131. Почитување, Самопочитување, Признание, Признателност, Заслуга, Фалба, Самофалба
Почитувањето без самопочитување не вреди ни колку за миг лично достоинство. Второто е посилно пред други блиски или еднакви, а првото показ и доказ на меѓусебна признателност и заедничко дејание и создание.
Те почитувам оти знаеш да го изделиш вредното и трајното, бескрајното и возвишеното од нас за нас,но истовремено да го вреднуваш и признаеш. Признанието и признателноста, пак, не се нужни. Сепак, добро е да бидат доказ за твоето знаење и почитување.
Се разбира, почитувањето, самопочитувањето, признавањето и признателноста мора да се заслужени-дека дејствувањето или создавањето го надминало твоето време, та навлегло во некое заедничко. И оти заслужуваат пофалба.
А самофалбата? Таа може да биде наспоредна, може и да следи по почитувањето, призанието и признателноста,, заслугата и фалбата, но само до границата на добрикот вкус. Зашто претераното самофалење (фалбаџиство) во голема мера е израз на инфериорност, неретко и на ароганција.
Македонски народни пословици и изреки
Кој не го припознаа доброто, тој му је род на ѓаоло.
Триста добриња му напраи, и не му ји припознаат.
Ако ти се вали, ништо не праи.
Видете ме кој сум, на прт`кека.
Се вали со големштилак.
Владика не је што се големее.
Глаа од рамена дава, а од фалбата не се остаа.
Јерфење ќотек ќе му удри, дека му се вали.
Лафо не му го стори дека му се вали.
Не кревај се наголемо, да не падниш на колено.
Доброто се припознаат од арните луѓе.
Коњо си припознаа стопано, а колку треба поеќе да го припознаа чоеко.
Песо си го припознаа стопано и си го варди лебо.
Пословици и изреки од народи на светот
Кој не го држи братот за брат, тој туѓинот ќе го има за господар. (Српска)
Фалбаџиството е почеток на срамота. (Јапонска)
Кога мајка ја фали девојката-остави ја и бегај. Кога сосед ја фали девојката-грабни ја и бегај. (Ерменска)
Кој не знае да се фали, не знае за вештината на искачувањето. (Кинеска)
Фали го морето, држ` се за крајот. (Грчка)
Латински изреки
Пред смртта не фали никого.
Признанијата го менуваат однсувањето (навиките). (Honores mutant mores.)
Својство на лудост е да се гледаат туѓи мани, а сопствените да се забораваат. (Est enim proprium stultitiae aliorum vitia cemere, oblivisci suorum.)
Домисла, гесло, мисла водилка
Нека други те фалат, а не сопствената уста.
Библија
Божествениот дух во мене го поздравува божествениот дух во тебе. Нека е мир во мене и хармолнија со околината!
Индиски традиционален поздрав
Оној што се стреми кон сопствено добро, го цени и почитува просветлението…Оние што го почитуваат просветлението, правејќи го тоа без помислување на себеси, ја минуваат границата на раѓањето и смртта.
Упанишади
Би требало оние што бараат да им се продолжи животот најнапред да сфатат дека тоа треба и да го заслужат.
Кинеска мисла водилка
Никаква заслуга не е толку јака за да не може да се ослаби со преувеличување.
Анонимус
Рекле, издумале
Нека твое прво правило биде: почитувај се самиот себеси.
Питагора
Не правете ништо срамотно ни во присуство на други ни во тајност. Ваш прв закон треба да биде почитување спрема себеси.
Питагора
Без почитување нема вистинска љубов.
Имануел Кант
Треба да се живее така, како би можел самиот себе да се почитуваш.
Максим Горки
Не им укажувај особено почитување на оние кои себеси се сметаат за големи и важни и, што е главно, подеднакво укажувај им почит на сите оние кои други ги сметаат за мали и безначајни.
Лав Николаевич Толстој
Сите луѓе на светот имаат исти права на уживање на природните добродетелства на светот и исти права на почитување.
Лав Николаевич Толстој
Претераното воздржување е само скриено почитување.
Јохан Волфганг Гете
Кој не прави ништо за други, не прави ништо ни за себе.
Јохан Волфганг Гете
Поголемо е почитувањето од далечина.
Публиј Корнелиј Тацит
Никогаш не треба да се заборави дека прв услов за развој на големите луѓе во сегашноста е неопходното почитување на великаните на минатото.
