Задоволството може да се хармонизира. Треба да се соочите со болките.
Дејвид Линдзи

Замислете само колку хармоничен би станал нашиот свет доколку секој човек-млад или стар-го сподели со другите што е во него собрано најдобро од сè.
Квинси Џонс

Зарем не е силата на генијот во тоа секогаш да се усогласува со непишаните правила на хармонијата?
Густаф Ајфел

Затоа што во живиот свет злосторствата се казнуваат со одржување хармонија.
Ана Старобинец

равиот разум не помага секогаш да се донесуваат рационални одлуки во критични ситуации. Главната задача на науките што ги изучуваме е образованието на човек во целосна хармонија со природата; создавање на одреден тип на размислување, подготвено мигновено да реагира на секое изненадување.
Алфред ван Фогт

Иако би било убаво да се замисли дека некогаш имало време кога човекот живеел во хармонија со природата, не е јасно дали тој некогаш навистина живеел.
Елизабет Колберт

И ја зеде во прегратка и ја бакна повторно, нивните срца чукаа во идеалниот момент, како две изгубени музички ноти кои најнакрај го најдоа своето место во неочекувана хармонија.
Сара-Кејт Линч

Идеалното нешто нè тера да се восхитуваме на хармонијата на законите на неговото формирање и како е направено.
Даниел Хармс

Идеалот за хармонија во односите со другите е секогаш присутен кај секој човек како внатрешен ориентир.
Макс Лишер

Идејата за хармонија меѓу професионалниот и личниот живот во високо конкурентна економија е врвна тема.
Сатја Надела

Изработката на уметност е синтеза на животот во материјализирана форма. Треба да се обидеме да ставиме под иста капа не поделен начин на размислување, туку сè во хармонија заедно.
Алвар Алто

И добродетелствата на еден човек ние ги примаме и ги цениме сосема само ако ни се укажуваат во форма која одговара на нашите сфаќања и наклонетости.
Иво Андриќ

Има места и клими, годишни времиња и часови, со нивните надворешни околности, толку многу во хармонија со одредени впечатоци на срцето, што природата и душата на човекот изгледаат како делови од една огромна целина.
Алфонс де Ламартин

Има нешто многу пријатно во принципите на науката и правилата на математиката, бидејќи тие се толку неизбежни и толку хармонични-така или инаку апстрактно.
Лидија Дејвис

Има само една интелигенција, а таа интелигенција има чудесен опит во историјата на нашиот Сончев систем, водејќи ја секоја од планетите милиони години по патеки кои се уредени и хармонични. Со готовност ја прифаќам оваа интелигенција како мој партнер во бизнисот.
Луиз Хеј

Интеграцијата е основен закон на животот; кога му се спротивставуваме, дезинтеграцијата е природен резултат, како внатре, така и надвор од нас. Така доаѓаме до концепцијата за хармонија преку интеграција.
Норман Казинс

Испразни го она што е прелиено, целосно она што е празно, почешај се таму кај што те чеша-ете ги трите клучеви за хармонија.
Дејвид Мичел

Историјата се повторува-тоа е само друг начин да се каже дека минатото се стреми кон хармонија со себеси.
Стивен Кинг

Истражувањата покажуваат дека искрените позитивни чувства-како што се љубовта, грижата, благодарноста, признателноста, сочувството или радоста-го изедначуваат ритамот на срцето во хармоничен конзистентен модел.
Џед Дајмонд

Истражувањата го потврдуваат она што интуитивно го знаеме: хармонизираните, иновативни и интегрирани практики за човечки ресурси прават драматична разлика во индивидуалните и организациските резултати.
Дејв Улрих

Јас сум една клетка во тело од четири милијарди клетки. Телото е човечко. Јас сум единечна клетка. Моите потреби се индивидуални, но не се единствени. Јас сум поврзан со други човечки суштества во последиците од нашите постапки, мисли и чувства. Ќе работам за човечкото единство и човечкиот мир; за морален ред во хармонија со редот на Вселената. Заедно го споделуваме стремежот кон општество на целото, еднакво на нашите потреби, општество во кое не е неопходно да живееме под нашите морални можности и во кое правдата има сопствен живот. Ние сме единечни клетки во тело од четири милијарди клетки. Телото е човечко.
Норман Казинс

