106. Самотија-Осаменост
Одамна е воочена разликата помеѓу самоста и осаменоста: лесно е да си сам, а тешко е ако си во свое извесно време осамен. Најтешко, пак, е кога на човек му нема спас-дури до смрт ќе го изеде долга, та предолга самотија.
Самоста секогаш има крај, скорешен или далечен. Зависи од тебе, ама може да зависи и од други. Од тебе е според твоја мера, ти прилега, а од други почесто е немерна и намерна.
Осаменоста најчесто поразува, разболува, а може никогаш да не одболи. Никогаш не е прифатлива за долго, та предолго.
Самоста-самотата концентрира, поттикнува, може да биде многу творечка, а осаменоста никому не му е треба и од никого не е сакана во кои било години од животот.
Македонски народни пословици и изреки
Кој живее сам, ќе умре во самотија.
Осамен човек не е цел човек.
Се нашол сам во пустелија.
Пословици и изреки од народи во светот
Подобро е да се караш одошто да бидеш сам. (Ирска)
Палатите водат кон слава, пазариштата кон богатство, а самотијата кон мудрост. (Кинеска)
Осаменоста го крши духот. (Еврејска)
Ако изборот е помеѓу лошо друштво и осаменост, тогаш е подобар вториот избор. (Шпанска)
Осаменоста е гнездо за мислите. (Курдска)
Кој јаде сам, ќе се удави сам. (Арапска)
Подобро е да се биде сам одошто во лошо друштво. (Француска)
Ни во рајот не е забавно да се биде сам. (Романска)
Латински изреки
Кога е сам, човекот е или бог или ѓавол. (Homo solus aut dues aut daemon.)
Домисла, гесло, мисла водилка
Мудрецот се повлекува во самотија затоа што повеќе не може да ја поднесе својата осаменост во маса.
Јогини
Рекле, издумале
Пред да ѝ се предадеш на осаменоста, размисли дали си на самиот себеси благотворно друштво.
Мари фон Ебнер- Ешенбах
Ако си безработен, немој да останеш сам; ако си сам, немој да бидеш безработен.
Д-р Семјуел Џонсон
Кога не можеш да разликуваш што е добро а што зло, повлечи се во самост и набрзо ќе ти биде јасно.
Лав Толстој
Љубовта спрема самоста настанала како последица на размислување и искуство.
Артур Шопенхауер
Во осаменост бедникот ја чувствува сета своја беда, големиот дух сета своја големина.
Артур Шопенхауер
Кој не ја сака самоста, тој не ја сака слободата. Човек е слободен единствено кога е сам.
Артур Шопенхауер
Човекот може да биде свој сè додека е сам; и ако не ја сака самотијата, нема да ја сака ни слободата; зашто единствено кога е сам тој е вистински слободен. Воздржувањето и ограничувањето е секогаш присутно во општеството, како другар од кого не можеш да се ослободиш; и пропорционално на големината на човековата индивидуалност, ќе биде тешко за него да ги носи жртвите кои ги бара секое дружење.
Артур Шопенхауер
Ретко сме горди кога сме сами.
Франсоа-Мари Аруе Волтер
Најнесреќен од сите животи е вработена самотија.
Франсоа-Мари Аруе Волтер
Самотијата е најдобра негувателка на мудроста.
Лоренс Стерн
Во самотија умот добива сила и учи како треба да се потпре на себеси.
Лоренс Стерн
Да се биде сам и невознемируван, голема е и драгоцена раскош.
Луис Бромфилд
Пријатно е чувството кога човек понекогаш сам плови по вода и самиот на себеси е кормилар.
Јохан Волфганг Гете
Кој ужива во самотија или е дива ѕверка или бог.
Јохан Волфганг Гете
Талентот се создава во самотија; карактерот во друштво.
Јохан Волфганг Гете
Осаменоста ѝ е покорисна на душата одошто целото друштво на овој свет.
Света Тереза Авилска
Колку повеќе самуваш и молчиш за себе, сè поплиток и полуд е разговорот на твојот сосед.
Иво Андриќ
Самотијата е раскош на богатите духови.
Иво Андриќ
Понекогаш самотијата е најдобро друштво.
Џон Милтон
Никогаш не најдов другар кој е толку друштвен како самотијата.
Хенри Дејвид Торо
Сите наши невољи доаѓаат поради тоа што не можеме да бидеме сами.
Ла Бриер
Осаменоста за духот е она што е гладувањето за телото: иако е понекогаш потребна, ако предолго трае може да биде смртоносна.
Лук д Клапиер Вовенарж
Помеѓу најлудите и највеселите луѓе на светот, станав осаменик. Вистинскиот уметник се храни со осаменост.
Грета Гарбо
Можам да бидам меѓу вас, а сепак да бидам сама.
Десанка Максимовиќ
Најсилен е оној што стои најмногу осамен.
Хенрик Ибзен
Да се пати од самотија е бесмислица. Јас секогаш сум пател од „многутија“.