Ѓузепе Мацини
Колку еден човек повеќе работи го засрамуваат, толку е тој за поголемо почитување.
Џорџ Бернард Шо
Не пишувајте Вјерују на тараба.
Станислав Јержи Лец
Понекогаш и крадците одат со ореоли-и тоа со неукрадени.
Станислав Јержи Лец
Среќен е оној што заедно со почитување стекнал и љубов.
Балтазар Грацијан и Моралес
Почитувајте се себеси ако саката да бидете почитувани.
Балтазар Грацијан и Моралес
Биди мошне претпазлив со оној што те фали, уште попретпазлив со оној што приговара.
Балтазар Грацијан и Моралес
Да се почитуваат оние што вредат повеќе од нас, е највисок израз на правда.
Конфучиј
Почитувајте ги небеските и земските духови, но држете ги на отстојание.
Конфучиј
Без чувство на почитување, што ги разликува мажите од ѕверовите?
Конфучиј
Младите луѓе не треба да се третираат снисходливо. Многу е можно, созревајќи, да станат извонредни мажи. Само оној што ништо не постигнал со четириесет или педесет години не заслужува почитување.
Конфучиј
Да се контролираме себеси така што ќе ги почитуваме другите како себеси и да ги третираме онака како што би сакале да се однесуваат спрема нас , тоа може да се нарече филантропија.
Конфучиј
Човек кој се фали без каков било срам, ќе се увери дека е мошне тешко да се живее според своето фалбаџиство.
Конфучиј
Има многу луѓе на кои им се восхитувам и кои ги почитувам, но не морам нужно да бидам како нив. Пресреќен сум што сум свој.
Џејмс Д`арси
Бидете мирни, бидете љубезни, почитувајте го законот, почитувајте сè; но ако некој ви стави рака, испратете го на гробишта.
Малколм Икс
Искрената комуникација се темели на вистината и интегритетот, како и на почитта на едни спрема други.
Бенџамин Мејс
Бидете љубезни, не осудувајте и почитувајте ги другите. Ако го можеме сето ова, светот би било подобро место. Поентата е во подучување на следните генерации.
Џасмин Леонора Гинес
Јас сум доктор-тоа е професија која може да се смета за посебна мисија, посветеност. Повикува на вклученост, почитување и подготвеност да им се помогне на сите други луѓе.
Ева Копач
Повеќето добри односи се градат на заемна доверба и почитување.
Мона Сатфен
Почитувањето е она што сме должни; љубовта, она што го даваме.
Филип Џемјс Бејли
Во животот сум видел многу бури. Повеќето ме изненадија, па морав многу брзо да научам да гледам подалеку и да сфатам дека не сум способен да го контролирам времето, да ја вежбам умешноста на трпението и да го почитувам бесот на природата.
Пауло Коелјо
Знаењето ќе ви даде моќ, но карактерот почитување.
Брус Ли
Ако ги изгубиме љубовта и самопочитувањето на едни спрема други, вака конечно умираме.
Маја Ангелоу
Почитувањето спрема себеси го води нашиот морал, почитувањето спрема други ги води нашите манири.
Лоренс Стерн
Еден од најискрените облици на почитување е всушност слушање на она што друг има да го каже.
Брајант Х. МекГил
Дете кое смее да не ги почитува родителите, нема да има вистинска почит кон никого.
Били Грахам
Врската која го поврзува вашето вистинско семејство не е врска на крв, туку почитувањето и радоста во меѓусебниот живот.
Ричард Бах
Најголема состојка на најдобар пријател е некој чии постапки ги почитувате и со кој навистина можете да бидете сами.
Рене Олстед
Животот е краток и би требало да го почитуваме секој момент.
Орхан Памук
Мораме да отфрлиме секоја политика која е насочена кон луѓето поради расата или религијата. Не станува збор за политичка коректност. Станува збор за разбирање на она што нè прави силни. Светот нè почитува не само поради нашиот арсенал; нè почитува поради нашата различност и нашата отвореност и начинот на кој почитуваме секоја вера.
Барак Обама
Не може да му биде неуспех на човек кој не изгубил храброст, карактер, самопочитување или самодоверба. Сè уште е крал.
Орисон Свет Марден
Кога вежбате благодарност, се чувствува почитување спрема други.
Далај Лама
Нема почитување спрема други без понизност во себе.
