132. Пакост, Злоба, Подмолност
Пакоста е болест на која ѝ нема лек. Врзана е ко со папочна врска со злобата и подмолноста. Неретко е последична на алчноста од една страна, и празнотијата на личниот живот од друга. Сè сведувајќи на залудна борба за спас од секојдневното живуркање. Со право или не, неретко ги изедначуваат според силината, особено според последиците. Никои, пак, на крајот на краиштата ги сметаат за синонимни.
Обично, пакосникот, злобникот и подмолникот се насочени повеќе кон други одошто кон друг. За зло, па и за злосторство. Со тоа ја покажуваат и докажуваат сопствената ништожност, бедотијата и личната инфериорност.
Секогаш треба да се има предвид дека пакоста, злобата и подмолноста не се исти кон блиски и кон далечни. Поголеми се, подлабоки и многу повеќе ги обессилуваат, ги рануваат, ги скрвавуваат блиските. Меѓутоа, несомнено е дека кон далечните е почеста, поповторлива и поприземна.
Македонски народни пословици и изреки
Лутината многу пакос сторила.
Пакос којшто праит, не мислит да влези во рај.
Пали му свеќа и на ѓаолот да не ти праит пакос.
Жена злоблива сè стои јадосана.
Лутината и злобата је ѓаолцка.
На злоблив чоек и мос да му се сториш, па не ти го познаа.
Песосан чоек.
Многу злоблив чоек.
И без кошула киниса, па си ја има улав злобата.
Пословици и изреки од народи на светот
Кој лошо мисли, тргнува од себе. (Српска)
Има луѓе кои повеќе се радуваат на туѓата несреќа, одошто на својата среќа. (Српска)
Кој копа јама за својот сосед, ќе копа по своја мера. (Турска)
Злосниот пес се враќа дома куцајќи. (Англиски)
Да се прави добро е тешко како да се качуваш на стрмна карпа, да се прави зло е лесно како да се спушташ од стрмна карпа. (Маи, централноамериканска цивилизација)
Латински изреки
Пакоста секогаш се наградува со пакост.
Кога на сите луѓе им е судено еден ден да се најдат под земја, зошто будалестите луѓе се трудат да си напакостат едни на други?
Нечовечно е задоволството да се радуваш на туѓо зло.
Ако направиш свој отпечаток на овој свет, многумина ќе обидат да го избришат.
Домисла, гесло, мисла водилка
Отровот на шкорпионот се наоѓа во неговиот опаш; отровот на комарецот во неговата глава; на змијата во нејзините заби; отровот на човекот се наоѓа во целото негово тело.
Индиска мисла
Она што го охрабрува исмевачот е успех на почетокот; казната доаѓа подоцна.
Анонимус
Егоизмот ја раѓа подлоста и цел живот не можат еден без друг.
Анонимус
Рекле, издумале
Нога најмногу подметнуваат џуџињата: тоа е нивна сфера.
Станислав Јержи Лец
Она што не можеш да го направиш сам, барем расипи му го на друг.
Карел Чапек
Злобата сама испива најголем дел од својот отров.
Луциј Анеј Сенека
Подобро е да им се помогне на зли поради добрите, одошто на добрите да им се ускрати помош поради зли.
Луциј Анеј Сенека
Повеќето луѓе употребуваат еден дел од својот живот за да им напакостат на други.
Ла Бриер
Пакоста произлегува од сознанието за сопствената инфериорност.
Хозе Ортега и Гасет
Најголемо задоволство на празните духови е да ги откријат недостатоците на големите личности.
Лук д Клапиер Вовенарж
Кај луѓето постои стремеж не само да спуштат истакнат човек до ниво на сопствено сфаќање, туку, ако е можно, и да го соборат под своите нозе.
Максим Горки
Зло е кога силата живее без разум, но не е ни добро кога разумот живее без сила.
Максим Горки
Светот сака осветлените и возвишените со кал да ги валка.
Фридрих Шилер
Луѓе, дали кога било сте виделе дека во трка коњ му подметнал нога на коњ?
Влада Булатовиќ-ВИБ
Во животот има бивши луѓе, но нема бивши подлеци.
Влада Булатовиќ-ВИБ
Подлецот ретко кога е свесен колку е подол.
Франсоа Ла Рошфуко
Кого ќе го зафати пламенот на завидливоста, тој најпосле ќе го сврти своето отровно осило, како шкорпион, против самиот себе.
Фридрих Вилхелм Ниче
Големите периоди на нашиот живот настапуваат кога ќе собереме храброст да го преименуваме своето зло во она што е најдобро во нас.
Фридрих Вилхелм Ниче
Злобната намера е отров на секоја совршеност.
Балтазар Грацијан
Човековата злоба секогаш минува од неговата сопствена немоќ.
Лав Николаевич Толстој
Ситничарите наоѓаат дамки на Сонцето, а тие дамки често постојат само во нивните очила.
Луј Вејло
Злосниот човек, ако и не може да наштети, сепак за тоа размислува.
Публилиј Сириј
На алчниот човек ќе му сторите најголемо зло ако му посакате долг живот.
Публилиј Сириј
Злите веруваат дека ни сториле големо добродетелство ако не ни нанесуваат болка.
Публилиј Сириј
Никој наеднаш не станал многу зол.
Овидиј
Ѓаволската злоба кај жените е погрда отколку кај самиот ѓавол.
Вилијам Шекспир
Злото што го прават луѓето живее и по нив. Меѓутоа, доброто често се погребува со луѓето.
Вилијам Шекспир
Злопаметењето е како трње забодено во душата.
Јован Хризостомос
Злобата е нескротлива, дури и тогаш кога ќе ѝ направите најголемо добродетелство.