Карактерот е способност да живееме во хармонија со позитивните вредности. Личноста со недоволен карактер дава висока вредност на краткорочните придобивки или воопшто не признава никакви вредности.
Брајан Трејси

Кармата е почеток на познанието. Потоа доаѓа трпението. Трпението е многу важен квалитет. Силните луѓе се трпеливи. Ако сте трпеливи, наскоро ќе ја достигнете природата на сите нешта, ќе најдете хармонија со вечноста.
Џејмс Клавел

Кога вашата желба е да донесете мир и хармонија во светот, тогаш ќе треба да започнете со наоѓање мир и хармонија во сопственото срце. Губење време е да се зборува за мир. Треба да го барате и пронајдете тоа сознание за мир што ништо и никој не може да го наруши и да останете во неа.
Ајлин Кади

Кога нема движење кон интеграција, целиот систем преминува од сложеност-а следствено и хармонијата-до вкочанетост и ригидност.
Даниел Сигел

Кога живеете во една куќа, едно семејство, секогаш можете да најдете излез и да ја вратите хармонијата. Откако ќе се распрснеме, таа исчезнува засекогаш.
Прија Базил

Како што индивидуалното его се раствора во универзалното Јас, конфликтите се разрешуваат и се создава хармонија, како внатре, така и надвор. Резултатот од духовните практики е способноста да се релаксирате и да се опуштите, да се растворите.
Бхануматхи Нарасимхан

Кога интелектот и афектите се во хармонија; кога интелектуалната свест е мирна и длабока; инспирацијата нема да се меша со фантазијата.
Маргарет Фулер

Кога сте навистина приврзани кон добродетелта, нема чувство на ароганција, праведност или супериорност. Кога сте навистина усогласени со добродетелта, хармонијата проникнува.
Чин-Нинг Чу

Кога науката и уметноста ќе се спојат во хармонија, чудесата стануваат нешто обично.
Витли Стрибер

Кога обичните луѓе умираат, тие се надвор од контрола. Необразовани во текот на нивниот живот, тие се обземени од преживувањето на смртта и се збунети бидејќи нивните телесни елементи илегуваат надвор од рамнотежа и престануваат да функционираат хармонично.
Тубтен Јеше

Кога си поставуваме цели кои се хармонизираат со совеста и принципите на квалитетот на животот, ние го бараме и го наоѓаме најдоброто.
Стивен Кови

Кога сте во хармонија со себеси, ќе бидете во хармонија со сите други.
Деби Форд

Кога ќе создадеме мир, хармонија и рамнотежа во нашите умови, ќе ги откриеме во нашите животи.
Луиз Хеј

Кога таквата резонанца се восприма со позитивен став, се појавува длабоко чувство на усогласување со субјективното чувство на хармонија.
Даниел Сигел

Кога луѓето малтретираат некого, тие треба да ги оправдаат своите постапки за да живеат во хармонија со себе.
Џин М. Оел

Кога човекот слуша музика, тој има чувство на благосостојба бидејќи тие тонови се хармонизираат со она што го преживеал во светот на својот духовен дом.
Рудолф Штајнер

Колку и да е несовршено општеството, ние треба да го мериме со суровоста и лишувањето од дејствителното минато, а не со хармонијата и богатството на една замислена иднина.
Стивен Пинкер

Конфликтите те прават послаб, хармонијата посилен и постабилен.
Вејн Даер

Конфликтот е сквернавење на хармонијата. Ако учествуваш во него, ти веќе не можеш да бидеш решението, туку стануваш дел од проблемот.
Вејн Даер

Кратковидоста создава хармонија за која остриот вид дури не се сомнева.
Питер Тил

Лице од кое е тешко да го тргнете погледот е хармонична комбинација на недостатоци.
Паскал Брукнер

Луѓето го прават добро само она што го прават во хармонија со себеси.
Морис Мерло-Понти

Луѓето кои се во хармонија со себеси обично многу се смеат. Еве за вас две правила: 1. Никогаш не работете таму кај што ретко се смеат. 2. Никогаш не работете со лидер кој не се смее.
Том Питерс

Љубовта е една од основните сили на светската хармонија и човек треба внимателно да се однесува кон тоа чувство.
Владислав Крапивин