Анри Фредерик Амиел
Нема да се согласиме околу секое прашање. Но, да ги почитуваме тие разлики и да се почитуваме едни со други. Препознаваме дека не ѝ служиме на идеологија или на политичка партија; му служиме на народот.
Џон Линч
Нашите родители ги заслужуваат нашата чест и почитување оти ни даваат живот. Освен тоа, речиси секогаш поднесуваат безбројни жртви додека се грижат и негуваат низ детството, ни пружаат животни потреби и нè негуваат низ телесните болести и емоционалните стресови на растењето.
Езра Тафт Бенсон
Не ме загрижува тоа што ме сакате или не ме сакате. Сè што барам е да ме почитувате како човек.
Џеки Робинсон
Не треба да делиме исти мислења како и други, но мораме да бидеме со почит.
Тејлор Свифт
Почитувајте го својот труд, почитувајте се себеси. Самопочитувањето доведува до самодисциплина. Кога се обете цврсто под појасот, тоа е вистинска сила.
Клинт Иствуд
Секој треба да се почитува како поединец, но никој да не се обожува.
Алберт Ајнштајн
Мој политички идеал е демократијата. Да почитуваме секој човек како суштество и да не правиме од никого идол.
Алберт Ајнштајн
Секој има цели. Сакаме да бидеме важни. Сакаме да имаме слобода и моќ да се занимаваме со своја креативна работа. Сакаме почитување од своите врсници и признание за нашите постигнувања. Не од суета или себичност, туку од искрена желба да го исполниме својот личен потенцијал.
Рајан Холидеј
Книжевноста додава стварност, не ја опишува едноставно. Ги збогатува потребните компетенции кој секојдневниот живот ги бара и ги пружа; и во тој поглед ги наводнува пустините какви што веќе станале нашите животи.
Клајв Стејплс Луис
Кога ќе се задоволите со тоа да бидете едноставно сами и да не се споредувате или да не се натпреварувате, сите ќе ве почитуваат.
Лао-Це
Ако не сме слободни, никој нема да нè почитува.
А.П.Ј. Абдул Калам
Различни луѓе имаат различни мислења и е во ред да се почитуваат сите нив.
Хуан Пабло Галавис
Целта ми е да ги сакам сите. Не мразам никого. Без оглед на расата, религијата, наклонетоста, желбата на своето срце и како сакаме да го живееме својот живот со одлуките што ги донесуваме. Можам дури да ги почитувам човечките одлуки и избори на начинот на живот баш како што се надевам дека имаат пристојност да ги почитуваат моите одлуки и моите избори.
Кирк Томас Камерон
Ништо не е попрезирно од почитување втемелено на страв.
Албер Ками
Секој во општеството би требало да биде пример, не само поради сопственото самопочитување, туку поради почитување на други.
Бери Бондс
Да се биде едно, да се биде единствен е голема работа. Но, да се почитува правото да се биде поинаков е можеби дури и поголема.
Боно
Сите бараме и сакаме почитување, маж или жена, црни или бели. Тоа е наше основно човечко право.
Арета Френклин
Кога му се приближувам на дете, тоа во мене побудува две чувства: нежност за она што е и почитување на она што може да стане.
Луј Пастер
Никогаш не ги почитувајте луѓето само поради нивното богатство, туку поради човекољубието; не го цениме сонцето поради неговата висина, туку поради неговата употреба.
Гамалиел Бејли
Кога мажите и жените ќе можат да ги почитуваат и прифатат своите разлики, тогаш љубовта има можност да расцути.
Џон Греј
Луѓето се почитуваат со зборови, а се сакаат со молчење.
Мирослав Мика Антиќ
Расипаните луѓе почитуваат од страв; добрите луѓе од љубов.
Аристотел
Оној што никогаш не научил да почитува, не може да биде добар командант.
Аристотел
Во светот има повеќе глад за љубов и почитување, одошто за леб.
Мајка Тереза
Една од длабоките тајни на животот: сè што е навистина вредно е она што го правиме за други.
Левис Керол
Не може да негува почитување спрема сите оној кого го сакаат, доколку не го заслужуваат.
Ен Бронте
Ни половина од вас не ги познавам онака добро како што би сакал, а другата половина од вас не ја сакам ни приближно онолку колку што заслужува.
Џон Роналд Руел Толкин
Кој бара одликување, не го заслужил, а кој го заслужил нему не му е потребно.