Фридрих Вилхелм Ниче
За да живее сам, човекот мора да биде или ѕвер или бог-вели Аристотел. Постои и трет случај: човек мора да биде обајцата-филозоф.
Фридрих Вилхелм Ниче
Секаде кај што биле моќни властите, општествата, религиите, јавните мислења, накратко секаде кај што било тиранија, самотниот филозоф бил омразен; зашто филозофијата му нуди на човекот прибежиште во кое тиранијата не може да упадне, внатрешна пештера, лавиринт на срцето.
Фридрих Вилхелм Ниче
Самотијата е единствено целосно уживање на животот. Кај се тие две срца што целосно се разбираат?
Карл Густав фон Платен
Пријателе, кога еднаш јадовен ќе избегаш во ридје од луѓе, и кога таму пак ќе те снајде јад, каде тогаш ќе појдеш?
Ошиками Мицуме
Одвреме-навреме би почувствувал насилен убод на осаменост. Само водата што ја пијам, воздухот што го дишам би ги чувствувал како долги, остри игли. Страниците на книгата во моите раце би добиле заканувачки, метален сјај на жител. Би можел да ги слушнам корењата на самотијата што се прикрадувале низ мене, кога светот би стивнал во 4 часот наутро.
Харуки Мураками
Најосамен момент во нечиј живот е кога посматра како му се урива сиот свет, а единствено што може да стори е да гледа.
Френсис Скот Фицџералд
Дозволи да ти кажам нешто: ако запознаеш осаменик, без оглед што ќе ти каже не е сам затоа што ужива во осаменост. Причината е таа што порано се обидел да се вклопи во светот, а луѓето без престан го разочарувале.
Џоди Пикулт
Љубовта е нешто многу поголемо од желбата за сексуален однос. Таа е главно средство за бегство од осаменоста што ги погодува повеќето мажи и жени во текот на поголемиот дел од нивните животи.
Бертранд Расел
Најлош дел на правење спомени не е болката, туку нивната самотија. Спомените треба да се делат (со други).
Лоис Лоури
Да се биде сам никогаш не било правилно чувство. Понекогаш било добро, но никогаш правилно.
Чарлс Буковски
Јас бев човек кој напредуваше во самотија; без неа бев како некој без храна или вода. Секој ден без самотија ме слабееше.
Чарлс Буковски
Нашата единственост нè прави посебни, ја прави перцепцијата вредна, но исто така може да нè направени осамени. Таа осаменост е поинаква од „да се биде сам“. Можеш да бидеш опкружен со луѓе. Чувството за кое зборувам потекнува од фактот дека никогаш не можеме сосема да ја поделиме вистината за тоа кои сме всушност.
Ами Тан
Невољата не е во тоа што сум сингл и што веројатно ќе останам сама, туку во тоа што сум осамена и што веројатно ќе останам осамена.
Шарлот Бронте
Најлоша сиромаштија е осаменоста и чувството дека не си сакан.
Мајка Тереза
Тука сум. Те сакам. Нема врска ако ти е потребно цела ноќ да плачеш, ќе останам со тебе. Ако ти е пак потребен лек, земи го слободно-ќе те сакам и за тоа време. Доколку не ти треба лек, исто така ќе те сакам. Нема да ја изгубиш мојата љубов, без оглед што ќе направиш. Ќе те штитам од смртта, и по твојата смрт јас и натаму ќе те штитам. Јас сум посилна од депресијата и похрабра од самотијата и ништо нема да ме исцрпи.
Елизабет Гилберт
Иако сум типичен осаменик во дневниот живот, мојата свест за припадност на невидлива заедница на оние што се стремат кон вистината, убавината и правдата ме сочувале од тоа да се чувствувам изолирано.
Алберт Ајнштајн
Јас живеам во форма на самотија која е болна во младоста, но угодна во годините на зрелоста.
Алберт Ајнштајн
Осаменоста изразува болка поради тоа што си сам, а самотијата изразува слава на тоа истото.
Пол Јоханес Тилих
Осаменоста можат да ја победат само оние што можат да поднесат самотија.
Пол Јоханес Тилих
Самотијата е потребна за фантазијата како што друштвото е корисно за карактерот.
Џејмс Расел Лоуел
Осаменоста ми е најмалку драга ствар во животот. Ствар која најмногу ме плаши е да останам сама без кој да се грижи за мене или јас да се грижам за него.
Ен Хатавеј
Оној што не може да живее во општество или нема потреба да живее зашто е доволен на самиот себе, мора да биде или ѕвер или бог.
Аристотел
Осаменоста е сиромаштија на внатрешноста; самотијата е богатство на внатрешноста.
Меј Сартон
Негативните емоции како осаменоста, завидливоста и вината, имаат важна улога во среќниот живот зашто се големи знаци дека нешто мора да се менува.
Гретчен Рубин
Моли се твојата осаменост да те насочи во пронаоѓање на нешто за што вреди да се живее или да се умре.