Љубовта е состојба на хармонија со себеси.
Енодија Џудит

Љубовта ги мобилизира магичните сили на душата. Таа хармонизира. Повикува на иницијативи на помирување, генерира самопочит и почит во луѓето. Љубовта е секогаш исцелувачка.
Енрике Марискал

Љубовта е таа што создава прекрасни спомени. Со љубов започнува хармоничниот брак.
Ник Вујичиќ

Магијата не значи контрола или власт над природата. Тоа е повторно став на човек далеку од магија, уште една заблуда во духот на „магичното значи натприродно“. Во магијата ние работиме во хармонија со силите на природата. Кога практикуваме магија на кој било друг начин, магионичарот се ограничува себеси и само го зголемува своето его.
Скот Канингем

Мајсторството на остроумноста се состои во извонредна комбинација, во хармонично сопоставување на два-три далечни концепти поврзани со еден акт на умот.
Балтазар Грацијан

Милиони луѓе страдаат: тие сакаат да бидат сакани, но не знаат како да сакаат. А љубовта не може да постои како монолог; тоа е дијалог, многу хармоничен дијалог.
Ошо

Мирот е повеќе од отсуство на војна. Мирот е единство и согласност. Тој е хармонија.
Лејни Тејлор

Многу е потценувачко да се споредуваат луѓето со впивачки сунѓер, светлечки фитил; секој од нив е безбројна хармонија, живо суштество кое има ефект врз сите сили што го опкружуваат.
Јохан Готфрид Хердер

Многу хармоничен начин да живееме со непријатен свет би бил да се обидеме да го промениме она што нè јадосува или едноставно да го прифатиме такво какво што е.
Џон Паркин

Можноста за напредок зависи од хармонијата во семејството, не само за родителите, туку и за децата. Следствено, не треба да има сентименталност по ова прашање.
Олег Торсунов

Можноста да се постигне хармонија во комуникацијата се однесува на големи групи луѓе, како што се нациите, владите, дури и политичките партии, како и за поединци штом ќе ја сфатат цената на третирањето на другиот како непријател и затоа помалку од човек.
Џон Кабат-Зин

Моите родители ми создадоа хармонична средина, едноставна и достоинствена, без навестување на буржоазија.
Ле Корбизје

Моја работа е да научам моите стремежи да се поткрепуваат со факти, а не да се обидувам да правам факти за да се хармонизираат со моите стремежи.
Томас Хаксли

Моралот не е песна. Тоа е хармонија на должност кон човекот и Бога.
Ендрју Клаван

Мудроста значи способност да се разликува дали нешто е можно или невозможно. Ова разликување станува достапно кога сте во хармонија со нешто поголемо.
Берт Хелингер

Музиката води кон внатрешна хармонија.
Конфучиј

Музиката е хармонија. Зошто животот не може да биде хармонија?-Затоа што во музиката има седум ноти кои се покоруваат на еден композитор, но во животот секој има своја сопствена нота и секој сака да ја има за себе.
Елена Усачева

Музика-хармонична комбинација на звуци и емоции.
Соња Шаталова

Музиката, за да создаде хармонија, мора да ја истражува дисхармонијата.
Плутарх

Не можеме да ја промениме Месечината, но можеме да живееме во хармонија со нејзините приливи и одливи и можеме да направиме некои свои бранови.
Џермејн Грир

Не можете да се забавувате со слаби, штетни, негативни мисли десет часа на ден и да очекувате да создадете убави, силни и хармонични услови со десет минути силна, позитивна, творечка мисла.
Чарлс Ханел

Не ги разбирам жените кои велат дека машката желба ги унижува. Според мене, тие едноставно не се во хармонија со себеси.
Моника Белучи

Не е дека чувствата на гнев не се појавуваат. Тоа е дека гневот може да се искористи, да се работи со него, да се искористи така што неговите енергии ќе ги потхрануваат трпението, сочувството, хармонијата и мудроста во нас и можеби и во другите.
Џон Кабат-Зин

Не постои наука која појасно ги учи хармониите во природата од математиката.
Пол Карус

Не толерирајте присуство на внатрешни конфликти, стремете се кон хармонија.
Стив Павлина

Небесното општество е хармонија на мнозина.
Емануел Сведенборг

Нема ништо попоетично од срцето на шеснаесет години, со свежината на страста. Утрото на животот, како и утрото на денот, е полно со јаснотија, слики и хармонија.
Франсоа Шатобријан