Оноре де Балзак
Почитувањето е испостава која ги чува таткото и мајката, како и потомството; првите ги спасува од тага, другите од грижа на совеста.
Оноре де Балзак
Дрското лицемерие предизвикува почитување спрема луѓе кои навикнале да служат.
Оноре де Балзак
Вашите потомци ќе ги збираат вашите плодови.
Публиј Вергилиј Маро
Почитување на други предизвикува почитување спрема себеси.
Рене Декарт
Не барајте почитување, само направете го тоа на начин кој се почитува.
Стас Јанковски
Оној што не сака да заслужи почитување на своите современици не е достоен за тоа.
Наполеон I Бонапарта
Во несреќа обично не го почитуваат оној во кого величината порано се почитувала.
Наполеон I Бонапарта
Не се почитува староста сама по себе, туку проживеаниот живот.
Василиј Шукшин
Денес е обичај да се почитуваат луѓе кои даваат одговори. И секогаш ми се чинело дека оние што ги бараат се најважни.
Џорџ Ендрју Ромеро
Јас ве почитувам, вие ме почитувате мене, ние сме почитувани луѓе.
Аркадиј Исакович Раикин
Лутењето преку секоја мера предизвикува страв, а неумерената наклонетост го намалува почитувањето спрема вас во очите на луѓето.
Саади Ширази
Говорејќи сериозно, почитувањето е прва заповед на човечкото општество.
Рина Грин
Среќни сме само кога чувствуваме дека сме почитувани.
Блез Паскал
Желбата за слава е најниско човечко својство и наедно најнеоспорен доказ на неговото високо достоинство, зашто и поседувајќи ги сите битни добра тој не го познава задоволството ако не е опкружен со почитување од своите ближни.
Блез Паскал
Една од најголемите трагедии на нашето време е во односот на човекот. Нема почитување спрема поединецот. Наместо тоа-рамнодушност, занемарување.
Леонид Јармолник
Нема ни подраго почитување од почитување на лице кое и самото најмногу го почитуваме според заслугите.
Апулеј
Свесното почитување е секогаш појако од страстите.
Дмитриј Иванович Писарев
Почитувањето на луѓето е почитување спрема себеси.
Џон Голсворти
Лице кое себеси се смета за ништо не може да има почитување спрема други и во обата случаја покажува нискост на своите мисли.
Николај Иванович Новиков
Не смееме да го заборавиме старото правило: оној што сака други да го третираат со почитување, мора пред сè да се почитува себеси.
Николај Лесков
Оние што се лесно склони да изгубат почитување спрема другите, пред сè не се почитуваат себеси.
Фјодор Михајлович Достоевски
На пристоен човек не му прилега да јури по универзално почитување: тоа нека му дојде само од себе и, да речам така, против неговата волја.
Николас Шамфор
Моралот на народот зависи од почитувањето на жените.
Вилхелм фон Хумболт
Што е мудроста на почитување на научниците? Фактот дека почитувањето спрема нив е само модификација на пчочитување на науката, љубовта спрема знаењето, љубовта спрема вистината; самото пренесување на овие чувства на нашите чувства спрема поединци.
Николај Гаврилович Чернишевски
Не само што е можно, туку е и потребно да се гордееме со славата на своите предци. Непочитувањето на тоа е срамотен кукавичлак.
Александар Сергеевич Пушкин
Непочитувањето на предците е прв знак на неморал.
Александар Сергеевич Пушкин
Луѓето…не научиле да се почитуваат себеси, а со тоа и животот.
Густав Ман
Толку сакаме да заслужиме почитување, што понекогаш навистина стануваме достојни за него.
Лук д Клапиер Вовенарж
Кој се почитува себеси-предизвикува почитување спрема други.
Лук д Клапиер Вовенарж
Љубовта без почитување не оди далеку и не се издигнува високо: тоа е ангел со едно крило.
Александар Дима-таткото
Да те почитуваат оние што се пониски од тебе, почитувај го она што е повисоко од тебе!
Гистав Флобер
На детството треба да му се оддаде најголемо почитување.
Децим Јуниј Јувенал
Она што е пристојно е вредно за почитување, а она што е вредно за почитување е секогаш пристојно.
Цицерон
Самољубието не е толку за осуда како што е недостатокот на самопочит.
Вилијам Шекспир
Не постои ништо на земјата повредно за почит од умот.