Даг Хамаршелд
Мислам дека не постои ниедна возбуда која може да помине низ човечкото срце како она што го чувствува изумителот гледајќи некоја креација на мозокот како се манифестира во успех…Таквите емоции прават човекот да ги заборави храната, сонот, пријателите, љубовта, сè.
Никола Тесла
Моите врсници во последно вртеме пронашле друштво низ опијанување-тоа ги прави друштвени. Меѓутоа, јас не можам да се принудам да користам дроги за да ја измамам својата осаменост-таа е сè што имам-а кога дрогата и алкохолот ќе испарат, таа ќе биде и сè што имаат тие исто така.
Франц Кафка
Морам да бидам многу сам. Што било што успеав да направам, само е резултат на самотијата. Стравот да се врзам, да се преточам. Потоа веќе никогаш не сум сам.
Франц Кафка
Самоизразувањето е невозможно во однос на други луѓе зашто нивната самоекспресија се меша. Најголемите височини на самоекспресијата во поезијата, музиката, сликањето-се постигнуваат кога човек е најмногу сам.
Колин Вилсон
Најлоша осаменост е да не се биде задоволен со себеси.
Марк Твен
Не можеш да бидеш осамен ако го сакаш лицето со кое си сам.
Вејн Болтер Даер
Во суштината на осаменоста се наоѓа длабок и моќен копнеж по единство со својот изгубен идентитет:
Брендан Френсис Ејдан Бехан
Човечкото суштество може да издржи една недела без вода, две недели без храна, многу години бездомништво, но не и осаменост. То а е најлоша од сите тортури, најлоша од сите патила.
Пауло Коелјо
Осамените стануваат или внимателни или празни.
Мејсон Кули
Човековата осаменост е само негов страв од животот.
Јуџин Гледстон О`Нил
Ниеден човек не би требало да мине низ животот без да искуси здрава, дури и здодевна самотија во дивина, зависејќи само од себеси и учејќи ја својата вистинска и сокриена сила.
Џек Керуак
Самотијата ни го покажува она што би требало да биде; општеството ни го покажува она што сме.
Роберт Сесил
Која осаменост е поосамена од недовербата?
Џорџ Елиот
Не сакам да бидам осамена, сакам да ме остават на мира.
Одри Хепберн
Осаменоста не доаѓа кога нема луѓе околу тебе, туку кога не можеш да комуницираш работи кои тебе ти се важни или кога мораш да криеш ставови зашто други ги сметаат за недопустливи.
Карл Густав Јунг
Ако се спријателиш со себеси, никогаш нема да бидеш сам.
Максвел Малц
Зашто непријателите не го осудуваат човекот на осаменост, туку пријателите.
Милан Кундера
И вие сте осамени меѓу луѓето.
Антоан д Сент-Егзипери
Живееме како што сонуваме-сами.
Џозеф Конрад
Кога ќе погледнете наназад, можете да видите колку живот сме изгубиле сами. На сите им се потребни пријатели.
Винсент Ван Гог
Опцијата да се спријателиш со себе е совршена, а всушност единствена, не чувстувувајќи се мегасамотиран во животот.
Катарѕина (Касија) Носовска
Во срцето на пустината или меѓу куп, која е разликата? Човекот во суштина е осамен насекаде.
Агата Кристи
Сите би требало да имаат некој на кого искрено би му се обраќал, зашто без оглед колку да сте храбри понекогаш се чувствувате мошне осамен.
Ернест Хемингвеј
Осаменоста е така страшен страв.
Ризард Хенрик Ридел
Но нема да кажам што е најважно,
ќе размислувам само за тоа
додека не бидам празен внатре,
додека не бидам воспалено грло.
Малгорѕата Халбер
Самотијата е раскош на богатите.
Албер Ками
Самотијата ја разоткрива загубата на љубовта, таа е нешто што го загрозува нашиот најинтимен услов на живеење.
Јозеф Рацингер –Папа Бенедикт Шеснаесетти
Јаките страсти се создаваат во самотија. Во превработен свет ниедно нешто нема време да остави длабок впечаток.
Хенри Хоум
Мојата самотија ми стана удобна, беше најсигурно место што го познавав.
Барак Обама
Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа што не постои ништо по што копнееме.
Мари-Хенри Бејл Стендал
Ако сте осамени кога сте сами, во лошто друштво сте.
Жан Пол Сартр
Кога изолацијата гадно ќе ве притисне, ќе ја почувствувате како кон вас да се тркала камена стена на неизвесното.
Пол Сезан
Ако сите те остават и те истераат сосила, па да останеш сам, падни на земја и љуби ја, натопи ја со своите солзи. И земјата ќе донесе плод од твоите солзи, иако никој не те видел ни чул во твојата самотија.
Фјодор Михајлович Достоевски
Јакиот човек е најјак кога е сам.
Фридрих Шилер
Мислам дека е мошне важно понекогаш да се мине време сам. Треба да се знае како да се биде сам и да се научи на независност од други луѓе.
Оскар Фингал Вајлд
Празнината е семожна зашто содржи сè.
Лао Це
Самотијата оживува, изолацијата убива.
Жозеф Ру