Нема мир и хармонија меѓу слугите. Потребно е слуга да навреди друг слуга. Во крвта ни е, како германските овчари. Само кучињата напаѓаат непознати, а ние атакуваме на своите.
Аравинд Адига

Неопходни се три услови за убавина: интегритет, хармонија, блесок.
Џемс Џојс

Непостојаноста е принцип на хармонијата. Кога не се бориме против тоа, ние сме во хармонија со реалноста.
Пема Чодрон

Ние всушност треба да се сакаме еден со друг за да живееме во мир и хармонија. Наместо тоа, се бориме и војуваме. Не треба да биде така.
Боб Марли

Ние ги имаме нашите внатрешни и надворешни страни, и ги сметам за фасцинантни борбите меѓу двете, како и случаите на хармонија меѓу нив.
Ејми Блум

Ние луѓето сме конфликтни суштества. Нашите верувања не се секогаш во хармонија со нашите инстинкти и нашето однесување не секогаш ги одразува нашите убедувања.
Брендон Мул

Но, ако сакате да живеете во хармонија со вашите потреби и цел, треба постојано да ги предизвикувате вашите верувања. Одговорот „моето семејство/општество/луѓе отсекогаш го правеле тоа“ не се прифаќа.
Вишен Лакиани

На секој чекор треба да жртвувате нешто, да прифатите нешто и да потиснете, да потиснете во себе несоодветна жед за хармонија. И кога ќе се случат среќни случајности, очекувањата се оправдани, увидот станува уште погорчлив затоа што овие треперливи случајности се покажуваат неверни, лажни.
Виктор Пронин

Најдобро влијаеме на другите така што ги хармонизираме со силата на намерата кога ние самите сме во хармонија.
Лин Мектагарт

Најголем квалитет на уметничките дела е хармонијата, која во пластичните уметности се раѓа во светот. Светлината создава олеснување и украсува. Архитектурата е уредување на светлината.
Антони Гауди

Најдете ја едноставноста во конфузијата. Најдете хармонија среде раздорот. Во тешкотии најдете можност.
Џеф Сандерс

Натоварете го вашиот ум со концепциите за хармонија, здравје, мир и добра волја и ќе се случат чуда во вашиот живот.
Џозеф Марфи

Научи се да гледаш таму кај што е сè темно и да слушаш кај што е сè тивко. Во темнината ќе видиш светлина, а во тишината ќе слушнеш хармонија.
Џуангзи

Научната молитва е хармонична интеракција на свесното и потсвесното ниво на умот, научно насочени кон конкретна цел.
Џозеф Марфи

Начинот на преминување од раздор во хармонија е да се премине од концентрирање на разликите кон концентрирање на сличностите.
Ентони Робинс

Невидливата хармонија е појака од видливата.
Хераклит

Нè гледате и гледате угнетување; гледаме стабилност и хармонија. Гледате корупција; гледаме семејни врски, пријателство и взаемна поддршка. Вие гледате феудализам, ние гледаме меѓусебна одговорност. Вие го гледате угнетувањето на жените, ние ја гледаме заштитата на скромноста.
Мајкл Грубер

Ние би можеле да живееме денес без Платон, но потребни се двојни Њутни за да ги откриеме тајните на природата и да го доведеме животот во хармонија со природните закони.
Дмитриј Менделеев

Но вие треба позитивно да претендирате за здравје, хармонија и вистинско место, ако навистина ги сакате тие нешта.
Емет Фокс

Ова е една од најстарите загатки на човекот. Како може независноста на човековата волја да биде хармонизирана со фактот дека ние сме неделиви делови од една вселена која е потчинета на строгиот ред на природните закони?
Макс Планк

Ова е суштината на западната култура: да не се избегнува конфликт, туку да се биде изложен на конфликт и да се разрешува. Додека целата источна култура се заснова на хармонијата, односно избегнување на какви било конфликти на прво место.
Јуриј Андрухович

Одамна е забележано дека човекот се стреми кон внатрешна хармонија.
Леон Фестингер

Од каде иде стравот? Иде од основната збунетост. Од каде иде основната збунетост? Иде од неможноста да ги хароминизираме или синхронизираме умот и телото.
Чогјам Трунгпа