Клод Адријан Хелвециј
Оние што се вистински почитувани никогаш не се ласкавци, зашто почитувањето чести, но ласкањето исмејува.
Публилиј Сириј
Тешко е да се сакаат оние кои воопшто не ги почитуваме, но е уште потешко да се сакаат оние кои ги почитуваме повеќе од себеси.
Франсоа Ла Рошфуко
Пристојните луѓе нè почитуваат поради нашите добродетелства, а толпата-поради наклонетоста на судбината.
Франсоа Ла Рошфуко
Да се сплете венец е многу полесно, одошто за него да се најде достојна глава.
Франсоа Ла Рошфуко
Обично фалиме само затоа за и самите да бидеме фалени.
Франсоа Ла Рошфуко
Без оглед колку ќе нè фалат, никогаш нема да ни речат ништо ново.
Франсоа Ла Рошфуко
Толку пороци поради недостаток на самопочитување, колку и од претерано самопочитување.
Мишел де Монтењ
Почитувањето е данок кој дури и никаквеци им го оддаваат на добродетелта.
Жан-Антоанет Мадам де Помпадур
Повеќето луѓе го почитуваат она што не го разбираат.
Никола Малбранш
Кога мажи не почитуваат жена, тоа речиси секогаш покажува дека таа прва го заборавила својот третман спрема него.
Дени Дидро
Луѓето кои се истакнуваат со своите таленти би требало да го минуваат времето на начин кој бара почитување спрема нив самите и потомството. Што потомците би мислеле за нас кога ништо не би им оставиле.
Дени Дидро
Почитувањето на жените е должност која секој чесен маж мора да ја почитува од раѓање.
Лопе де Вега
Самопочитувањето е морално здравје.
Семјуел Смајлс
Почитувајте ги оние што се обидуваат да направат големи работи. Дури и ако не успеале.
Луциј Анеј Сенека
Човек ретко може да се натера да биде сакан, но секогаш може да се натера себеси да биде почитуван.
Бернар ле Бовие де Фонтенел
Не покрива секогаш величествена шапка достоен за почит.
Томас Фулер
Никогаш немојте да станувате пријател со човек кого не можете да го почитувате.
Чарлс Дарвин
Тајната на успешното родителство лежи во почитувањето на ученикот.
Ралф Валдо Емерсон
Не треба да се почитуваат само оние што ни се надредени, туку посебно оние што мислат дека сме ние посупериорни од нив.
Инајат Кан Хидајат
Почитувањето е признание на супериорност.
Роберт Зелвин Алибер
Почитувањето на човек спрема човек е темел на моралот.
Вилијам Годвин
Само луѓе без почит купуваат почит.
Георгиј Александров
Човечка природа е да биде арогантен спрема оние што му удоволуваат и спрема оние што се виткаат пред него.
Тукидид
Би можеле, понекогаш, да отидеме на гробишта и да им се извиниме на оние што сме ги надживеале.
Душан Радовиќ
Никогаш нема да имате толку пари, колку што мислите дека ги заслужувате.
Роберт Ентони
Кој себеси се фали, брзо наоѓа потсмевач.
Публилиј Сириј
Фалбаџиите паметните ги презираат, будалите им се восхитуваат, ласкавците живеат од нив, а тие се самите робови на сопственото фалбаџиство.
Френсис Бекон
Човек кој многу зборува за своето учење, а самиот не го применува, личи на пастир кој брои туѓу стадо.
Буда
Оние што се фалат или се незнајковци или лажговци или циници.
Јован Дучиќ
Не очекувај пофалба без завист сè додека не бидеш мртов.
Чарлс Кејлеб Колтон
Нека ви биде драго да ве советуваат, а не да ве фалат.
Николас Боало
Од десет лица кои зборуваат за нас девет нè озборуваат, а често она единствено кое нè фали-го прави тоа лошо.
Антоан де Риварол
Варди се од добротодетел со која некој сам се фали.
Мари фон Ебнер-Ешенбах
Едни ме фалеа, други ме кудеа, но јас со добро време се користев, а лошото го поднесував, им се ругав на будалите, им пркосев на никаквеците, се смеев на својата неволја и го бричев сиот свет.
Пјер де Бомарше
Ласкањето е храна за будали.
Џонатан Свифт
На луѓето мораш да им ласкаш или да ги уништиш.
Николо Макијавели