Езоп
Злите луѓе не го менуваат својот карактер ни кога со нив се постапува убаво.
Езоп
Злобникот може да го промени изгледот, но ќудта никако.
Езоп
Злобните луѓе имаат некоја своја мрачна среќа.
Виктор Иго
Има повеќе будали одошто подлеци. Инаку, како подлеците би можеле да опстанат во животот?
Семјуел Батлер
Кој клевети отсутен пријател, злобен е.
Хорациј
Ако знаеме дека сме сториле зло, а одбиваме да го признаеме тоа, виновни сме двојно.
Сјао Хе
Подобро е да се биде добар одошто зол. Но, оној што ќе оствари добрина плаќа висока цена.
Стивен Едвин Кинг
За да избирате неѓу две зла, морате да ги испробате обете.
Франсоа Моријак
За да се почувствува големо добро, најнапред треба да се познаваат малите зла.
Жан-Жак Русо
Големо е зло да не се прави добро.
Жан-Жак Русо
Добрата волја ако не е просветлена, може да стори исто толку зло, колку и самото зло.
Пјер Абелар
Доброто може да постои без зло, но злото не може да постои без добро!
Тома Аквински
И кога си сам, не треба да се мисли ниту да се прави зло. Научи се повеќе да се срамиш пред себеси, одошто пред други.
Демокрит
Има мошне малку зли луѓе, па сепак се случува толку зло во светот; најголем дел од тоа зло паѓа на товар на мноштво добри луѓе, кои не се ништо друго освен добри луѓе.
Јохан Нестрој
Кога еднаш ќе ја привикнеме својата совест нешто да прими како „нужно зло“, тоа наскоро почнува сè повеќе да ни изгледа како нужно, а сè помалку како зло.
Иван Сергеевич Тургењев
Колку се луѓето глупави. Прават зло за зло да им се врати.
Меша Селимовиќ
Злото само со сила се докажува, сè друго со памет.
Меша Селимовиќ
Кој греши, тој греши на своја штета, а оној што е неправеден тој е спрема себеси неправеден зашто покажува дека е зол.
Марко Аврелиј
Лекарот го гледа човекот во сета негова слабост, адвокатот во сета негова злоба, а свештеникот во сета негова глупост.
Артур Шопенхауер
Љубезност да им се возврати на зли е ознака на злосторник.
Конфучиј
Луѓето никогаш не чинат зло со толку ентузијазам и доследност, освен кога го чинат од религиозни убедувања.
Блез Паскал
Луѓето не се намерно зли, туку од незнаење. Треба да се знае што е добро за добро да се прави.
Сократ
Луѓето најчесто се одлучуваат за среден пат, зашто не знаат да бидат ниту сосема зли, ниту сосема добри.
Николо Макијавели
На Земјата би се правеле помалку зла кога злото не би се правело во име на доброто.
Мари фон Ебнер Ешенбах
Најлошо зло од кое светот пати не е моќта на злите луѓе, туку слабоста на добрите луѓе.
Ромен Ролан
Не може да биде добар оној што мисли дека никој не е зол.
Марсијал Масиел Деголадо
Нема добар начин да се направи лоша работа.
Кенет Бланчард
Неблагодарникот чини зло на себеси и на други зашто во друг ја убива волјата да биде добродетел.
Чезаре Канту
Да се споредат доброто и злото е исто како и себеси упорно да се мачиш со глад и жед.
Калил Џибран
Работата нè ослободува од три големи зла: здодевност, порок и немаштија.
Франсоа-Мари Аруе Волтер
Шкртоста е корен на сите зла.
Марко Портиј Катон
Во кавга злобата е вистински пророк.
Штефан Цвајг
Често поради страв пред некое зло упаѓаме во уште поголемо зло.
Николас Боало
Човекот често е добар само затоа што нема можност да биде зол.
Шандор Петефи
Меѓу две зла секогаш го избирам она што сè уште не сум го пробала.
Ме Вест
Кој не го казнува злото, тој заповеда тоа да се прави.
Леонардо да Винчи
Апсурдно е да се делат луѓето на добри и зли. Тие се или здодевни или интересни.
Оскар Фингал Вајлд
Среќна ствар во човечките работи е дека злата кои не можат да се излечат на еден начин бидуваат излечени на некој друг.
Томас Џеферсон
Никогаш не се чудам дека гледам зли луѓе, но често се чудам што не ги гледам дека се срамат.
Џонатан Свифт
Алчноста по пари е извор на сите зла.
Џорџ Бернард Шо
Зли луѓе се оние кои не знаат за љубов и затоа не знаат ни за срам. Тие имаат сила да бараат љубов-зашто не им е потребна и имаат храброст да ја нудат-зашто немаат што да дадат.
Џорџ Бернард Шо
Омразата на оние што се зли не е толку опасна, колку нивното пријателство.
Бранислав Нушиќ
Кој на раката нема рана, може да носи отров на дланката. Отровот не продира кај што нема рана; нема зло за оној што не го прави.
Гаутама Буда
Два вида на злодела: злодело кое донесува плод во овој живот и злодело кое донесува плод во следниот живот.
Гаутама Буда
На кои четири начини се чини зло? Водени од чезнеење чиниме зло. Водени од лутина чиниме зло. Водени од незнаење чиниме зло. Водени од страв чиниме зло.
Гаутама Буда
Природата нема принципи. Таа не прави разлика меѓу доброто и злото.
Анатол Франс
Зазвисникот е непријател на самиот себе, зашто страда од зло кое го предизвикал на самиот себе.
Шарл Монтескје
Пакоста не бара разлог, туку само причини.
Јохан Волфганг Гете
Подлата душа, ослободувајќи се од јадот, самата угнетува.
Фјодор Михајлович Достоевски