Од суштинско значење е одвраќањето. Корисно е да се прекине секое дејствие извесно време за да му дозволите да се хармонизира и прилагоди на промените.
Кристијан Ларсон

Околностите со кои човек се среќава со патењето се резултат на негова сопствена ментална нехармонија.
Џејмс Ален

Она што е шум за стариот поредок е хармонија за новиот.
Жак Атали

Она што изгледа спокојно и хармонично над земја, излегува дека е сосема поинакво под земја-тука започнува борбата за егзистенција.
Питер Волебен

Основата на животот е хармонијата. Несогласувањата се пречки кои лежат на вашиот пат. Тие ја заматуваат реалноста на мирот што лежи во основата на секое искуство, но со растењето на вашето искуство вие сте способни да го разликувате доброто од очевидното зло, а вашата сила на привлекување се зголемува пропорционално.
Чарлс Ханел

Отсекогаш сум живеел во хармонија со природата и одамна сум навикнат на мислата за неизбежноста на староста. Јас не сум од оние луѓе кои ја затегнуваат кожата, користат боја за коса и џогинг, сакајќи да ја заштитат староста. Тоа е природно и треба да се прифати.
Жан Рошфор

Официјално на хармоничниот производ не му треба декорација; таа треба дабиде издигната преку чиста форма.
Фердинанд Порше

Очигледно, клучот за одржливост е хармонијата.
Кен Моџи

Патот до единството е низ внатрешната хармонија. Патот до внатрешната хармонија минува низ тишината.
Вејн Даер Втор дел

Патот до хармоничен и строен живот без диети и преоптоварувања започнува во моментот кога ќе можете да го прифатите вашето тело такво какво што е.
Светлана Броникова

Повеќето болести се само стрес од тоа дека не живееш во хармонија.
Брус Липтон

Подобро е да го преживееш своето искуство во хармонија доколку е тоа возможно.
Лиз Бурбо

Поетот гледа на пороците на своите современици како привремена облека за своето сознание, прикривајќи ја, но не криејќи ја вечната хармонија.
Перси Биш Шели

Посакајте им го на другите она што го посакувате за себеси. Тоа е клучот за хармонични меѓучовечки односи.
Џозеф Марфи

Посматрајте дрво во шума. Ќе видите како неговите листови, неговите гранки и неговите корени работат хармонично за да го развијат неговиот живот. Ни еден од неговите цветови не се стреми да засени други, зашто тие знаат дека се убави само во единство со своите другари. И, ако ги оттргнете од гранките, тие ќе свенат и ќе умрат. Гледајте како плодот мисли само на тоа самиот да се предаде за со љубов да го исполни делото што му го наменило дрвото кое го носи. Посматрајте ги деловите на своето тело: прсти работат со прсти, рака помага рака, горните заби соработуваат со долните. Секој дел работи за доброто на целото тело. Посматрајте капка вода изгубена во океан, чиј глас придонесува за големата песна на брановите, а која, исто така, има свој удел во лесната и непрестајна работа, кој прави еден ден да се одронат грамади карпи од брегот. Тогаш ќе почувствувате длабока солидарност што ги обединува сите суштества; ќе сфатите дека мислите и желбите што ве ставаат наспроти и ве вооружуваат против други, се всушност лажна илузија и дека злото што им се нанесува на други му прави на самиот себе, на своето суштинско суштество кое е само делче од една голема целина на сите суштества на светот.
Пјер Сале

Постојат суптилни нијанси и нутритивни интеракции кои создаваат отпорност на болести од синергијата на различни супстанции во природната храна. Како симфониски оркестар чии членови свират во совршена хармонија, нашето тело зависи од хармоничната интеракција на хранливите материи, како познати , такаи непознати. Како што предлагаме богат асортиман на природна храна, ние најдобро ја зголемуваме функцијата на човечкото ремек-дело.
Џоел Фурман

Природата се стреми кон хармонија во сè и понекогаш ни дарува, а понекогаш нè уништува.
Жорж Санд

Природата се заснова на хармонија. Така, се вели дека ако сакаме да преживееме и да станеме повеќе како природа, тогаш всушност треба да разбереме дека тоа е соработка наспроти конкуренција.
Брус Липтон

Прифаќањето и неговиот пандан, разбирањето, се клучни за постигнување хармонија во односите. Тоа е света љубов, највисоката форма на љубов, и како и повеќето нешта кон кои вреди да се стремите во животот, бара трпение, ангажираност, лична одговорност и практика.
Ариел Форд

Проектите на архитектот треба да се однесуваат на неспорното совршенство на симетријата и пропорциите на телото. Ако една зграда треба да создаде чувство на евритмија, од суштинско значење е таа да ги одразува овие природни закони на хармонија и убавина.
Витрувиј

Пропорцијата е онаа пријатна хармонија меѓу неколкуте делови на зградата, која е резултат од праведното и редовно нивно согласување еден со друг; висината до широчината, тоа до должината и секое од нив до целината.
Витрувиј

Просветленото ссознание не е интелектуален увид. Просветленото сознание не е чисто интелектуален увид бидејќи е полно со убави емоции. Тоа сака, гали, прегрнува и истовремено ги почитува сите суштества, како што е секогаш милосрдно кон нив. Нема непријатели за да ги победува, нема зло со кое да се бори, но постојано наоѓа пријатели на кои им помага, добро за охрабрување. Неговото топло срце чука во хармонија со на сите други суштества.
Кајтен Нукарија

Просперитетот е хармонична, креативна состојба на суштествување. Креативниот закон ќе надмине секаков вид на нехармонија, без разлика дали е финансиска, физичка, умствена, морална или социјална.
Чарлс Ханел

Процутот на лажниот пророк зависи од одобрувањето на публиката, во тоа време кога вистински добриот човек живее во хармонија со самиот себеси-тој не се стреми кон надворешно одобрение и нема потреба од него.
Чин-Нинг Чу

Пустината не може да биде  победена, можете само да се обидете да не ја нарушите нејзината хармонија.
Дина Џеферис

Разликата не е спротивност на хармонијата, туку на нејзината состојба.
Режис Дебре

Ракот е само збор кој создава страв. Заборавете на тоа и фокусирајте се на постигнување хармонија во вашето тело и ум. Сите болести доаѓаат од нарушувањето на оваа рамнотежа. Ниту една болест не може да преживее ако вашето тело е во целосна хармонија.
Анита Мурјани

Револуцијата е хармонија на форма и боја, сè се движи и останува на своето место потчинувајќи се на еден закон: името му е живот.
Фрида Кало

Романот, како музиката, не е воспримање на тема, туку израз на хармонија.
Клод Симон

Сакам да сликам платно што ќе биде само хармоничен тон.
Карл Шмит

Сакам да станам хармонично создание, а не обезличено од рани на гнев, вознемиреност и чувство на вина.
Ник Хорнби

Сакам луѓето да разберат дека постои такво нешто како создавање хармонично искуство меѓу кучињата и луѓето.
Цезар Милан

Самиот универзум е жичана симфонија, а законите на физиката не се нешто различно од хармонични супержици.
Мичио Каку

Самиот збор „личност“ не постоел во англискиот јазик до 18 век, а идејата за хармонична личност не била широко позната до 20 век.
Сузан Кејн

Само ако сте во хармонија со она што е внатре во вас, можете да се справите со тешки ситуации.
Хорхе Букај

Само со пресоздавање на хармонија меѓу внатрешноста и надворешноста, можете да постигнете целост и здрав живот.
Владимир Муранов

Светот беше топол и добар. Немаше ниту време, ниту место, ниту јас. Беше само космичка хармонија.
Алберт Хофман

Светот го познаваме хармоничен и добар.
Плотин

Светот се состои од преплетување на причини и последици, а некои тврдат дека тоа е хармонија.
Степан Вартанов

Сè околу мене е во нераскинлива хармонија, кипе од живот, бескрајно и непрекинато се раѓа, живее и умира и повторно се возвраќа.
Џин Лидлоф

Сè што поминува пред нашите очи ни докажува дека не живееме во мирен и хармоничен свет.
Франсоа Митеран

Се обидувам да најдам внатрешна хармонија која ќе ми даде мир и доверба во себе.
Орнела Мути

Се стремиме кон хармоничен развој на детето-академски, социјално и емоционално. Математиката и другите науки се важни, но подеднакво е важна способноста да соживувате, да бидете добар пријател и да се договара со луѓето.
Мајк Викинг

Сексот е дел од природата. Во хармонија сум со природата.
Мерилин Монро

Семејната хармонија значи дека родителите поставуваат граници не за своите деца, туку за себе.
Јеспер Јул

Скриената хармонија е подобра отколку очевидна.
Пабло Пикасо

Слободата е како хармонија во воздухот. За слабите таа е неподнослива.
Рјуносуке Акутагава

Слободата е хармонија меѓу волјата и законот.
Џон Актон

Смеењето е апсолутно неопходно за одржување на хармонијата, понекогаш тоа може да е за нас единствениот излез.
Косјун Таками

Смирението не значи да веруваш дека си инфериорен, туку да се ослободиш од сопствената самобитност. Тоа е состојба на природна едноставност која е во хармонија со нашата вистинска природа и ни овозможува да ја вкусиме свежеста на сегашниот момент.
Матје Рикар

Совршената хармонија на телото и умот е мојот клуч за лична рамнотежа и среќа.
Габриела Сабатини

Социјалната хармонија може да се оживее само со бавна обнова на врските и обнова на довербата.
Дејвид Брукс

Спокојството се постигнува кога сте во хармонија со сите суштества и во сите ситуации, знаејќи дека сè е точно така како е замислено.
Барбара Ен Кипфер

Според ништо не сме слични и тоа е клучот за нашата хармонија.
Алберто Мендез

Спријателете се со природата како што работите во хармонија со неа и таа ќе се спријатели со вас.
Емет Фокс

Среде нередот најдете едноставност; среде раздорите најдете ја хармонијата; во неволја најдете можност.
Алберт Ајнштајн

Средновековникот има способност и желба да хармонизира. Тој верува дека планетите пеат во хармонија; зошто технологиите не можат да пеат?
Даглас Вилсон

Среќа е кога она што го мислиш, она што го зборуваш и она што си се наоѓаат во хармонија.
Махатма Ганди

Среќа е кога сте во хармонија со себеси и со оние кои се дел од тебе.
Жауме Кабре

Среќа е кога чувството и умот се во хармонија, кога душата и телото се радуваат и целото ваше битие е задоволно од животот.
Владимир Санин

Среќата не може да се купи, не може да се купи вистинска љубов, семејна хармонија и пријатен дом.
Никол Џордан

Среќата е поврзана со хармонија, рамнотежа, а успехот е спротивен, доста често е нерамнотежа.
Радислав Гандапас

Стекнуваме вистинска моќ кога се потчинуваме на љубовното, хармоничното и доброто во нас и не дозволуваме непријатели во нашето сознание.
Вејн Даер

Стихот е пред сè хармонија.
Владимир Короленко

Суштество кое живее во совршена хармонија со опкружувањето се претвора во едноставна машина.
Херберт Велс

Таа има потреба од тело кое одговара на нејзиното сопствено тело. Сексот е како музика. Нужна е хармонија.
Паоло Сорентино

Татко ми рече дека мојата љубопитност е последната пречка што треба да ја надминам за да бидам вистински мајстор хармонизатор. Ако имаше едно нешто за кое татко ми и јас не бевме согласни, тоа беше тоа. Верував дека можам да бидам велик само ако сум доволно љубопитен за да барам величие.
Неди Окорафор

Тестот, белегот на човек кој е на духовен пат, е дали може да живее во хармонија.
Мелоди Бити

Тешко е да се живее во хармонија со хаосот.
Дејвид Боуви

Ти си жив магнет. Она што го привлекувате во вашиот живот е во хармонија со вашите доминантни мисли.
Џек Канфилд

Тоа беше убавината на хармонијата помеѓу душата и телото, убавина осветлена од внатрешна светлина.
Мери Балоу

Тоа беше едноставна среќа на целосна хармонија со нејзиното опкружување, кое не сака ништо, среќа која не бара ништо, која едноставно прифаќа, едноставно дише, едноставно е.
Елизабет фон Арним

Толкувањето на животот од духовниот ум ќе создаде само љубовно, позитивно и хармонично чувство и емоции.
Џошуа Дејвид Стоун

Треба да изградите позитивна основа: физичка, емоционална, ментална и духовна. Откако овие четири „тела“ работат во хармонија, можете да стигнете до светот. Вие ги градите темелите на куќата во која сакате да живеете.
Џејмс Алтучер

Убавината во музиката не е да се трупаат ефекти и хармонични куриозитети, туку во едноставноста и природноста.
Петар Чајковски

Убавината е во хармонијата, во стилот, нека тоа биде хармонија на грдото-или убавото, хармонијата на порокот-или добродетелта.
Евгениј Замјатин

Убавината е хармонија на целта и формата.
Алвар Алто

Увереноста не е некаква нефизичка особина истргната од духовната димензија и инсталирана во умот. Тоа е чувството што се јавува кога познанието на телото за себеси е во хармонија со мечтите на човекот.
Мет Фицџералд

Улогата на човештвото-да ги достигне дадените цели со чисто срце, да биде во хармонија со универзумот и да ги сака сите.
Морихеи Уешиба

Уметноста е нужно убавина, полнота, совршенство, хармонија, благодат, елеганција, пропорционалност. Постојана промена со упорност.
Анатолиј Ефрос

Уметноста е како жена. За да изгледа попривлечно, таа треба да биде во хармонија со духовната атмосфера или модата на своето време.
Рјуносуке Акутагава

Умот е доведен во хармонија со духот и го вклучува телото, постигнувајќи органско, хармонично единство на сите аспекти на човечкото битие, што би можеле да го наречеме „био-психосинтеза“. Тоа е вистинска духовна алхемија.
Роберто Асаџоли

Успешната комбинација на спротивности е најблагопријатниот услов за хармонија.
Стефан Цвајг

Фенг шуи е древна кинеска наука која препорачува да живеете во состојба на хармонија и рамнотежа со вашата лична околина, овозможувајќи ви да привлечете повеќе среќа кон себеси.
Лилијан Ту

Хармонијата е една фаза на закон чиј духовен израз е љубовта.
Џејмс Ален

Хармоничната рамнотежа ја доживуваме како правда. Затоа правдата се прикажува како фигура која држи во раката вага со две чашки.
Макс Лишер

Хармоничниот дизајн бара ништо да не се додава или одзема.
Витрувиј

Хармонична комбинација на униформност и слобода-што повеќе може да посака за себе човештвото?
Милан Кундера

Хармонија-тоа не е голем дијамант, туку мозаик од хармонично поставени мали камчиња.
Алфонс Кар

Хармонијата произлегува од интеграцијата. Хаос и тврдост се појавуваат кога интеграцијата е блокирана.
Даниел Сигел

Хармонијата им овозможува на малите нешта да процветаат-додека недостатокот од неа ги уништува големите.
Том Холанд

Хармонијата е мајка на успехот.
Хуберт Селби Јуниор

Хармонија е кога она што го сакате се совпаѓа со она што го можете.
Никита Михалков

Хармонијата навлегува во тебе преку твоите мисли. Мислата претходи на секоја акција.
Вејн Даер

Целосен сум, совршен, силен, моќен, сакан, хармоничен и среќен.
Чарлс Ханел

Целта е да го постигнете внатрешно спокојство што доаѓа кога вашиот интелект и инстинктите работат во хармонија.
Сузи Орман

Целта на животот е да живееме во хармонија со природата.
Ралф Валдо Емерсон

Целта на животот е да го научите своето срце да се бори со Вселената, хармонизирајќи го својот внатрешен свет со природата.
Џозеф Кембел

Често човек претпочита да комуницира со својата спротивност, отколку со оние кои се блиску до неговото ниво. Кога се среќаваат двајца блиски во моќта, тие ретко се хармонизираат.
Хазрети Инајат Хан

Човечките страсти, како силите на природата, се вечни; не станува збор за негирање на нивното постоење, туку за нивно оценување и разбирање. Како силите на природата, тие можат да бидат подложени на намерниот чин на човечката волја и да се натераат да работат во хармонија со разумот.
Леон Буржоа

Чувството на среќа зависи од внатрешната хармонија, а не од способноста да се контролираат силите на Вселената.
Михај Чиксентмихали

Чувствата и мислите треба да се во хармонија за да бидат содржани. Ако се изгуби некоја од компонентите, очекувајте голема несреќа.
Евгениј Водолазкин

Ќе бидеме во хармонија со нашите тела само ако вистински ги сакаме и почитуваме. Не можеме да поддржуваме добра комуникација со непријателот.
Хариет Лернер